Zemk.mk – Блог

Македонските веб и графички дизајнери често се соочуваат со проблем при наоѓање на вистинскиот кириличен ракописен фонт за своите проекти. Во овој блог пост решивме да објавиме листа од нашите омилени кирилични фонтови со поддршка за македонско кирилично писмо. Листата содржи премиум и бесплатни фонтови кои можат да се користат при креирање лични или комерцијални проекти. Доколку барате соодветен фонт за Вашата Веб страница, кога сте веќе на нашиот блог 🙂 би ви ги препорачале и нашите Веб хостинг услуги, како и регистрацијата на .mk домени по најповолна цена во Македонија.

Amatic SC

amatic-sc-kirilicen-rakopisen-font

„Amatic SC (Small Caps)“ е едноставен, но ефективен ракописен кириличен фонт. Може да се користи во наслови и мали параграфи. Фонтот е првично дизајниран од Вернон Адамс кој настојувал истиот да се користи бесплатно на интернет. Постојат две верзии од фонтот, нормална и здебелена (bold, 700) верзија. Овој фонт би бил одличен за илустрации, посебно детски илустрации или видео игри.

 

Bad Script

bad-script-makedonski-kirilichen-font

Започнат како едноставен логотип со шест букви, „Bad Script“ се развил во посебен фонт, поддржувајќи латинични и кирилични карактери. Овој ракописен фонт е целосно направен со помош на таблет за да имитира секојдневен и уреден ракопис. Дизајниран да личи на сопствениот ракопис на дизајнерот и креатор, Роман Шчукин, од Gaslight.

 

Benvolio

benvolio-rakopisen-kirilichen-font

„Benvolio“ е бесплатен кириличен ракописен фонт кој е креиран да имирита неуреден, реален ракопис. Овој фонт е наменет да се користи при креирање на лични Веб страници или принтан материјал.

 

Banana

banana-kirilichen-makedonski-font

„Banana“ е кириличен фонт креиран при работилницата „Типокујна“ организирана од еден од најистакнатите македонски типографи, Ласко Џуровски. Овој фонт е креиран од Вања Штркова и содржи 137 карактери, кирилични, но исто така и латинични.

 

Capuletty

capuletty-rakopisen-makedonski-kirilichen-font

„Capuletty“ е сличен на Benvolio. Станува збор за фонт со кирилична поддршка, кој би имал примена при креирање на лични написи, кратки подзаглавја и друго. Фонтот е бесплатен за лична употреба.

 

Neucha

neucha-rakopisen-kirilichen-makedonski-font

Кириличниот фонт „Neucha“ е креиран заради една и единствена фраза: „Те сакам“. Како што раскажува неговиот креатор, во 2005 година бил вљубен и имал потреба од соодветен фонт да ја искаже својата љубов. Првата верзија на фонтот била направена за 8 часа. „Neucha“ преведено од руски јазик значи „не знаејќи како правилно да креирате фонтови“.

 

Six hands

six-hands-makedonski-rakopisen-font

„Six hands“ е фонт-фамилија која содржи повеќе стилови на фонтот, со поддршка за македонско кирилично писмо. Фонтот е достапен за лична и комерцијална употреба преку „Adobe Fonts“.

 

Karmakasha

karmakasha-kirilichen-makedonski-font

Уште еден од извонредните фонтови кои беа креирани во „Типокујна“. Станува збор за „Karmakasha“ на Александар Пешевски.

 

Adobe Handwriting

adobe-handwriting-makedonski-kirilichen-font

Уште еден од фонтовите достапни преку „Adobe Fonts“ со кирилична поддршка, кој на корисниците им нуди дозвола за употреба во лични или комерцијални фонтови.

 

Radio Volna

radio-volna-makedonski-kirilichen-font

Овој кириличен фонт насловен како „Radio Volna“ е класична калиграфија со дебела четка. Фонтот е супер разноврсен и погоден за секој проект.

 

Spring Blush

spring-blush-makedonski-rakopisen-font

„Spring Blush“ е неверојатен фонт со ракописна кирилична поддршка кој ги крши границите уште повеќе. При негово креирање користена е SVG технологија за да постигне максимален реализам.

 

Nautilus Pompilius

nautilus-kirilichen-makedonski-font

„Nautilus“ е модерен ракописен кириличен фонт, дизајниран за употреба во наслови, логоа, постери и други значајни места. Фонтот содржи многу лигатури, стилски алтернативи и прелевања. Тоа помага да додадете повеќе разновидност на вашиот текст. Во оригиналниот фонт недостасува кириличната буква „ј“, но бидејќи е иста со латиничната лесно може да се надомести.

 

Miama Nueva

miama-nueva-makedonski-kirilichen-font

„Miama Nueva“ е шармантен ракописен фонт. Содржи комплетен сет на карактери, вклучувајќи и продолжена јазична поддршка межу кои и поддршката за кирилично писмо. Фонтот е идеален за дизајн на покани за венчавки, женствени логоа, брендирање, мода, облека, социјални медиуми и многу повеќе.

 

Prestilka

prestilka-makedonski-rakopisen-font

„Prestilka“ е последниот кириличен фонт од „Типокујна“ кој ќе го спомнеме во оваа листа. Станува збор за фонт со сет од 114 латинични и кирилични карактери. Изработен е од страна на Александра Новеска.

 

Nickainley Scripy

miama-nueva-makedonski-kirilichen-font

„Nickainley Script“ е прекрасен класичен, ретро, скриптен кириличен фонт. Содржи големи, мали букви, бројки и интерпункциски знаци, вклучувајќи и поддршка за кирилични карактери. Истиот може да се користи за различни намени, како што се логоа, покани за венчавки, маици, заглавја, знаци, етикети, вести, постери, итн.

Како сам да направам Веб сајт? arrow-right
Next post

arrow-left Kако да активирам CloudFlare?
Previous post

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *