Zemi.mk ги надградува стандардните споделени хостинг пакети со нови TURBO варијанти, создадени за корисници кои имаат потреба од значително повеќе ресурси, стабилност и брзина. Со ова проширување, трите најкористени пакети Solo, Business и Premium – стануваат уште посилни, без да ја загубат нивната едноставност и пристапност.
Што носат TURBO пакетите?
Turbo верзиите на пакетите вклучуваат значително поголеми лимити и перформанси:
-
4 CPU (400% compute power)
-
5 GB RAM
-
200 истовремени процеси
-
4095 IOPS
-
200 MB/s дисков throughput (I/O)
-
Оптимизиран LVE профил
-
Значително побрзо учитување и подобра стабилност
Ова ги прави Turbo пакетите одличен избор за веб проекти во подем, онлајн продавници, WordPress страници со многу додатоци, информативни портали и сите корисници што сакаат да имаат брзина како на VPS, но да останат на „shared“ околина.
Подарок .mk домен во сите пакети
Секој хостинг пакет, вклучително и Turbo верзиите, содржи подарок .mk домен во првата година.
Регистрација: https://zemi.mk/domains/search
Како лиценциран MARnet регистратор, Zemi.mk обезбедува брза и едноставна регистрација, без дополнителни процедури, во целосна согласност со новиот Правилник на МАРнет, како и Законот за електронски документи електронска идентификација и доверливи услуги.
Зошто ги воведуваме TURBO пакетите?
Целта е да им овозможиме на корисниците повеќе слобода и повеќе моќ без миграција кон поскапи платформи. Многу македонски бизниси имаат сезонски или кампањски пикови во посетеност. Turbo ресурсите обезбедуваат стабилност токму во тие моменти.
Повисоките лимити овозможуваат:
-
побрзо вчитување на страницата
-
подобро искористување на кеширање
-
повеќе паралелни активни посетители
-
подобра изведба на WooCommerce и CRM апликации
-
минимизирање на шансите за „Resource Limit Reached“
Достапност
Новите Turbo пакети се достапни тука:
https://zemi.mk/hosting








