Zemk.mk – Блог

Од денес па во наредниот период, Земи.мк ја почнува летната промоција со вистински изненадувања за своите клиенти.

Од денес, со секој купен Linux хостинг пакет, добивате и гратис .mk домен, чија вредност е 799 денари.

Освен за Worgen пакетот, кој вклучува бесплатен .mk домен и во стандардната понуда, пакетите Gnome и Tauren сега доаѓаат со бесплатна регистрација на .mk домен. Од следната година, домените во овие два пакета, купени во текот на летната промоција, ќе се обновуваат по цена од 549 денари за една година, или актуелната цена во тој момент. Бесплатниот домен со Worgen пакетот останува бесплатен засекогаш, се додека истиот се обновува.

Бесплатно ќе биде регистриран .mk доменот кој ќе биде наведен како примарен за новиот хостинг пакет. Доколку тој домен е веќе регистриран ќе бидете контактирани од Корисничката поддршка.

Покрај бесплатниот домен со секој Linux пакет, со секој купен .mk домен во текот на оваа промоција добивате и една бизнис мејл адреса (пример: vase.ime@ime-na-firma.mk) со простор од 500MB. Мејл адресата останува бесплатна и по завршувањето на летната промоција, се додека го обновувате доменот купен за време на истата.

Количините се ограничени.

Доколку имате било какви прашања слободно побатајте не на телефонскиот број за корисничка поддршка, или пишете ни на info@zemi.mk.

Ваш, Земи.мк.

Како да креирате мејл адреса преку сервисот на Земи.мк? arrow-right
Next post

arrow-left Black Friday акција 2019: 60% намалени цени за Linux хостинг пакети и историски најниска цена за регистрација на .mk домен
Previous post

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *