Zemk.mk – Блог

Posts in the Инфо category

Цената за обнова за .mk домени од 01.07.2022 ќе биде зголемена за 18%, на 649 денари, за една година.

Земи.мк продолжува да биде домен регистрар и Веб хостинг провајдер со најповолни цени и услови во однос на врвниот квалитет на услугите кои го уживаат илјадниците наши корисници, на што, како тим, сме особено горди.

Промената на цената по цели 7 години се должи на зголемените трошоци за испорака на услугите и, одржување и унапредување на квалитетот на истите.

Цената од 649 денари се однесува на обнова на .mk домени за една година. Цените за обнова на повеќе години наскоро ќе бидат објавени на следниот линк: https://zemi.mk/domain.aspx

Споделен или „shared” веб хостинг е услуга за хостирање на веб страници која овозможува поголем број на страници да го користат истиот сервер.

Можеби се прашувате зошто некој би го правел тоа? Одговорот е едноставен: помали трошоци.

Серверот може да биде домаќин на повеќе од една веб страница. Па така, со користење на серверските ресурси од различни корисници трошоците за одржување на серверот значително се намалуваат.

Пред да нурнеме во повеќе детали за споделеното веб хостирање, најпрвин да видиме како всушност функционираат серверите и хостингот.

Како работи еден веб хостинг сервер?

Наједноставно објаснето, секој пат кога ќе внесете URL во вашиот прелистувач, тој бара да го најде серверот на кој бараната веб страница е зачувана или „хостирана“. Откако прелистувачот ќе го лоцира серверот, испраќа HTTP барање до истиот, а како повратна информација добива податоци кои се прикажуваат во вид на веб страница.

Со споделениот веб хостинг, процесот опишан погоре е речиси идентичен. Единствената разлика е во тоа што еден сервер е одговорен за хостирање на податоците за повеќе веб страници.

Замислете го споделениот веб хостинг како воз со повеќе вагони. Вагоните се веб страниците, а самиот воз е серверот.

Иако сте на истиот воз, вашиот превоз се разликува од останатите патници. Она што е заедничко е што ја користите истата локомотива за да стигнете до вашата дестинација, но имате флексибилност и слобода за уникатно патување и искуство.

Споделеното веб хостирање е најекономичната опција меѓу сите решенија за веб хостинг, поради што го претпочитаат и најголем број од корисниците.

За кого е наменет споделениот веб хостинг?

Овој тип на хостинг е идеален за блогови, корпоративни веб страници, информативни веб страници, почетници во развој на веб страници, корисници на WordPress и онлајн продавници кои штотуку почнуваат да го градат своето онлајн присуство. Споделувањето на сервер значи дека вашата веб страница сè уште не е во фаза во која опслужува голем на посетители, не хостира видеа или има потреба од огромен месечен сообраќај.

Кои се придобивките од споделениот хостинг?

Заедничкото хостирање е едно од најпопуларните решенија во понудата на Земи.мк. Секако, за тоа постои и добра причина.

Ајде да видиме некои од придобивките што го прават споделениот веб хостинг омилен меѓу корисниците.

Економично решение.

Никој не сака да инвестира многу пари во градење на својата веб страница, блог или е-продавница. Споделениот вен хостинг ви овозможува да ја добиете хостинг услугата што ви треба за само дел од цената кога би хостирале на дедициран сервер, бидејќи другите корисници истотака придонесуваат за одржување на серверот.

 

Лесен за користење, без потреба од претходно искуство.

Хостирањето на веб страница кога немате претходно искуство може да звучи како тешка задача. Споделениот веб хостинг е креиран за да се поедностави и поставувањето и управувањето со податоците за вашата веб страница.

Откако ќе закупите некој од основните веб пакети од Земи.мк, добивате пристап до вашиот „cPanel“, веб-базиран комтролен панел, кој важи за еден од најинтуитивните и лесни за користење, преку кој ќе можете да управувате со речиси секој аспект од вашето онлајн присуство, од креирање и проверка на вашата деловна мејл адреса, до управување со вашиот .mk домен.

Во моментот на пишување на оваа објава, а најверојатно и во годините кои доаѓаат WordPress останува на врвот на најкористени платформи за изработка на Веб страници. Епитетот „крал“ на Веб просторот не го добил бадијала. Долга е листата придобивки кои доаѓаат со користењето на овој CMS (Content management system). Еве дел од нив.

 

  • WordPress е бесплатен

WordPress е бесплатен софтвер. Тоа значи дека можете слободно да го преземате, инсталирате, користите и менувате за да одговара на вашите потреби. Можете да го користите за да креирате секаков вид веб страници.

Додека самиот софтвер на WordPress е бесплатен, ви треба домен и веб хостинг за да го инсталирате. За таа намена погледнете ги нашите основни хостинг пакети кои се оптимизирани за WordPress.

Домен е адресата на вашата веб страница на интернет, она што вашите корисници го пишуваат во лентата за адреси на нивниот прелистувач за да пристапат до вашата веб-страница (на пример, zemi.mk).

Веб хостингот е пак простор на сервер кој е достапен 24/7, каде што се чуваат сите фајлови и бази на вашата веб-страница.

 

  • WordPress е лесен за користење

И покрај тоа што е најфлексибилна и најмоќна платформа, WordPress е прилично лесен за користење за почетници.

Доаѓа со едноставна контролна табла со различни опции наведени во страничната лента. Можете лесно да креирате објави и страници, да го менувате изгледот на вашата веб страница, да додавате менија за навигација и многу повеќе.

 

  • WordPress може целосно да се прилагоди на вашите потреби

Најголем дел од корисниците на WordPress не се ниту веб дизајнери, ниту програмери. Всушност, повеќето почнуваат да користат WordPress без никаква претходна техничка подготовка.

WordPress е совршено решение за новајлии бидејќи има илјадници бесплатни теми (готови дизајни за вашата веб страница) од кои можете да изберете. Постои совршена тема на WordPress за речиси секој вид веб страница (без разлика дали е блог, корпоративна страница или продавница).

Темите на WordPress се лесни за приспособување бидејќи многу од нив доаѓаат со сопствен панел со опции што ви овозможуваат да ги менувате боите, да го прикачите вашето лого, да ја менувате позадината, да создавате прекрасни слајдери и вистински да го приспособите на вашите потреби, без воопшто да пишувате код.

 

  • WordPress е безбеден за користење

WordPress е сериозно развиван во поглед на зачувување на безбедноста на вашата веб страница.

Сепак, постојат голем број на плагини кои дополнително можат да ја зголемат безбедноста на страниците изработени во WordPress, како што се WordFence, Securi и други.

Зад WordPress стои силна заедница од илјадници корисници, програмери и мали бизниси. Како заедница, сите тие гарантираат дека WordPress е тука да остане на долги патеки.

Земи.мк, годинава за првпат јавно ја објави Годишната анализа на пазарот со .мк домени за 2021 година.

Анализата покажа дека бројот на новорегистрирани домени во 2021 година изнесува 3.387, или 9.3 домени дневно.

Најчесто користен збор во македонските .mk домени е зборот „hotel“, по кој следуваат „park“, „grad“, „plus“, „sistem“… Најдолгиот .mk домен има 39 карактери, а во просек еден .mk домен е долг 12.5 карактери. Просечната старост на еден .mk domen 5.6 години, а најстариот има 18 години и 8 месеци.

Во однос на демографијата, 62.2% од сите .mk домени се регистрираат од Скопје, додека останатите 37.8% од внатрешноста. Во топ 5 градови од каде се регистрираат најмногу .мк домени покрај Скопје се наоѓаат Охрид, Битола, Тетово и Струмица. Кога е половата структура во прашање, овде постои значителна нерамномерност, па така дури 71.2% од регистрантите на .mk домени се мажи.

Повеќе детали од анализата можете да погледнете на инфографикот подолу.

zemimk-analiza-2021-infografik

Купон за попуст е кратка „лозинка“ со чие активирање при купување на услуги од Земи.мк можете да искористите одреден попуст.

  • Доколку купувате услуги.

При купување на услуги, кодот за попуст потребно е да го активирате додека сте во кошничката, пред да преминете кон наплата. (Види фотос). Внесете го купонот во соодветното поле и кликнете на „Активирај“. Доколку купонот е валиден веднаш ќе ви биде пресметан попустот.
kupons-za-popust-zemimk

  • Доколку обновувате услуги

За да искористите купон за попуст при обнова на услуги, какви што се обнова за домени или Веб хостинг пакет, по кликање на копчето „Обнови“ во контролниот панел, ќе бидете пренасочени кон страната за избор на период на обнова под што се наоѓа и линкот за активирање на кодот за попуст (види фотос). Со кликање на линкот „Имате купон за попуст?“ ќе ви се отвори полето за внес на купонот. Внесете го и кликнете „Плати“. Со ова ќе ви биде ирачунат попустот и вметнат во конечната сума за наплата. Користење на попуст за обнова е возможно само доколку плаќањето се изврши онлајн со платежна картичка.

kupons-za-popust-obnova-zemimk

Кога извршувате апликација, скрипта, плагини, па дури и прикачувате датотека или тема преку PHP (WordPress или некоја друга скрипта), понекогаш може да се соочите со грешка кога ќе надмините некое ограничување поставено од вашиот веб-сервер. Во овој туториал ќе научите како да ја поправите грешката со зголемување на максимално дозволената големина за прикачување на датотеки upload_max_filesize преку вашиот Zemi.mk cPanel.

За да го направите ова најпрво најавете се на вашиот Zemi.mk cPanel потоа во делот Software избирате MultiPHP INI Editor:

cpanel-max-upload-filesize-cekor-1

Следно од листата го избирате доменот за кој сакате да ја промените вредноста на upload_max_filesize:

cpanel-max-upload-filesize-cekor-2

По избор на доменот во долниот дел од отворената страница барате upload_max_filesize, од десно ја внесувате новата посакувана вредност и за крај кликате „Apply“. Буквата „М“ означува мегабајти (Mb).

cpanel-max-upload-filesize-cekor-3

Доколку сеуште имате проблем при прикачувањето на датотеки обидете се со промена на upload_max_filesize преку .htaccess фјалот. Туторијалот за промена на upload_max_filesize  преку .htaccess можете да го прочитате на следниот линк.

Добредојдовте во уште еден туторијал за тоа Како да промените WordPress тема преку „myphpadmin“ брзо и лесно.

Пред да започнеме со промена на тема најпрво треба да ја најдеме локацијата каде вашата WordPress страница е инсталирана. Доколку сеуште немате инсталирано WordPress тоа можете да го направите брзо и едноставно со следење на упатството од следниот линк.

Промена на WordPress тема преку „myphpadmin“ е толку едноставно што целата процедура е во два чекори.

Чекор 1 – Oтворете „File Manager“

Отворето го фајл менаџерот „File Manager“ од вашиот Zemi.mk cPanel контролен панел.

myphpadmin-step-1

Првото нешто што треба да направите е да го пронајдете името на вашата база на податоци од WordPress страницата за која сакате да промените тема. За да го направите ова, одете до „File Manager-от“, отворете ја датотека wp-config.php во вашиот директориум public_html. Најдете го најдете името на базата што вашата веб страница ја користи со брање на редот со код каде има напишано DB_NAME:

myphpadmin-step-2

Додека сме во „File Manager-от“ следно ќе ја отвориме локацијата на директориумите каде се поставуваат фајловите од темите кој се достапни на вашата WordPress инсталација. За да го направиме ова потребно е да влеземе во директориумот со следната патека /wp-content/themes. Овде ќе ги најдете сите достапни теми кои можат да бидат активирани на вашата WordPress страница. Ќе претпоставиме дека сакаме да ја активираме темата „newsport“.

myphpadmin-step-3

 

Чекор 2 – Oтворете „myphpadmin“

Следен чекор што треба да направите е преку cPanel контролниот панел на Zemi.mk, најдете ја алатката „myphpadmin“ и отворете ја.

myphpadmin-step-4

Откако ќе влезете во „myphpadmin“ од лева страна ќе ви бидат излистани сите бази на податоци кои ги имате креирано преку вашиот хостинг. Со инсталација на WordPress автоматски се креира базата потребна за работа. Ја наоѓате базата со исто име од DB_NAME од чекор еден и кликате на знакот „+“. Со кликање на плусот ќе се отворат сите табели креирани во таа база, ја наогате табелата „wp_options“ и ја избирате истата со кликање на неа. Потоа низ колоните ги барате „template“ и „stylesheet“ редовите за кои ќе имате вредност иста со името на моментално активната тема:

myphpadmin-step-5

Тоа што треба следно да се направи е да кликнете два пати на името на темата кое во моментов е внесено во табелата и да го заменет со името на темата која сакате сега да ја активате. Во случајов „newsport“.

myphpadmin-step-6

За зачувување само кликнете надвор од текстуалното поле.

Честитки, сега вашата WordPress тема е променета.

Доколку сакате да знаете како да активирате нова тема преку самата WordPress платформа проследете го упатството на следниот линк.

Овој туторијал ќе Ви помогне при инсталацијата и активирање на WordPress тема. Инсталацијата на темата може да биде на два начини и тоа: со избор од каталогот на теми преку самиот WordPress или, со прикачување на тема која ја имате купено од трета страна. За избор на платени премиум теми советуваме да разгледате на ThemeForest или TemplateMonster.

Најпрво ќе го објасниме процесот за инсталација на тема од каталогот на теми на WordPress.

Чекор 1

По успешна најава на администраторскиот дел од WordPress од менито од лева страна избирате Appearance->Themes или доколку е на македонски јазик Изглед->Теми.

wordpress-tema-chekor-1

Чекор 2

Ова ќе ве однесе во делот „Appearance“ или на македонски „Изглед“ на WordPress каде се листаат моментално инсталираните теми на вашиот WordPress. За да додадете нова тема избирате „Add New“. Ова копче најчесто е најдолу.

wordpress-tema-dodadi-tema-chekor-2

 

Чекор 3

Овде можете да пребарувате тема со користење на „Feature filter“ напредниот филтер и за крај избирате „Apply Filters“. Следно ќе ви се излистаат темите филтрирани според избраните карактеристики во филтерот претходно. Откако ќе ја изберете темата која ви се допаѓа кликате „Install“.

wordpress-tema-dodadi-tema-chekor-4

 

Чекор 4

Инсталацијата на темата може да потрае зависно од тоа колку е истата голема. Откако темата ќе се инсталира потребно е да ја активирате со кликање на копчето „Activate“.

wordpress-tema-dodadi-tema-chekor-5

Сега темата е активна и можете да продолжите со нејзино користење.

 

Што да направите доколку веќе имате купено тема и сакате истата да ја прикачите и активирате на вашата WordPress страна?

Доколку веќе сте купиле тема и истата ја имате на вашиот локален компјутер потребно е да ја прикачите и активирате. Првиоте два чекори се исти како претходно поради што нема да ги повторуваме.

Чекор 3

На овој чекор потребно е да ја прикачиме темата од локален компјутер. Темата треба да биде во компресиран фајл (.zip). За тоа да го направиме потребно е да кликнеме на копчето „Upload Theme“, го одбираме .zip фајлот до темата и го прикачуваме.

wordpress-upload-tema-dodadi-tema-chekor-1

Во процесот на прикачување на темата задолжително чувајте го прозорецот од вашиот пребарувач отворен, во спротивно прикачувањето нема да биде успешно. Откако темата ќе се прикачи целосно истата ја активираме исто како и на Чекор 4 од претходно.

Забелешка:

При процесот на прикачување на темата многу често може да се случи грешка поради надминат максимален лимит за прикачување (Upload Max Filesize). За да го зголемите максимално дозволениот лимит за прикачување на фајл прочитајте го упатството од следниот линк.

 

Доколку се прашувате како сами да креирате веб страница, а притоа немате техничко познавање, нути знаете програмски јазици или да дизајнирате веб страни, имаме добри вести за вас. Погледнете го нашиот последен видео туторијал за тоа како самите, без буџет, да направите веб сајт, со помош на бесплатни алатки и алатките кои ви се достапни со хостинг пакетите од Земи.мк.

Во овој туторијал ги користевме WordPress, бесплатниот „влечи и спушти“ веб билдер „Elementor“, како и бесплатна WordPress тема, „Astra“.

Креирањето на веб страница со триото WordPress, „Елементор“ и „Астра“ е навистина едноставно и интуитивно. Се што ви е потребно е малку фантазија и желба. Кој знае, можеби во вас се крие следниот македонски веб дизајнер на годината. Направете си дупло еспресо и почнуваме!

 

За креирање на страница со „Елементор“ претходно, потребно е да имате инсталирано WordPress на вашиот домен. Како да инсталирате WordPress можете да прочитате овде.