Како да регистрирам домен?
- By zemimk
- In Инфо
- With No Comments
- Tagged with .mk domen .мк домен електронска наплата инстант активација регистрирај фактура
- On 5 Дек | '2015
Регистрацијата на домени во Zemi.mk се врши во само три едноставни чекори.
Најпрвин најавете се на системот. Доколку немате креирано кориснички налог истиот можете да го направите преку формата за регистрација која се наоѓа овде.
Откако ќе се најавите од менито „Домени“ изберете го подменито „Пребарување“. Овде можете да проверите дали саканиот домен е слободен и достапен за регистрација.
Доколу доменот е слободен ќе пристапите кон страницата на која може да го изберете саканиот домен за регистрација од повеќе понудени можности. Со кликање на копчето „Додади во кошничка и продолжи кон сетирање“ ќе преминете на страницата за подесување на контактите за доменот и именските опслжувачи. Покрај тоа на истата страница можете да изберете и начин на плаќање, помеѓу плати „На фактура“ или „Со платежна картичка“.
Доколку се одлучите да платите на фактура ќе ви биде генерирана профактура, која, ќе ви биде достапна за превземање, а истата ќе ви биде доставена и на мејл адресата со која што се регистриравте на Zemi.mk. Доменот ќе биде регистриран откако ќе се утврди уредна наплата за услугата.
Доколку изберете да платите електронски, со платежна картичка, доменот ќе биде инстантно регистриран и достапен за користење и управување веднаш.
Со кликање на копчето „Продолжи понатаму“ доколку ја избравте опцијата за плаќање на фактура ќе ви биде потврдена нарачката, а профактурата испратена на мејл адресата.
Во спротивно ќе бидете префрлени во кошничката од каде можете да преминете кон плаќање со платежна картичка.
Zemi.mk НЕ чува податоци од вашата платежна картичка. Целиот процес за наплата се одвива преку системот на Уни Банка со која имаме склучено договор за соработка и е задолжена за процесирање на електронското плаќање.