Zemk.mk – Блог

На барање на корисниците, додадена е можност за секој домен, како .mk така и генерички, да биде доделен „менаџерски“ контакт, лице кое е член на Земи.мк, кое по доделувањето на привилегии ќе може да го управува доменот од сопствениот акаунт.

Ваквата можност ќе им олесни на веб дизајнерите и компаниите кои работат со веб дизајн при управувањето со своите како и домените на своите клиенти. Сега сите домени може да им бидат достапни за управување преку нивниот акаунт на Земи.мк. со што се избегнува досегашната потреба да се најавуваат на посебни акаунти за да вршат промени за домени со различни регистранти.

За да додадете контакт за менаџирање на домен, влезете во Контролниот панел, кликнете Детали за саканиот домен, и веднаш под трите главни контакти е полето за додавање на новиот менаџерски контакт. Сѐ што треба да направите е да ја внесете мејл адресата со која корисникот кому сакате да додадете привилегии за управување се има зачленето на Земи.мк

 

Black Friday акција 2019: 60% намалени цени за Linux хостинг пакети и историски најниска цена за регистрација на .mk домен arrow-right
Next post

arrow-left Земи.мк стана регистрар и за генеричките, интернационални домени
Previous post

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *