Zemk.mk – Блог

Во моментот на пишување на оваа објава, а најверојатно и во годините кои доаѓаат WordPress останува на врвот на најкористени платформи за изработка на Веб страници. Епитетот „крал“ на Веб просторот не го добил бадијала. Долга е листата придобивки кои доаѓаат со користењето на овој CMS (Content management system). Еве дел од нив.

 

  • WordPress е бесплатен

WordPress е бесплатен софтвер. Тоа значи дека можете слободно да го преземате, инсталирате, користите и менувате за да одговара на вашите потреби. Можете да го користите за да креирате секаков вид веб страници.

Додека самиот софтвер на WordPress е бесплатен, ви треба домен и веб хостинг за да го инсталирате. За таа намена погледнете ги нашите основни хостинг пакети кои се оптимизирани за WordPress.

Домен е адресата на вашата веб страница на интернет, она што вашите корисници го пишуваат во лентата за адреси на нивниот прелистувач за да пристапат до вашата веб-страница (на пример, zemi.mk).

Веб хостингот е пак простор на сервер кој е достапен 24/7, каде што се чуваат сите фајлови и бази на вашата веб-страница.

 

  • WordPress е лесен за користење

И покрај тоа што е најфлексибилна и најмоќна платформа, WordPress е прилично лесен за користење за почетници.

Доаѓа со едноставна контролна табла со различни опции наведени во страничната лента. Можете лесно да креирате објави и страници, да го менувате изгледот на вашата веб страница, да додавате менија за навигација и многу повеќе.

 

  • WordPress може целосно да се прилагоди на вашите потреби

Најголем дел од корисниците на WordPress не се ниту веб дизајнери, ниту програмери. Всушност, повеќето почнуваат да користат WordPress без никаква претходна техничка подготовка.

WordPress е совршено решение за новајлии бидејќи има илјадници бесплатни теми (готови дизајни за вашата веб страница) од кои можете да изберете. Постои совршена тема на WordPress за речиси секој вид веб страница (без разлика дали е блог, корпоративна страница или продавница).

Темите на WordPress се лесни за приспособување бидејќи многу од нив доаѓаат со сопствен панел со опции што ви овозможуваат да ги менувате боите, да го прикачите вашето лого, да ја менувате позадината, да создавате прекрасни слајдери и вистински да го приспособите на вашите потреби, без воопшто да пишувате код.

 

  • WordPress е безбеден за користење

WordPress е сериозно развиван во поглед на зачувување на безбедноста на вашата веб страница.

Сепак, постојат голем број на плагини кои дополнително можат да ја зголемат безбедноста на страниците изработени во WordPress, како што се WordFence, Securi и други.

Зад WordPress стои силна заедница од илјадници корисници, програмери и мали бизниси. Како заедница, сите тие гарантираат дека WordPress е тука да остане на долги патеки.

Најдобри бесплатни теми за WordPress arrow-right
Next post

arrow-left Анализа на пазарот со .mk домени за 2021
Previous post

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *