Zemk.mk – Блог

Posts in the домени category

Запознајте ја ВИКИ, Вештачка Интелигенција за Креирање на Имиња интегрирана во платформата на Zemi.mk, која генерира нови идеи за домени базирани на вашето пребарување. ВИКИ користи вештачка интелигенција која им олеснува на нашите клиенти да го пронајдат совршениот домен за нивниот бизнис.

ВИКИ се вози на OpenAI и користи напредни алгоритми и „NLP“ за да предложи домени кои се релевантни, се помнат лесно и се слободни за регистрација.

Со ВИКИ, можете да добиете нови и уникатни идеи за домени за кои можеби порано воопшто и не сте размислувалe. Дополнително, предлага и алтернативни екстензии на домени и ја проверува достапноста на доменот во реално време, заштедувајќи ви време и труд.

Се надеваме дека ВИКИ ќе го олесни начинот на кој нашите клиенти бараат домени, правејќи го процесот побрз, полесен и поефикасен.

ВИКИ е достапна преку страницата за пребарување на домени: https://zemi.mk/search.aspx

Покрај стандардната понуда на .мк домени, Земи.мк стана регистрар и за генеричките интернационални домени.

Цената како и листата на сите достапни домени за регистрација можете да ја погледнете на следниот линк.

Од најпопуларните ги издвојуваме .com, .net, .org и .co кои можете да ги регистрирате по цена од само 899 денари за цела година.

На наше огромно задоволство ви ја претставуваме Андроид апликацијата за управување со услугите од Zemi.mk :).

 

screenshot_2016-11-22-13-27-40 screenshot_2016-11-22-13-27-51

 

Доколку вашите .mk домени се веќе на вистинската платформа, Земи.мк, и поседувате Андроид телефон, топло ви препорачуваме да ја инсталирате апликацијата. Со најава на апликацијата со вашето Земи.мк корисничко име и лозинка, во секој момент добивајте известувања за истекување на валидност на домен или веб хостинг пакет на вашиот смартфон.

Покрај известувањата за истекување на некоја од услугите од Земи.мк го креиравме и „Up-time Роботот“ кој е во функција да проверува дали вашата веб страница е достапна за јавноста или е потребно ваше внимание. Со помош на Up-time роботот, автоматски вршите проверка на секои 5 минути дали страниците се достапни. Истиот можете да го вклучите или исклучите за секој домен поединечно.

Овозможивме и обнова на услуги преку апликацијата со онлајн наплата. Како и промена на детали за домени, како што се технички или административни контакти и именски опслужувачи.

 

screenshot_2016-11-22-13-28-52 splash

 

Преку апликацијата ќе можете да вршите и пребарување за .mk домени со детален WhoIs извештај.

Истата можете да ја превземете од следниов линк. Или побарајте ја на Google Play со клучен збор „Zemi.mk“

Апликацијата е развиена од Vortechs Media ДОО, Валандово.
Развој: Александар Манев
Дизајн: Столе Китановиќ
Веб Сервис: Костадин Стојчев