Zemk.mk – Блог

Posts in the Промо category

Оваа празнична сезона пристигаат новите „ELF“ пакети, со подарок, бесплатна регистрација на .mk домен!

Elf / 7GB простор, неограничен сообраќај и бесплатна регистрација на .mk домен – 999 денари.

Elf Pro / 15GB простор, неограничен сообраќај и бесплатна регистрација на .mk домен – 1.999 денари.

Elf Pro Plus / 50GB простор, неограничен сообраќај и бесплатна регистрација на .mk домен – 4.499 денари.

Пакетите имаат можност за хостирање на 1 домен (веб сајт) и доаѓаат со бесплатен Auto SSL сертификат и многу други напредни можности.

 

Како да ја искористите оваа понуда? Посетете ја промотивната страница, изберете го саканиот „Elf“ Веб хостинг пакет и продолжете кон наплата.

Празничната сезона е вистински момент за нови почетоци!

 

Правила за користење на акцијата:

– „Elf“ хостинг пакетите ќе бидат достапни до 15-ти јануари, до 23.59 часот. Не ја пропуштајте можноста да го подобрите вашето онлајн присуство!

– Промотивните „Elf“ хостинг пакети се достапни исклучиво за нови корисници со новорегистриран .mk домени.

– Примарниот домен за „Elf“ хостинг пакетите не може да биде променет во првата година од активацијата на пакетот.

 

Повеќе детали за пакетите можете да најдете на следниот линк: https://zemi.mk/xmas-hosting.aspx

За да регистрирате .mk домен по цена од 399 денари појдете на следниот линк.

Искористете ја акцијата за Cyber Monday и закупете нов или обновете го постоечкиот хостинг пакет во Zemi.mk по цена пониска за 15%!

За да го сторите тоа искоритете го купонот за попуст CM2315 во кошничката или при наплата.

Акцијата важи за нови и постоечки клиенти на Zemi.mk и ќе биде активна денес, понеделник 27. ноември, до 23.59 часот.

За да ги разгледате нашите хостинг пакети појдете на следниот линк.

Овој Црн петок, хероите на облакот доаѓаат со 80% попуст! Да, добро прочитавте, -80% на „Pro“ хостинг пакетите од Zemi.mk! Можност што не се пропушта!

Зошто треба да ја искористите оваа фантастична понуда?

Еве неколку причини:

Побрз и посигурен веб хостинг: Нашите хостинг пакети на „cloud“ инфраструктура, обезбедуваат супериорна брзина и стабилност за беспрекорна функционалност на вашата веб-страница.

Поддршка на корисници на македонски јазик, 24/7: Нашиот тим од експерти е тука да ви помогне секој ден, во секое време. Без оглед на проблемот со кој се соочувате, ние сме тука за вас.

Напредни можности: Со нашите хостинг пакети, добивате пристап до голем број напредни функции кои ќе ги подобрат перформансите на вашата веб страница.

Како да ја искористите оваа понуда? Посетете ја нашата веб страница, изберете го саканиот Веб хостинг пакет и продолжете кон наплата. Вашата веб страница го заслужува најдоброто, а сега е вистинскиот момент за промена!

Оваа понуда трае до полноќ на Црн петок (24.11.2023), затоа побрзајте и закупете го вашиот веб хостинг пакет по најниска цена досега. Не ја пропуштајте можноста да го подобрите вашето онлајн присуство!

Правила за користење на акцијата:

– Веб хостинг акцијата „Black Friday / 23“ започнува на 24. ноември, во 00.00 часот и е достапна исклучиво за нови корисници и домени кои никогаш не биле хостирани во Земи.мк.

– Акцијата завршува 24 часа од времето на почеток, со можност за продолжување.

– Доколку се утврди дека веќепостоечки корисник на веб хостинг услугите од Земи.мк закупил пакет по „Black Friday 2023“ акциска цена, пкетот ќе му биде суспендиран, а средствата рефундирани во целост.

– BF пакетите ќе бидат активирани по проверка за подобност на корисникот за користење на акцијата.

– Доколку во иднина на „BF“ пакетите се хостираат домени кои веќе биле хостирани во Земи.мк, или се утврди обид за злоупотреба од веќепостоечки корисници, пакетот ќе биде суспендиран, без можност за рефундирање на средствата.

Повеќе детали за BF пакетите можете да најдете на следниот линк: https://zemi.mk/blackfriday-web-hosting.aspx

За да регистрирате .mk домен по цена од 399 денари појдете на следниот линк.

Искористете го вашиот купон за попуст од нашиот WordCamp Skopje флаер во следните 30 дена и добијте попуст од 90% на новит „Tauren WCSK Pro“ пакет, со зголемени LVE ограничувања од стандардниот „Tauren Pro“ пакет.

Секој корисник ќе може купонот да го искористи само еднаш. Нарачка на втор пакет со истиот купон ќе биде рефундирана, а пакетот суспендиран.

Купонот е наменет само за нови корисници. На „WCSK Pro“ пакет нема да може да бидат хостирани домени кои веќе биле хостирани во мрежата на Земи.мк. Доколку се утврди дека домени кои веќе биле хостирани во Земи.мк се хостираат на новозакупен „WCSK Pro“ пакет истиот ќе биде суспендиран, а средствата рефундирани.

Земи.мк го задржува правото да оневозможи купон доколку е забележана негова злоупотреба.

Доделуваме три влезници за овогодинешниот WordCamp Skopje, 2023. За да учествувате во извлекувањето пополнете ја формата најдоцна до 23.59 ч. на 11. октомври. Добитниците ќе бидат избрани по случаен избор.
Во обзир нема да бидат земени пријавите поднесени по истекот на предвидениот период. За невалидни ќе се сметаат и неточни или непотполни податоци.

Повеќе за настанот можете да прочитате на следниот линк: https://skopje.wordcamp.org/2023/schedule/

Zemi.mk годинава со Златно спонзорство ја поддржа .mk WordPress заедницата и одржувањето на WordCamp Skopje 2023.

Со задоволство ја објавуваме нашата најнова .mk акција. Отсега регистрацијата на саканите .mk домени во Zemi.mk ќе се врши по преполовена цена, од само 399 денари!

За да го регистрирате вашиот .mk домен, појдете на следниот линк, пребарајте го, и следете ги неколкуте лесни чекори за регистрација.

Акцијата е со ограничено времетраење. За крајната дата за користење на истата ќе можете благовремено да се информирате на нашиот блог.

Со возбуда ви го претставуваме нашиот најнов веб хостинг пакет „Worgen Pro Unlimited“. Како што сугерира и името, овој пакет, покрај неограничениот сообраќај, нуди и неограничен простор, што ќе ви овозможи слободно да ја развивате вашата веб-страница, без никакви ограничувања. Дополнително, можете да хостирате до 10 различни веб-страници на еден cPanel акаунт, што го прави совршен избор за оние кои сакаат да управуваат со повеќе веб-страници без да се измачуваат со нивно одржување преку посебни хостинг акаунти.

Во срцето на „Worgen Pro Unlimited“ е Cloud инфраструктурата, која гарантира достапност на вашата веб-страница 24/7 (99.9% Uptime), извонредна безбедност и брзина. Со 4GB RAM и 2 јадра (200%) ја добивате потребната моќ за да се справите со скоковите во сообраќајот и да обезбедите беспрекорно корисничко искуство на вашите посетители. Без разлика дали водите мал блог или е-продавница со илјадници производи, „Worgen Pro Unlimited“ може да се справи со сето тоа.

Но, тоа не е се. Пакетот доаѓа до 20% попуст во првата година, бесплатна регистрација на .mk домен како и бесплатен AutoSSL сертификат. Покрај ова, нашиот стручен тим за поддршка ви стои на располагање во секое време, за да ви помогне со какви било проблеми на кои може да наидете.

Она што го издвојува „Worgen Pro Unlimited“ од другите веб хостинг пакети е непобедливата вредност што ја нуди. Со неограничен простор и можност за хостирање на повеќе веб-страници, тој е совршен избор за претприемачи, фриленсери, мали, средни и големи бизниси кои сакаат да заштедат пари без да изгубат од квалитетот на услугата.

*Inodes ограничување: 500.000

Детали за пакетот можете да погледнете на следниот линк: https://zemi.mk/hosting-details.aspx?target=sDtsns7RI87T9f4ViuKfPg%3d%3d

Во деновите на љубовта, поканете ги Вашите најблиски да се приклучат на најдобрата Веб хостинг платформа во Македонија, Zemi.mk, а ние и двајцата ќе ве наградиме со по 3 месеци бесплатно продолжување на датата на валидност на вашите хостинг пакети.

Како да ја искористите акцијата?

Поканете ги вашите пријатели да преминат со нивните веб страници во Zemi.mk со закуп на некој од Pro Веб хостинг пакетите. При регистрација задолжително е во полето „Како дознавте за нас?“ да изберат „Друго“, а во текст полето да го внесат примарниот домен на вашиот хостинг пакет кој сакате да ви биде бесплатно продолжен за 3 месеци. Покрај вашиот, бесплатно ќе биде продолжен и Pro веб хостинг пакетот на вашиот пријател, па така за истата цена наместо 12 месеци, ќе добијат хостинг пакет за 15 месеци.

Како да проверите кој е вашиот примарен домен доколку не сте сигурни?

Најавете се на Zemi.mk (https://zemi.mk/Login.aspx) појдете во контролниот панел, и проверете во делот за хостинг пакети кој е примарен домен за одреден пакет, како што е тоа покажано на сликата.

zemimk-kontrolen-panel-primaren-domen

Услови за користење на акцијата:

Хостинг пакети подобни за користење на акциската понуда за бесплатно продолжување од 3 месеци се веќепостоечки Pro веб хостинг пакети  заклучно со 12.02.2023, и нови хостинг пакети регистрирани од нови корисници, со примарен домен кој никогаш не бил хостиран во Zemi.mk.

Нашиот тим ќе врши проверка за исполнување на условите за користење на акцијата. Доколку се утврди дека одреден корисник или корисници не ги исполнуваат или не ги почитуваат условите за користење на акцијата ќе им биде оневозможено користењето на истата.

Пакетот ќе биде активиран, бесплатниот .mk домен регистриран/обновен за една година, а датата на валидност на пакетите продолжена за три месеци, доколку корисникот при регистрација во полето за „Како дознавте за нас?“ избрал друго, и во текст полето го внел примарниот домен на неговиот пријател кој го поканил да премине во Земи.мк, а притоа ги исполнува условите за користење на акцијата.

Еден корисник може да повика повеќе познаници да ги префрлат своите веб хостинг услуги во Zemi.mk, а неговиот хостинг пакет ќе биде продолжен повеќекратно по три месеца.

Земи.мк го задржува правото да ги менува условите или да ја прекине акцијата во секое време или да одбие барање за користење на акцијата. Доколку корисникот не е задоволен од одлуката за ограничување на правото за користење на акцијата може да побара рефундирање на средствата. Доколку правото за бесплатна регистрација или обнова на .mk домен е реализирано, ќе му бидат рефунцирани само остатокот од уплатените средства за Pro веб хостинг пакетот, а хостинг пакетот ќе биде избришан.

Не е дозволено регистрирање на нови хостинг пакети од постоечки корисници како би ги искористиле поволностите на акцијата.

Не е дозволено спамирање и други неетички видови на комуникација со цел промоција на вашиот примарен домен за повеќекратно продолжување на вашиот хостинг пакет. Доколку дојдеме до сознание дека сте ги прекршиле правилата на акцијата вашиот хостинг пакет ќе биде вратен на првичната дата на валидност, пред почетокот на оваа акција, или датата на валидност доколку во меѓувреме сте извршиле обнова на пакетот.

Акцијата почнува на 12.02.2023, а завршува за 14 дена. Земи.мк го задржува правото да ја менува крајната дата за учество во акцијата.

Оваа празнична сезона во Zemi.mk подготвивме нова „блескава“ промоција за нашите корисници, а следните 30 дена ги посветуваме на еден од нашите херои на Облакот, „XMAS Gnome“. Новогодишниот промотивен пакет од услуги „XMAS Gnome“, како додаток за новорегистрираните .mk домени во Zemi.mk, сега за цена од 799 денари доаѓа со годишна регистрација на .mk домен и дополнително 6 месеци Веб хостинг пакет „Gnome Pro“ со 10GB супер брз SSD простор, во вредност од 999 денари, целосно бесплатно.

„XMAS Gnome“ – регистрација на .mk домен на 1 година и бесплатен Веб хостинг „Gnome Pro“ за период од 6 месеци.

Новорегистрираниот .mk домен се обновува по една година по актуелната цена за обнова на .mk домени, која во моментов изнесува 649 денари. Хостинг пакетот ќе можете да го обновите по 6 месеци по редовната цена од 1.999 денари за период од една година.

При нарачка на „XMAS Gnome“ ќе ви биде креиран бесплатен хостинг пакет за период од 6 месеци, со примарен домен .mk доменот кој го регистриравте при нарачка, без можност за негова промена во следните 6 месеци.

„XMAS Gnome“ промоцијата можат да ја користат нови и веќе постоечки клиенти на Zemi.mk.

Промоцијата „XMAS Gnome“ ќе биде активна од 19.12.2022 до 20.01.2023 година.

Zemi.mk го задржува правото да врши измени на условите и својствата на промоцијата.

Добропознатите херои на облакот, Gnome, Tauren и Worgen од Zemi.mk, овој Black Friday доаѓаат во своето BF издание, со речиси истите перформанси и попуст од неверојатни 80%, во првата година!

Gnome BF / 10GB SSD простор / 1 хостиран домен – 399 денари.

Цената е за првата година, од следната се обновува по цена од 1.999 денари за една година.

Tauren BF / 20GB SSD простор / 3 хостирани домени – 599 денари.

Цената е за првата година, од следната се обновува по цена од 2.999 денари за една година.

Worgen BF / 50GB SSD простор / ∞ хостирани домени – 899 денари.

Цената е за првата година, од следната се обновува по цена од 4.499 денари за една година.

Правила за користење на акцијата:

– Веб хостинг акцијата „Black Friday / 2“ започнува на 25. ноември, во 00.00 часот и е достапна исклучиво за нови корисници и домени кои никогаш не биле хостирани во Земи.мк.

– Акцијата завршува 24 часа од времето на почеток, со можност за продолжување. НАДОПОЛНЕТО: Black Friday 2022 акцијата ќе заврши во понеделник, 28. ноември 2022, во 23.59 часот.

– Доколку се утврди дека веќепостоечки корисник на веб хостинг услугите од Земи.мк закупил пакет по „Black Friday 2022“ акциска цена, пкетот ќе му биде суспендиран, а средствата рефундирани во целост.

– BF пакетите ќе бидат активирани по проверка за подобност на корисникот за користење на акцијата.

– Доколку во иднина на „BF“ пакетите се хостираат домени кои веќе биле хостирани во Земи.мк, или се утврди обид за злоупотреба од веќепостоечки корисници, пакетот ќе биде суспендиран, без можност за рефундирање на средствата.

Повеќе детали за BF пакетите можете да најдете на следниот линк: https://zemi.mk/blackfriday-web-hosting.aspx