Zemk.mk – Блог

Posts in the Инфо category

Отсега, одатоците за активните .mk домени се заштитени од јавен приказ во WHOIS системот на МАРнет, а оваа промена важи бесплатно за сите активни домени.

Конкретно, повеќе не се јавно достапни чувствителните податоци за регистрантот и контактите, како што се:

– телефонски број
– улица, број и поштенски код

Останатите информации, како име и презиме или име на компанија и е-маил адресата (во заштитен формат, со цел да се намали злоупотребата и автоматското собирање на податоци), остануваат видливи.
Ова претставува позитивен исчекор за .mk екосистемот и за сите негови учесници, МАРнет, регистраторите, регистрантите и целата домашна онлајн заедница. Поголемата приватност значи подобра заштита на корисниците и посовремен пристап кон управувањето со домените.

Во Zemi.mk ја поздравуваме оваа промена и продолжуваме да работиме во интерес на нашите корисници и на развојот на .mk интернет просторот.

DNS зоната е местото каде се запишани сите DNS записи за вашиот домен и преку неа се одредува каде ќе води доменот, каде ќе работи е-поштата и како ќе бидат поврзани другите услуги со него.

Во Земи.мк, начинот на кој ќе ја менувате DNS зоната зависи од тоа каде водат именските опслужувачи на доменот.

Доколку имате само домен и не користите хостинг пакет, со правилно поставување на именски опслужувачи, DNS записите можете да ги менувате преку вашиот кориснички профил. Ако именските опслужувачи на доменот се поставени кон хостинг пакетот што го користите, тогаш DNS промените се прават преку cPanel-от.

Овој водич ќе ви помогне лесно да препознаете кој начин е правилен за вас и како чекор по чекор да ја направите промената.

Кога DNS записите се менуваат преку кориснички профил?

Промената преку кориснички профил е соодветна кога имате домен и сакате DNS зоната да ја управувате директно од кирисничкиот панел на Земи.мк.

Ова е особено корисно кога корисникот на доменот не користи хостинг пакет, или кога корисникот има други надворешни сервиси за креирање на веб страница како Shopify, Loveble и сл.

Во таков случај, доколку се постават именските опслужувачи што се прикажани во панелот за DNS зона, односно n30.zemi.mk и n31.zemi.mk, можете да ја активирате DNS зоната и потоа да ги менувате DNS записите директно преку корисничкиот профил.

Кога DNS записите се менуваат преку cPanel?

Ако доменот користи исти именски опслужувачи кои водат кон хостинг пакетот што го имате, тогаш DNS зоната вообичаено се менува преку cPanel.

Ова значи дека доменот е поврзан со хостинг околината, па затоа управувањето со DNS записите се врши од самиот хостинг панел. Најчесто таму ќе ги менувате записите како A, CNAME, MX или TXT, особено ако доменот веќе има активна веб-страница или е-пошта на истиот хостинг.

Наједноставно кажано, ако DNS-от го управувате како самостоен домен, работите преку кориснички профил, а ако доменот е врзан со хостинг пакет и ги користи именски опслужувачи кои водат кон истиот, работите преку cPanel.

Како да ја измените DNS зоната преку кориснички профил на Земи.мк

Постапката е едноставна и се прави директно од вашиот кориснички профил.

Најпрво најавете се на вашиот профил на Земи.мк. Откако ќе се вчитa работната табла, од левото мени изберете Домени. Таму ќе ви се прикажат сите домени што ги имате на профилот.

Од листата кликнете на Детали за доменот за кој сакате да направите промени. Со тоа ќе се отвори страната со информации за избраниот домен, каде ќе ги видите основните податоци, именските опслужувачи и другите достапни опции за управување.

Потоа изберете Измени DNS зона.

Ако DNS зоната сè уште не е активирана, системот ќе ви прикаже информација дека за да ја користите DNS зоната, треба да ги поставите соодветните именски опслужувачи. Во овој дел ќе видите и кои именски опслужувачи треба да се користат, односно n30.zemi.mk и n31.zemi.mk.

Именските опслужувачи за доменот можете да ги измените во управувачкото мени за доменот одосно во Детали за доменот во делот на Именските осплужувачи изберете Измени


Откако ќе бидете на оваа страница, кликнете на Активирај DNS.

Тука е многу важно да се внимава на следново:
кога ќе започне активирањето, потребно е да се почека процесот целосно да заврши. Не ја рефреширајте страницата и не ја затворајте додека трае активирањето.

По успешно активирање, DNS зоната ќе стане достапна за уредување и ќе можете да ги гледате и менувате постоечките DNS записи.

Во табелата ќе ви се прикажат записите за доменот, а до секој запис ќе имате опција за измена. Кога ќе кликнете на уредување, се отвора форма во која најчесто ќе ги видите полињата:

Name – името на записот, односно доменот или поддоменот на кој се однесува записот
TTL – времето за освежување на записот
Type – типот на DNS записот
Address / Data – вредноста што сакате да ја внесете

Откако ќе ја направите потребната промена, зачувајте ги измените.

На овој начин можете да уредувате различни DNS записи, зависно од тоа што сакате да постигнете. На пример, ако сакате доменот да води до одредена IP адреса, најчесто ќе менувате A запис. Ако сакате поддомен да покажува кон друг домен, обично ќе користите CNAME. Ако подесувате е-пошта или верификација за некоја услуга, можно е да треба да додадете MX или TXT запис.

Како да ја измените DNS зоната преку cPanel

Доколку доменот користи исти именски опслужувачи како хостинг пакетот што го имате, тогаш DNS записите се менуваат преку cPanel.

За почеток, најавете се во cPanel на вашиот хостинг пакет. Во cPanel побарајте ја алатката за DNS менаџирање која е означена како Zone Editor.
Откако ќе ја отворите алатката, ќе ви се прикаже листа на домени што се поврзани со вашиот хостинг пакет. Изберете го доменот за кој сакате да правите промени.

Потоа можете да додадете нов запис или да измените постоечки. Во зависност од потребата, ќе изберете тип на запис, ќе го внесете името, вредноста и останатите потребни полиња, па ќе ги зачувате промените.

Секогаш прво проверете дали доменот навистина користи исти именски опслужувачи како хостинг пакетот. Тоа е најважниот чекор, затоа што од него зависи дали промената треба да се направи во корисничкиот профил или во cPanel.

Што е важно да знаете пред да направите DNS промена

DNS промените не секогаш се применуваат веднаш. Иако понекогаш измената може да стане видлива за кратко време, во одредени случаи потребно е повеќе време за целосно освежување.

Причината за тоа е што DNS записите се кешираат и се обновуваат според вредноста на TTL, како и според мрежите и провајдерите преку кои се прави проверката. Затоа е нормално кај некои корисници промената да се појави побрзо, а кај други подоцна.

Поради тоа, откако ќе направите промена, добро е да почекате извесен период пред да заклучите дека нешто не функционира. Особено ако менувате записи поврзани со веб-страница, е-пошта или верификациски сервиси.

Како да знаете кој начин е правилен за вас

Ако имате само домен и сакате директно од профилот да управувате со DNS зоната, активирајте ја DNS зоната во корисничкиот профил и користете ги именските опслужувачи што се наведени.

Ако доменот е веќе поврзан со хостинг пакет и ги користи истите именски опслужувачи како хостингот, тогаш DNS записите менувајте ги преку cPanel.

Кога ова ќе го разберете, целиот процес станува многу поедноставен и избегнувате да правите промени на погрешно место.

Промената на DNS зона не мора да биде комплицирана, ако однапред знаете каде треба да ја направите.

Доколку не сте сигурни кој DNS запис треба да го внесете или каде точно треба да ја направите промената, контактирајте ја поддршката на Земи.мк за насока пред да продолжите.

Новата година започнува со најголемата акција што Zemi.mk ја има понудено досега!

Ако планираш нов веб-сајт, онлајн продавница или професионално дигитално присуство во 2026 – ова е моментот што не се пропушта.

🎁 80% попуст на сите хостинг пакети

За ограничен период, сите наши хостинг пакети се достапни со 80% новогодишен попуст, без компромиси во квалитетот, брзината или поддршката.

Бесплатна регистрација на .mk домен

Со секој хостинг пакет добиваш бесплатна регистрација на .mk домен, совршено решение за:

  • македонски бизниси

  • стартапи

  • брендови што сакаат локална доверба и препознатливост

За првпат, бесплатна регистрација и на .com домен

За првпат досега, покрај .mk, нудиме и можност за бесплатна регистрација на .com домен со хостинг пакет!
Идеално ако:

  • таргетираш интернационална публика

  • сакаш глобален бренд

  • планираш раст надвор од Македонија

Што добиваш со Zemi.mk хостинг?

  • Брз и стабилен хостинг оптимизиран за WordPress

  • Автоматски дневни бекапи (JetBackup)

  • cPanel, WordPress Toolkit и Sitejet

  • Висока безбедност и сигурност

  • Локална техничка поддршка на македонски јазик

🎁 Сè што ти треба за старт или надградба – на едно место.

Времетраење на новогодишната акција

📅 Од 22.12.2025 (понеделник)
📅 До 11.01.2026 (недела) – 23:59 часот

Акцијата е временски ограничена и важи до истекот на рокот или до исцрпување на капацитетите.


Правила за користење на „Новогодишна акција 2025/2026“

1. Вметнување и времетраење

  • Акцијата „Новогодишна акција 2025/2026“ започнува на 22 декември 2025 и трае до 11 јануари 2026 во 23:59 часот.

  • Zemi.mk го задржува правото да ја прекине акцијата предвреме доколку се пополнат предвидените капацитети за оваа промоција.

2. Подобност и дефиниција на „Нов корисник“

  • Акцијата е достапна исклучиво за нови корисници и за домени кои никогаш претходно не биле хостирани во Zemi.mk.

  • Под „нов корисник“ се подразбира физичко или правно лице кое нема претходна или активна претплатничка историја со Zemi.mk. За да се спречи злоупотреба, системот ќе врши верификација преку вкрстување на податоци (IP адреса, име, e-mail и телефонски број).

  • Доколку се утврди дека постоечки корисник отворил нов профил со цел да ја искористи промоцијата, неговиот пакет ќе биде суспендиран, а средствата рефундирани (со одбивање на трошоците за трансакција).

3. Рестрикции за домени и миграција

  • Забрана за внатрешна миграција: Промотивната цена не може да се користи за мигрирање на веб сајтови и содржини кои се веќе хостирани на серверите на Zemi.mk. Секој обид за префрлање на содржина од постоечки (активен или истечен) пакет на нов промотивен пакет ќе се смета за злоупотреба.

  • Доколку во иднина на промотивно купениот пакет се постави домен кој претходно бил хостиран во Zemi.mk, или се утврди технички обид за манипулација, пакетот ќе биде трајно суспендиран без можност за рефундирање.

4. Активација и верификација

  • Акцијата може да биде искористена само еднаш од еден корисник/субјект.

  • Сите нарачки ќе бидат рачно активирани по извршена проверка на подобноста. Zemi.mk го задржува правото да побара дополнителна идентификација или да одбие услуга доколку постои сомнеж за злоупотреба на промоцијата.

5. Обнова на услугите

  • Промотивниот попуст од 80% важи само за првиот циклус на плаќање (првата година). Сите наредни обнови на услугата ќе се вршат по редовната цена на чинење на избраниот хостинг пакет, важечка во моментот на обновата.

6. Завршни одредби

  • Овие правила се задолжителни и со самото купување на пакетот, корисникот потврдува дека ги прочитал и ги прифаќа во целост.

  • Zemi.mk го задржува правото на дискрециона одлука при толкување на обидите за злоупотреба со цел заштита на својата техничка инфраструктура и фер деловно опкружување.

reklama-1

Zemi.mk ги надградува стандардните споделени хостинг пакети со нови TURBO варијанти, создадени за корисници кои имаат потреба од значително повеќе ресурси, стабилност и брзина. Со ова проширување, трите најкористени пакети Solo, Business и Premium – стануваат уште посилни, без да ја загубат нивната едноставност и пристапност.

Што носат TURBO пакетите?

Turbo верзиите на пакетите вклучуваат значително поголеми лимити и перформанси:

  • 4 CPU (400% compute power)

  • 5 GB RAM

  • 200 истовремени процеси

  • 4095 IOPS

  • 200 MB/s дисков throughput (I/O)

  • Оптимизиран LVE профил

  • Значително побрзо учитување и подобра стабилност

Ова ги прави Turbo пакетите одличен избор за веб проекти во подем, онлајн продавници, WordPress страници со многу додатоци, информативни портали и сите корисници што сакаат да имаат брзина како на VPS, но да останат на „shared“ околина.

Подарок .mk домен во сите пакети

Секој хостинг пакет, вклучително и Turbo верзиите, содржи подарок .mk домен во првата година.
Регистрација: https://zemi.mk/domains/search

Како лиценциран MARnet регистратор, Zemi.mk обезбедува брза и едноставна регистрација, без дополнителни процедури, во целосна согласност со новиот Правилник на МАРнет, како и Законот за електронски документи електронска идентификација и доверливи услуги.

Зошто ги воведуваме TURBO пакетите?

Целта е да им овозможиме на корисниците повеќе слобода и повеќе моќ без миграција кон поскапи платформи. Многу македонски бизниси имаат сезонски или кампањски пикови во посетеност. Turbo ресурсите обезбедуваат стабилност токму во тие моменти.

Повисоките лимити овозможуваат:

  • побрзо вчитување на страницата

  • подобро искористување на кеширање

  • повеќе паралелни активни посетители

  • подобра изведба на WooCommerce и CRM апликации

  • минимизирање на шансите за „Resource Limit Reached“

Достапност

Новите Turbo пакети се достапни тука:
https://zemi.mk/hosting

Black Friday периодот и оваа година го носи најголемиот сезонски попуст во Zemi.mk, кој се однесува на регистрацијата на нови .mk домени. Во периодот од 17 ноември до 1 декември 2025 година, сите корисници ќе можат да регистрираат нов .mk домен по 50% намалена цена од 399 денари, со вклучен ДДВ.

Попустот се однесува исклучиво на регистрација на нови домени на една година, додека цената за нивно годишно обновување останува непроменета и изнесува 649 денари.

Оваа Black Friday промоција е особено погодна за бизниси и поединци кои планираат развој на нови проекти, креирање на веб страница или обезбедување на домен за својот бренд за идни потреби. Регистрацијата на .mk домен претставува важен чекор во градењето на онлајн присуство, а ограничениот период на намаление овозможува пристапна и економична инвестиција.

Промоцијата е активна до 1 декември 2025 година, по што регистрацијата повторно ќе се наплаќа по редовната цена. За сите заинтересирани, регистрацијата е достапна преку веб страницата на Zemi.mk.

Veb Cenovnik е бесплатен WordPress додаток развиен од Zemi.mk кој овозможува лесно и професионално управување со ценовници и производи на вашата веб-страница.

Решението е прилагодено на потребите на трговци и компании кои имаат обврска да објавуваат цени на транспарентен начин, согласно важечките регулативи.

Преземте го додатокот на следниот линкhttps://cloud.zemi.mk/s/yXdnjEL3kPwxp5m

Основни функционалности

  • Управување со повеќе ценовници / продажни објекти

  • CSV импорт на производи со мапирање на полиња

  • Автоматска страница “Цени” со табела

  • Пребарување, сортирање и категоризација


Поддржано на сите хостинг пакети на Zemi.mk

Veb Cenovnik е комплетно поддржан на сите веб хостинг пакети од Zemi.mk, без разлика дали користите Solo, Business или Premium Unlimited пакет. Без дополнителни конфигурации – само активирајте и почнете да работите.

Ако немате WordPress инсталација, погледнете го нашиот водич: https://zemi.mk/blog/kako-da-instaliram-wordpress/

Како да го инсталирате Veb Cenovnik

  1. Преземете го додатокот од: https://cloud.zemi.mk/s/yXdnjEL3kPwxp5m

  2. Логирајте се во вашиот WordPress административен панел

  3. Одете во Plugins → Add New → Upload Plugin

  4. Изберете го .zip фајлот и кликнете Install Now

  5. Активирајте го додатокот и пристапете до менито Ценовници

  6. Автоматски ќе се креира и страница „Цени“ со интегрирана табела

За кого е наменет?

  • Трговци на мало – физички продавници, маркети, бутици, технички продавници, аптеки, салони и слично.
  • Сопственици на мали и средни бизниси кои продаваат производи и се обврзани според правилникот да имаат јавно достапен ценовник на својата веб-страница.
  • И потенцијално и за големи трговци кои уште немаат решено ова технички или имаат повеќе продажни објекти и сакаат едноставно управување со продукти и ценовници.

Zemi.mk обезбедува редовни надградби и техничка поддршка за сите корисници. Доколку ви е потребна помош, обратете се преку мејл на [email protected].


Veb Cenovnik — Стандарден начин за јавно објавување цени на WordPress страници, развиен со фокус на корисност, сигурност и усогласеност со локалните прописи.

Развиено од Zemi.mk — Омилениот национален .mk домен регистрар и хостинг провајдер.

После 10 години, Земи.мк го модернизира своето портфолио на хостинг услуги, заменувајќи ги старите пакети Gnome, Tauren и Worgen со три нови, подобрени опции: Solo, Business и Premium Unlimited. Овие нови пакети нудат повеќе ресурси, подобра цена и ексклузивни поволности!

Што носат новите пакети?

Solo пакет – Идеален за индивидуални проекти

Ако барате солидно хостинг решение за вашата лична веб-страница, Solo е совршен избор. Со 2GB RAM (наместо 1GB кај Gnome) и цена од 1.799 денари за цела година, овој пакет ви нуди стабилност и сигурност.

Business пакет – Повеќе за вашиот бизнис

Business пакетот е создаден за оние кои бараат повеќе простор и ресурси за своите веб-страници. Со 25GB простор (наместо 20GB кај Tauren) и цена од 2.799 денари за цела година, овој пакет е идеален за мали и средни бизниси.

Premium Unlimited – Врвен хостинг без ограничувања

Ако ви треба максимална флексибилност, Premium Unlimited е вашето решение. Со неограничен простор и можност за хостирање на 10 домени по цена од 5.999 денари за цела година, овој пакет е совршен за компании, агенции и професионалци кои управуваат со повеќе проекти.

Ексклузивни поволности!

Сите нови хостинг пакети на Земи.мк доаѓаат со бесплатна регистрација на .mk домен и бесплатен SSL/TLS сертификат, засекогаш, за сите хостирани домени!

Специјален попуст за нови корисници

Цените погоре се со вклучен 20% попуст и важат само за нови корисници и домени кои никогаш не биле хостирани во мрежата на Земи.мк. По истекот на промотивниот период, пакетите се обновуваат по редовната цена.

Не пропуштајте ја оваа одлична можност! Изберете го вашиот нов хостинг пакет денес на zemi.mk и уживајте во најдобриот веб хостинг сервис во Македонија!

Како и зошто ги преместуваме старите хостинг пакети на новите

Во светот на веб-хостингот, континуираните подобрувања и адаптациите се неопходни за одржување на стабилноста, безбедноста и перформансите на услугите. Една од ваквите промени која моментално ја спроведуваме е автоматскиот премин на корисниците со постари хостинг пакети кон нови, подобрени варијанти. Оваа трансформација е дизајнирана да ги задоволи новите технолошки барања и да обезбеди најдобро можно искуство за нашите корисници.

Зошто е потребна оваа промена?

Главниот фактор што ја предизвика оваа промена е континуираниот пораст на оперативните трошоци, вклучително и оние за cPanel, кој претставува клучна компонента за управување со вашите хостинг услуги. Покрај тоа, зголемените трошоци за дата центрите, потребата за поголеми ресурси и подобрена безбедност се меѓу причините што ја поттикнаа оваа одлука.

Со оваа промена, корисниците добиваат повеќе простор за складирање, додека ценовните корекции се минимални и транспарентни.

Што добиваат корисниците?

Со автоматскиот премин кон новите пакети, корисниците не само што ќе ја задржат својата тековна услуга без прекин, туку ќе добијат и значителни подобрувања:

Gnome XL → Gnome Pro: Просторот се зголемува од 5GB на 10GB.

Tauren XL → Tauren Pro: Просторот се зголемува од 15GB на 20GB.

Worgen XL → Worgen Pro: Просторот и услугите остануваат стабилни и подобрени.

Во сите случаи, хостинг услугата останува со иста стабилност, сигурност и корисничка поддршка, а ценовното зголемување е минимално – само 42 денари месечно.

Дали е потребно нешто од страна на корисниците?

Не, преминот кон новите пакети ќе се изврши автоматски на 1-ви март, без никаква акција од ваша страна. Сите ваши податоци, веб-страници и е-пошта ќе останат недопрени и целосно функционални.

Важно е да се напомене дека промената се случува на 1-ви март, но вашите пакети ќе останат валидни до крајот на нивниот тековен период, а обновувањето ќе се случи дури кога ќе им истече важноста.

Развојот на технологијата и одржувањето на висококвалитетни услуги бараат адаптација. Оваа промена е чекор напред кон обезбедување подобри услови за вашите веб-сајтови и подобро корисничко искуство. Доколку имате било какви прашања, нашиот тим е секогаш подготвен да ви помогне!

Тимот на Zemi.mk!

Zemi.mk овозможува едноставен и брз процес за регистрација на .mk домени, без потреба од физички документи. Новитет во процесот е тоа што Барањето за регистрација на домен автоматски се генерира во PDF формат и се потпишува електронски преку мобилната апликација Evrotrust.


Регистрација на .mk домен

Чекор 1: Регистрација на Zemi.mk (ако веќе немате профил)
  • Посетете ја zemi.mk
  • Креирајте кориснички профил со вашите податоци.
    • Потребно е да се регистрирате со точни податоци.
Чекор 2: Избор и плаќање на домен
  • Изберете слободен домен со пребарување на слободни домени на следниот линк: https://zemi.mk/search.aspx
  • Извршете ја уплатата онлајн или на фактура. За начинот на плаќање ќе бидете запрашани при процесот на регистрирање на доменот.
  • По успешната уплата, системот автоматски генерира Барање за регистрација.
Чекор 3: Електронско потпишување со Evrotrust
  • Доколку сѐ уште не сте го сториле тоа, нсталирајте ја мобилната апликација Evrotrust (достапна на Google Play и App Store) и регистрирајте се бесплатно со вашите лични податоци.
  • Барањето кое треба да се потпише ќе се појави во „Домени“, во корисничкиот портал на Zemi.mk. Кликнете на „Потпиши документ за регистрација“ и внесете го телефонскиот број со кој сте регистрирани на Evrotrust во интернационален формат (пр. +38970…).
  • На вашиот телефон ќе пристигне известување од Evrotrust за потпишување на документот.
  • Отворете ја апликацијата и потпишете го барањето.

Evrotrust е акредитиран издавач на шема за електронска идентификација од страна на Министерството за информатичка терхнологија. Листата со акредитирани даватели на услуги можете да ја најдете на следниот линк: https://trusteid.mdt.gov.mk/registar_listi/.

Чекор 4: Потврда и регистрација
  • По електронското потпишување, системот на Zemi.mk автоматски добива потврда.
  • По кратка проверка од страна на Zemi.mk, вашиот .mk домен ќе биде регистриран.

Дополнителни информации за правни лица

  • За правни лица, покрај потпишувањето на Барањето од овластено лице на компанијата (чекор 3), потребно е и да се прикачат дополнителни документи (тековна состојба и други релевантни документи).
  • Верификацијата се врши преку порталот на Zemi.mk.

Доколку имате дополнителни прашања ви стоиме на располагање на 034/381-000 од 10 до 18 часот, и 24 часа преку тикет системот на Zemi.mk или на мејл [email protected].

Со цел да обезбедиме брз, едноставен и сигурен начин за регистрација на .mk домени, Zemi.mk овозможува електронско потпишување на Барање за регистрација на .mk домен преку мобилната апликација Evrotrust.

Овој процес овозможува целосно дигитализирана регистрација без потреба од физичко потпишување или испраќање на документи по пошта. Корисниците можат од било каде и во секое време да го потпишат своето барање и веднаш да го финализираат процесот на регистрација на домен.


За далечинско електронско потпишување, Zemi.mk користи два интегрирани сервиси:

Evrotrust – Акредитиран давател на доверливи услуги и квалификувани електронски потписи, управуван од Evrotrust Technologies AD, компанија регистрирана во Бугарија. Evrotrust е целосно усогласен со Регулативата (ЕУ) 910/2014 (eIDAS), што гарантира правна важност на електронските потписи во целата Европска Унија. Оваа платформа овозможува лесно идентификување и потпишување на документи преку мобилната апликација.

Evrotrust е акредитиран издавач на шема за електронска идентификација од страна на Министерството за информатичка терхнологија. Листата со акредитирани даватели на услуги можете да ја најдете на следниот линк: https://trusteid.mdt.gov.mk/registar_listi/.
eIDEasy – Сервис за автоматско генерирање и управување со електронски потписи, кој ја поврзува Evrotrust со нашата регистрациона платформа. Овој систем е развиен и одржуван од SignWise Services OÜ, компанија регистрирана во Естонија, и е целосно усогласен со Регулативата (ЕУ) 910/2014 (eIDAS), овозможувајќи сигурно и правно признато потпишување низ цела Европа.

Со оваа комбинација, целиот процес на регистрација е безбеден, усогласен со законските регулативи и исклучително едноставен за крајниот корисник.

Како да ја инсталирате и користите мобилната апликација на Evrotrust?

За да можете да го потпишете БЕСПЛАТНО вашето Барање за регистрација на .mk домен, потребно е да ја преземете и активирате апликацијата Evrotrust на вашиот мобилен уред.

Преземете ја апликацијата Evrotrust:
evrotrust-logo

 

Чекори за користење:

1. Преземете ја и инсталирајте ја апликацијата од App Store или Google Play.
2. Регистрирајте се со вашите лични податоци и завршете ја верификацијата според упатствата во апликацијата.
3. Приклучете го вашиот квалификуван електронски потпис, следејќи ги насоките за идентификација.
4. Кога ќе поднесете Барање за регистрација на домен преку Zemi.mk, ќе бидете запрашани да го внесете телефонскиот број со кој сте регистрирани на Evrotrust.
5. По внесување на бројот, на вашата Evrotrust апликација ќе добиете известување дека ви е достапен нов документ за потпишување.
6. Отворете ја апликацијата, потпишете го документот и системот на Evrotrust автоматски ќе нè извести дека Барањето е потпишано.
7. По проверка од наша страна, доколку утврдиме дека Барањето е уредно поднесено и потпишано, .mk доменот ќе биде регистриран.

Видео упатство за инсталација и користење на Evrotrust апликацијата.

Во целиот процес, Zemi.mk не обработува и чува копии од вашите документи за лична идентификација.

Полисата за приватност можете да ја најдете на следниот линк.