Zemk.mk – Блог

Posts in the makedonski hositng category

Добредојдовте во уште еден туторијал за тоа Како да промените WordPress тема преку „myphpadmin“ брзо и лесно.

Пред да започнеме со промена на тема најпрво треба да ја најдеме локацијата каде вашата WordPress страница е инсталирана. Доколку сеуште немате инсталирано WordPress тоа можете да го направите брзо и едноставно со следење на упатството од следниот линк.

Промена на WordPress тема преку „myphpadmin“ е толку едноставно што целата процедура е во два чекори.

Чекор 1 – Oтворете „File Manager“

Отворето го фајл менаџерот „File Manager“ од вашиот Zemi.mk cPanel контролен панел.

myphpadmin-step-1

Првото нешто што треба да направите е да го пронајдете името на вашата база на податоци од WordPress страницата за која сакате да промените тема. За да го направите ова, одете до „File Manager-от“, отворете ја датотека wp-config.php во вашиот директориум public_html. Најдете го најдете името на базата што вашата веб страница ја користи со брање на редот со код каде има напишано DB_NAME:

myphpadmin-step-2

Додека сме во „File Manager-от“ следно ќе ја отвориме локацијата на директориумите каде се поставуваат фајловите од темите кој се достапни на вашата WordPress инсталација. За да го направиме ова потребно е да влеземе во директориумот со следната патека /wp-content/themes. Овде ќе ги најдете сите достапни теми кои можат да бидат активирани на вашата WordPress страница. Ќе претпоставиме дека сакаме да ја активираме темата „newsport“.

myphpadmin-step-3

 

Чекор 2 – Oтворете „myphpadmin“

Следен чекор што треба да направите е преку cPanel контролниот панел на Zemi.mk, најдете ја алатката „myphpadmin“ и отворете ја.

myphpadmin-step-4

Откако ќе влезете во „myphpadmin“ од лева страна ќе ви бидат излистани сите бази на податоци кои ги имате креирано преку вашиот хостинг. Со инсталација на WordPress автоматски се креира базата потребна за работа. Ја наоѓате базата со исто име од DB_NAME од чекор еден и кликате на знакот „+“. Со кликање на плусот ќе се отворат сите табели креирани во таа база, ја наогате табелата „wp_options“ и ја избирате истата со кликање на неа. Потоа низ колоните ги барате „template“ и „stylesheet“ редовите за кои ќе имате вредност иста со името на моментално активната тема:

myphpadmin-step-5

Тоа што треба следно да се направи е да кликнете два пати на името на темата кое во моментов е внесено во табелата и да го заменет со името на темата која сакате сега да ја активате. Во случајов „newsport“.

myphpadmin-step-6

За зачувување само кликнете надвор од текстуалното поле.

Честитки, сега вашата WordPress тема е променета.

Доколку сакате да знаете како да активирате нова тема преку самата WordPress платформа проследете го упатството на следниот линк.

Овој туторијал ќе Ви помогне при инсталацијата и активирање на WordPress тема. Инсталацијата на темата може да биде на два начини и тоа: со избор од каталогот на теми преку самиот WordPress или, со прикачување на тема која ја имате купено од трета страна. За избор на платени премиум теми советуваме да разгледате на ThemeForest или TemplateMonster.

Најпрво ќе го објасниме процесот за инсталација на тема од каталогот на теми на WordPress.

Чекор 1

По успешна најава на администраторскиот дел од WordPress од менито од лева страна избирате Appearance->Themes или доколку е на македонски јазик Изглед->Теми.

wordpress-tema-chekor-1

Чекор 2

Ова ќе ве однесе во делот „Appearance“ или на македонски „Изглед“ на WordPress каде се листаат моментално инсталираните теми на вашиот WordPress. За да додадете нова тема избирате „Add New“. Ова копче најчесто е најдолу.

wordpress-tema-dodadi-tema-chekor-2

 

Чекор 3

Овде можете да пребарувате тема со користење на „Feature filter“ напредниот филтер и за крај избирате „Apply Filters“. Следно ќе ви се излистаат темите филтрирани според избраните карактеристики во филтерот претходно. Откако ќе ја изберете темата која ви се допаѓа кликате „Install“.

wordpress-tema-dodadi-tema-chekor-4

 

Чекор 4

Инсталацијата на темата може да потрае зависно од тоа колку е истата голема. Откако темата ќе се инсталира потребно е да ја активирате со кликање на копчето „Activate“.

wordpress-tema-dodadi-tema-chekor-5

Сега темата е активна и можете да продолжите со нејзино користење.

 

Што да направите доколку веќе имате купено тема и сакате истата да ја прикачите и активирате на вашата WordPress страна?

Доколку веќе сте купиле тема и истата ја имате на вашиот локален компјутер потребно е да ја прикачите и активирате. Првиоте два чекори се исти како претходно поради што нема да ги повторуваме.

Чекор 3

На овој чекор потребно е да ја прикачиме темата од локален компјутер. Темата треба да биде во компресиран фајл (.zip). За тоа да го направиме потребно е да кликнеме на копчето „Upload Theme“, го одбираме .zip фајлот до темата и го прикачуваме.

wordpress-upload-tema-dodadi-tema-chekor-1

Во процесот на прикачување на темата задолжително чувајте го прозорецот од вашиот пребарувач отворен, во спротивно прикачувањето нема да биде успешно. Откако темата ќе се прикачи целосно истата ја активираме исто како и на Чекор 4 од претходно.

Забелешка:

При процесот на прикачување на темата многу често може да се случи грешка поради надминат максимален лимит за прикачување (Upload Max Filesize). За да го зголемите максимално дозволениот лимит за прикачување на фајл прочитајте го упатството од следниот линк.