Прекин во управувањето со .mk домени
- By zemimk
- In Инфо
- With No Comments
- On 29 Апр | '2025
Ве известуваме дека, поради неоправданата неажурност на МАРнет и нивното доцнење со издавање на годишниот SSL сертификат потребен за безбедна комуникација со централниот регистар на .mk домени, Zemi.mk во моментов не може да извршува ниту нови регистрации ниту навремени обновувања на постоечките .mk домени.
Важно е да нагласиме дека нашето барање за издавање на нов сертификат беше поднесено уште пред да истече пропишаниот минимум од 30 дена. И покрај тоа, сертификатот сè уште не е испорачан. Оваа ситуација не само што ѝ нанесува директна штета на нашата компанија, туку ги изложува и регистрантите на сериозен ризик од привремена или трајна загуба на нивните домени – ризик што е апсолутно недозволив за институција задолжена за стабилноста на националниот доменски простор.
Zemi.mk веќе покрена формално, итно барање до МАРнет за експедитивно издавање на потребниот сертификат и ќе ги употреби сите расположливи правни и институционални механизми за да ја заштити својата работа и, пред сè, вашите дигитални интереси. За секоја промена ќе ве информираме без одлагање.
Ви благодариме на разбирањето и довербата.
Со почит,
Тимот на Zemi.mk
30.04.2025/14:09 Надополнување:
Ве известуваме дека сертификатот конечно беше издаден и системот за регистрација и обнова на .mk домени сега функционира нормално. Сите услуги се повторно достапни без ограничувања.
Ви благодариме за трпението и за довербата што ни ја укажавте во овој период.