10 години Zemi.mk – 50% попуст и бесплатен .MK домен!
- By zemimk
- In Промо
- With No Comments
- On 3 Авг | '2025
По повод 10 години постоење, Zemi.mk ја одбележува својата годишнина со специјална промоција од 50% попуст на сите споделени Линукс хостинг пакети, со бесплатна регистрација на .mk домен.
Акцијата трае до 31.08.2025 – искористете ја навреме!
Зошто да ја искористите оваа јубилејна понуда?
Високи перформанси и стабилност:
Нашата cloud инфраструктура обезбедува брз и сигурен хостинг, со минимален downtime и максимална функционалност.
Напредни функции:
PHP верзии по избор, неограничен број на бази на податоци, FTP, автоматски бекап, e-mail хостирање и многу повеќе, сè што ви треба за успешна веб страница.
Поддршка на македонски, 24/7:
Нашиот тим е тука да ви помогне, брзо, професионално и без одложување, секогаш кога ќе ви затреба.
Како да ја активирате акцијата?
Посетете ја нашата веб-страница, изберете го вашиот хостинг пакет и следете ги инструкциите при наплата. Попустот автоматски ќе се пресмета, а .mk доменот ќе биде вклучен без дополнителен надомест.
Правила за користење на акцијата „10 години Zemi.mk“:
– Акцијата важи од 04.08.2025 до 31.08.2025 (23:59 часот).
– Понудата важи само за нови корисници и достапна е исклучиво за домени кои претходно не биле хостирани во Zemi.mk.
– Пакетите ќе бидат активирани по верификација на подобност од страна на нашиот тим.
– Доколку се утврди злоупотреба (на пример, постоечки корисници што повторно купуваат под друго име), пакетот ќе биде суспендиран, а средствата рефундирани.
– Истите правила важат и за последователно додавање на домени кои веќе биле хостирани – таквиот пакет ќе биде суспендиран без право на поврат.
Не пропуштајте – ова не е само попуст, ова е 10 години доверба преточена во акција.