Zemk.mk – Блог

Што е MailChannel?

cloud-architecture

MailChannels Cloud Corporate Mail комплетно ги елиминира проблемите со IP Blacklisting што се поврзуваат со компромитирани мејл акаунти или спам. Системот базиран на Cloud технологија користи вештачка интелигенција за пронаоѓање на најсоодветен начин да се достави мејл пораката, ги следи активностите на корисникот и го лимитира спамирањето. Неговата ResponseAnalytics™ технологија ги разбира причините зошто пораките се одбиени од серверот на примачот што помага при идентификација на компромитирани акаунти и ја подобрува сигурноста при достава на мејл пораките.

Овие технологии допринесуваат автоматски да биде избегнато вбројувањето на IP адресата од која се испраќа мејлот во црните листи со пресортирање на излезниот сообраќај од мејл сандачето по ризични категории и ги доставува користејки илјадници различни и константно мониторирани IP адреси на MailChannels.

Максималниот број на пратени пораки по домен е 4800 дневно или 200 пораки по час по домен.

Повеќе информации за MailChannels можете да прочитате на следниот линк: http://www.mailchannels.com/

Што е CloudLinux OS? arrow-right
Next post

arrow-left Автоматска промена на именски опслужувачи (Nameservers)
Previous post

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *