Што е CloudLinux OS?
- By zemimk
- In Инфо
- With No Comments
- Tagged with cagefs cloudlinux веб хостинг заеднички земи.мк клауд линукс хостинг
- On 3 Дек | '2015
CloudLinux OS е оперативен систем креиран за потребите на компаниите кои нудат заеднички (shared) веб хостинг, развиен од CloudLinux Inc. CloudLinux е базиран на OpenVZ кернел и е компатибилен со CentOS/RHEL пакетите.
Приматната цел за која е креиран CloudLinux е да се подобри стабилноста и сигурноста на серверите и да се оптимизира и работата на „станарите“ кои закупиле простор на серверот со нивно изолирање, доделувајќи им засебни ресурси, оптимизирајќи ја работата со датабази и слично.
CloudLinux OS нуди модифициран кернел базиран на OpenVZ кернелот, додавајќи сет од оригинални и комплетно функционални можности. Главната придобивка од користењето на овој оперативен систем е Lightweight Virtual Environment (LVE), сепарирана околина со сопствен CPU, меморија, IO, број на процеси и други лимити.
Што е CageFS?
CageFS e виртуализиран засебен фајл систем кој посебно го изолира секој корисник, „станар“ на серверот и штити истите да се гледаат на серверот, да гледаат чувствителни информации за серверот и слично. CageFS исто така штити и од поголем број на хакерски напади, вклучувајќи ги повеќето напади со зголемување на привилегиите на некој од корисниците и напади при кои се откриваат информации за „станарите“ на серверот.
Погледнете ги CloudLinux OS пакетите на Zemi.mk на следниов линк.