Zemk.mk – Блог

Posts in the mk domain category

Регистрацијата на .mk домени останува достапна и во следните два месеца (септември и октомври 2024) по супер повластена цена од само 399 денари! Не пропуштајте ја шансата да го регистрирате вашиот .мк домен по преполовена цена.

Доменот се обновува по редовна цена од 649 денари или актуелната цена објавена на нашиот Ценовник.

За да го регистрирате вашиот .mk домен, посетете го следниот линк, пребарајте го вашиот домен и следете ги едноставните чекори за регистрација.

Останете информирани за сите детали на нашиот блог.

Zemi.mk 2023 Wrapped

Еве сме на крајот од уште една успешна година!

Почитувани корисници, Сакаме да ги споделиме со вас клучните моменти кои ја одбележаа нашата 2023 година и го подобрија вашето искуство со нашите услуги за хостирање и регистрација на домени.

1. Целосна транзиција кон „Cloud“ инфраструктура
Со гордост можеме да кажеме дека во 2023-та целосно се преселивме на „Cloud“ инфраструктура. Сите споделени Pro пакети користат јавна „Cloud“ инфраструктура од Linode, OVH и AWS, обезбедувајќи супериорни перформанси и доверливост.

2. Историски најниска цена за регистрација на .mk
На наше големо задоволство, годинава ја намаливме цената за регистрација на .mk домени на најниската во историјата, од само 399 денари.

mail-13. Неограничен простор со Worgen Pro Unlimited
Оваа година за првпат го претставивме Worgen Pro Unlimited, хостинг план со неограничен простор за складирање. Ова ви овозможува слободно да ги проширите вашите онлајн проекти без да се грижите за ограничувањата на просторот.

mail-2

4. Креирање на ВИКИ – ВИ за предлог на слични доменски имиња
Ја лансиравме ВИКИ, нашиот ВИ асистент кој ви помага со предлагање слични домени кога вашето посакувано име веќе не е достапно. На овој начин го олеснуваме процесот на пронаоѓање на совршен домен за вашите потреби.

mail-3

5. Соработка со WordPress заедницата преку WordCamp Скопје 2023
Бевме исклучително среќни поради можноста да соработуваме одблиску со .mk WordPress заедницата преку спонзорирање на WordCamp Скопје 2023. Ова ни овозможи да ја поддржиме локалната WordPress заедница и да споделиме знаење.

mail-4

6. Раст на нашата страница на LinkedIn
Со мало задоцнување годинава конечно креиравме и LinkedIn страница за Zemi.mk, која на наше задоволство расте се повеќе од ден на ден. Следете не за најновите вести, совети и информации од светот на Веб хостингот и регистрацијата на домени.

Со задоволство ја објавуваме нашата повластена цена за регистрација на .mk домени. Отсега регистрацијата на саканите .mk домени во Zemi.mk ќе се врши по преполовена цена, од само 399 денари!

Домените, по првата година се обновуваат по редовната цена од 649 денари или актуелната цена за обнова на .mk домени.

За да го регистрирате вашиот .mk домен, појдете на следниот линк, пребарајте го, и следете ги неколкуте лесни чекори за регистрација.