Како да постапите доколку вашата WordPress страна е заразена со вирус?
- By zemimk
- In Инфо
- With No Comments
- On 1 Авг | '2019
WordPress е бесплатен систем за управување содржини (CMS) кој е open source и е заснован на PHP и MySQL. Како најпопуларна платформа за изработка на Веб страни таа подлежи под голем бој на напади од страна на хакери со цел да ги искористат вашите серверски ресурси за сопствени цели. Повеќето од компромитираните страници со WordPress се користат за испраќање на спам-пораки или за хостирање на содржини за фишинг, правејќи го црниот список на сервери на глобално ниво. Застарените верзии на WordPress се почесто се компромитираат заради познатите слабости / грешки. Ажурирањата на WordPress-от се клучни за безбедноста и стабилноста на страната. Треба да се осигурате дека јадрото, плагините и темата на WordPress-от кој го користите редовно се ажурирани и не се пиратски (Најчеста причина за појава на проблеми поврзани со вируси на WordPress е употребата на кракувани/нулирани теми и плагини). Првиот чекор во заштитата на WordPress е да се ажурира до најновата објавена верзија, редовно да се врши промена на лозинките за најава како и плагините и темите кои не ги користите да бидат избришани.
За да избеднете хакирања и измама со е-пошта, спамирање и вируси следете ги следните правила:
– Надградете ја вашата WordPress (CMS) верзија, теми и плагини до најновата верзија за да ги обезбедите веб-страниците од познати слабости.
– Поставете силна лозинка за административн пристап на веб-страница, сметка за е-пошта и редовно менувајте ја лозинката.
– Не чувајте непотребни датотеки на хостингот.
– Избегнувајте да имате директориум / датотеки со дозвола 0777.
– Скенирајте го вашиот локален компјутер со добар антивирус.
– Во случај на вируси веднаш сменете ја лозинката за е-пошта.
– Не ја зачувувајте лозинката во кој било клиент за пошта или прелистувач.
– Скенирајте ја локалната машина (конфигуриран систем за е-пошта) за какви било малициозен софтвер или вирус.
– Продолжете со ажурирање на оперативниот систем и антивирусната програма со најновите верзии.
– Да смените лозинка за cPanel, FTP, сметка за е-пошта, итн.
– Користете FTP само во момент кога ви е потребен а потоа избришете ги креираните FTP сметки за пристап.
Доколку вашата страна биде хакирана пожелно е истата да биде целосно одстранета и рекреира од почеток со користење на најновата верзија на WordPress, валидна тема и плагини.
Доколку незнаете дали одреден плагин е добар или не прочитајте ги коментарите за истиот или побарајте коментари преку google.com.
Доколку серверот забележи присутство на вирус, хакирање или праќање на спам пораки може автоматски да го суспендира компромитираниот хостинг акаунт како превенција од понатамошни несакани дејствија.
Доколку вашиот хостинг е суспендиран поради вирус за негова повторна активација потребно е да ни пишете на info@zemi.mk.