Zemk.mk – Блог

Posts in the mk hosting category

DNS зоната е местото каде се запишани сите DNS записи за вашиот домен и преку неа се одредува каде ќе води доменот, каде ќе работи е-поштата и како ќе бидат поврзани другите услуги со него.

Во Земи.мк, начинот на кој ќе ја менувате DNS зоната зависи од тоа каде водат именските опслужувачи на доменот.

Доколку имате само домен и не користите хостинг пакет, со правилно поставување на именски опслужувачи, DNS записите можете да ги менувате преку вашиот кориснички профил. Ако именските опслужувачи на доменот се поставени кон хостинг пакетот што го користите, тогаш DNS промените се прават преку cPanel-от.

Овој водич ќе ви помогне лесно да препознаете кој начин е правилен за вас и како чекор по чекор да ја направите промената.

Кога DNS записите се менуваат преку кориснички профил?

Промената преку кориснички профил е соодветна кога имате домен и сакате DNS зоната да ја управувате директно од кирисничкиот панел на Земи.мк.

Ова е особено корисно кога корисникот на доменот не користи хостинг пакет, или кога корисникот има други надворешни сервиси за креирање на веб страница како Shopify, Loveble и сл.

Во таков случај, доколку се постават именските опслужувачи што се прикажани во панелот за DNS зона, односно n30.zemi.mk и n31.zemi.mk, можете да ја активирате DNS зоната и потоа да ги менувате DNS записите директно преку корисничкиот профил.

Кога DNS записите се менуваат преку cPanel?

Ако доменот користи исти именски опслужувачи кои водат кон хостинг пакетот што го имате, тогаш DNS зоната вообичаено се менува преку cPanel.

Ова значи дека доменот е поврзан со хостинг околината, па затоа управувањето со DNS записите се врши од самиот хостинг панел. Најчесто таму ќе ги менувате записите како A, CNAME, MX или TXT, особено ако доменот веќе има активна веб-страница или е-пошта на истиот хостинг.

Наједноставно кажано, ако DNS-от го управувате како самостоен домен, работите преку кориснички профил, а ако доменот е врзан со хостинг пакет и ги користи именски опслужувачи кои водат кон истиот, работите преку cPanel.

Како да ја измените DNS зоната преку кориснички профил на Земи.мк

Постапката е едноставна и се прави директно од вашиот кориснички профил.

Најпрво најавете се на вашиот профил на Земи.мк. Откако ќе се вчитa работната табла, од левото мени изберете Домени. Таму ќе ви се прикажат сите домени што ги имате на профилот.

Од листата кликнете на Детали за доменот за кој сакате да направите промени. Со тоа ќе се отвори страната со информации за избраниот домен, каде ќе ги видите основните податоци, именските опслужувачи и другите достапни опции за управување.

Потоа изберете Измени DNS зона.

Ако DNS зоната сè уште не е активирана, системот ќе ви прикаже информација дека за да ја користите DNS зоната, треба да ги поставите соодветните именски опслужувачи. Во овој дел ќе видите и кои именски опслужувачи треба да се користат, односно n30.zemi.mk и n31.zemi.mk.

Именските опслужувачи за доменот можете да ги измените во управувачкото мени за доменот одосно во Детали за доменот во делот на Именските осплужувачи изберете Измени


Откако ќе бидете на оваа страница, кликнете на Активирај DNS.

Тука е многу важно да се внимава на следново:
кога ќе започне активирањето, потребно е да се почека процесот целосно да заврши. Не ја рефреширајте страницата и не ја затворајте додека трае активирањето.

По успешно активирање, DNS зоната ќе стане достапна за уредување и ќе можете да ги гледате и менувате постоечките DNS записи.

Во табелата ќе ви се прикажат записите за доменот, а до секој запис ќе имате опција за измена. Кога ќе кликнете на уредување, се отвора форма во која најчесто ќе ги видите полињата:

Name – името на записот, односно доменот или поддоменот на кој се однесува записот
TTL – времето за освежување на записот
Type – типот на DNS записот
Address / Data – вредноста што сакате да ја внесете

Откако ќе ја направите потребната промена, зачувајте ги измените.

На овој начин можете да уредувате различни DNS записи, зависно од тоа што сакате да постигнете. На пример, ако сакате доменот да води до одредена IP адреса, најчесто ќе менувате A запис. Ако сакате поддомен да покажува кон друг домен, обично ќе користите CNAME. Ако подесувате е-пошта или верификација за некоја услуга, можно е да треба да додадете MX или TXT запис.

Како да ја измените DNS зоната преку cPanel

Доколку доменот користи исти именски опслужувачи како хостинг пакетот што го имате, тогаш DNS записите се менуваат преку cPanel.

За почеток, најавете се во cPanel на вашиот хостинг пакет. Во cPanel побарајте ја алатката за DNS менаџирање која е означена како Zone Editor.
Откако ќе ја отворите алатката, ќе ви се прикаже листа на домени што се поврзани со вашиот хостинг пакет. Изберете го доменот за кој сакате да правите промени.

Потоа можете да додадете нов запис или да измените постоечки. Во зависност од потребата, ќе изберете тип на запис, ќе го внесете името, вредноста и останатите потребни полиња, па ќе ги зачувате промените.

Секогаш прво проверете дали доменот навистина користи исти именски опслужувачи како хостинг пакетот. Тоа е најважниот чекор, затоа што од него зависи дали промената треба да се направи во корисничкиот профил или во cPanel.

Што е важно да знаете пред да направите DNS промена

DNS промените не секогаш се применуваат веднаш. Иако понекогаш измената може да стане видлива за кратко време, во одредени случаи потребно е повеќе време за целосно освежување.

Причината за тоа е што DNS записите се кешираат и се обновуваат според вредноста на TTL, како и според мрежите и провајдерите преку кои се прави проверката. Затоа е нормално кај некои корисници промената да се појави побрзо, а кај други подоцна.

Поради тоа, откако ќе направите промена, добро е да почекате извесен период пред да заклучите дека нешто не функционира. Особено ако менувате записи поврзани со веб-страница, е-пошта или верификациски сервиси.

Како да знаете кој начин е правилен за вас

Ако имате само домен и сакате директно од профилот да управувате со DNS зоната, активирајте ја DNS зоната во корисничкиот профил и користете ги именските опслужувачи што се наведени.

Ако доменот е веќе поврзан со хостинг пакет и ги користи истите именски опслужувачи како хостингот, тогаш DNS записите менувајте ги преку cPanel.

Кога ова ќе го разберете, целиот процес станува многу поедноставен и избегнувате да правите промени на погрешно место.

Промената на DNS зона не мора да биде комплицирана, ако однапред знаете каде треба да ја направите.

Доколку не сте сигурни кој DNS запис треба да го внесете или каде точно треба да ја направите промената, контактирајте ја поддршката на Земи.мк за насока пред да продолжите.

Една од најчестите ситуации со кои се соочуваат корисниците на WordPress веб сајтови е неможноста за пристап до администраторскиот панел. Заборавена лозинка, недостапна email адреса, блокирање од безбедносен плагин или технички проблем по ажурирање се само дел од причините поради кои најавувањето на /wp-admin може да биде оневозможено.

Како домен и хостинг провајдер, Zemi.mk нуди стабилна и сигурна инфраструктура, но и практични алатки кои овозможуваат ваквите ситуации да се решат брзо и без компликации. Една од најкорисните алатки во вакви случаи е WordPress Management алатката во cPanel, преку која корисниците можат директно да се најават во WordPress администраторскиот панел, дури и кога ги немаат пристапните податоци.

Што претставува WordPress Management алатката во cPanel

WordPress Management алатката (WP Toolkit) е вградена функционалност на cPanel на Zemi.mk хостинг пакетите. Таа овозможува централизирано управување со сите WordPress инсталации на еден хостинг акаунт, без потреба од дополнителни плагини или надворешни сервиси.

Преку оваа алатка, корисникот добива јасен преглед на сите активни WordPress сајтови, поврзаните домени, верзијата на WordPress, како и статусот на секоја инсталација. Најважната предност, особено во критични ситуации, е можноста за директна администраторска најава во WordPress, без користење на класичниот login формулар.

Кога WordPress Management е најдоброто решение

WordPress Management алатката е идеално решение кога корисникот:

  • ја има заборавено WordPress лозинката,
  • нема пристап до email адресата поврзана со администраторскиот профил,
  • е блокиран од security или firewall плагин,
  • има проблем со лимит на обиди за најавување,
  • управува со повеќе WordPress сајтови на еден хостинг пакет.

Во сите овие случаи, корисникот може да го заобиколи класичниот login процес и да воспостави пристап директно преку cPanel, користејќи ги алатките што ги обезбедува Земи.мк.

Пристап до WordPress Management преку cPanel на Земи.мк

По најавувањето во cPanel на вашиот Земи.мк хостинг акаунт, WordPress Management алатката може да се пронајде во секцијата Domains, каде што е достапна посебна икона со назив WordPress Manager. Со нејзино отворање, системот автоматски се обидува да ги детектира сите WordPress инсталации поврзани со вашиот акаунт.

Секоја инсталација е прикажана со јасно означен домен и патека, што овозможува лесно да се идентификува точниот сајт, што е особено корисно за корисници кои хостираат повеќе веб страници на ист хостинг пакет.

Кога WordPress сајтот не е прикажа, користење на Scan опцијата

Во пракса, постојат ситуации кога одредени WordPress веб страници не се автоматски прикажани во WordPress Management алатката. Ова најчесто се случува кога сајтот е:

  • мигриран од друг хостинг провајдер,
  • рачно инсталиран,
  • или не е првично креиран преку WordPress Manager алатката.

Во вакви случаи, потребно е да се искористи опцијата Scan, која се наоѓа во WordPress Management интерфејсот. Со кликање на оваа опција, системот извршува целосно скенирање на хостинг акаунтот и ги детектира сите постоечки WordPress инсталации, без разлика на начинот на кој се поставени.

Откако скенирањето ќе заврши, сите пронајдени WordPress сајтови ќе бидат излистени во алатката и ќе станат достапни за управување.

Креирање нов администратор и директна најава

Кога WordPress инсталацијата е пронајдена преку Scan опцијата, при кликање на копчето Log in, алатката во одредени случаи ќе побара од корисникот да креира нов администраторски корисник. Ова е безбедносен механизам кој се користи кога постоечките администраторски податоци не се достапни или не можат да се валидираат.

Во овој чекор, корисникот внесува ново администраторско корисничко име и лозинка. По успешно креирање на администраторскиот профил, WordPress Management алатката овозможува директна и едноставна најава во WordPress администраторскиот панел со едноставно кликање на копчето Log in, без дополнителни проверки или внесување на податоци.

Ова решение е особено практично и безбедно, бидејќи не бара рачни интервенции во база на податоци или фајлови.

Ресетирање и ажурирање на администраторските податоци

Покрај директната најава, WordPress Management алатката овозможува и целосно управување со администраторските податоци. Преку уредување на WordPress инсталацијата, корисникот може да промени лозинка, email адреса или други основни параметри, со што се воспоставува долгорочна и сигурна контрола врз сајтот.

Ова е особено важно кога веб страницата е преземена од друг администратор или кога постои сомнеж дека пристапните податоци се компромитирани.

Дополнителни придобивки за корисниците на Земи.мк

WordPress Management алатката не служи само за најавување. Таа овозможува и:

  • безбедно ажурирање на WordPress, плагини и теми,
  • управување со backups,
  • основни безбедносни поставки,
  • подобар преглед и контрола на WordPress инсталациите.

Со ова, Земи.мк им овозможува на своите корисници стабилна, сигурна и лесна за користење околина за управување со WordPress веб сајтови.

Губењето на WordPress пристапните податоци или проблемите со најавување не мора да значат комплицирани технички интервенции. Со WordPress Management алатката во cPanel, корисниците на Земи.мк можат брзо, безбедно и едноставно да се најават во WordPress администраторскиот панел и повторно да ја преземат целосната контрола врз својот веб-сајт.

Овој пристап е уште еден пример за тоа како Земи.мк не нуди само хостинг и домени, туку и практични алатки и решенија кои им помагаат на корисниците лесно да управуваат со своите веб страници, дури и во ситуации кога пристапот изгледа изгубен

Од 28 ноември до 1 декември 2025, Zemi.mk ја стартува традиционалната Black Friday акција со 70% попуст на сите „Pro“ веб хостинг пакети, вклучително и новите Turbo пакети со зголемени ресурси.
Ова е најголемата годишна промоција и идеален момент да започнете нов проект или да го унапредите постоечкиот по значително пониска цена.

Што добивате со хостинг пакетите на Zemi.mk?

Нашата Cloud инфраструктура обезбедува:
– висока брзина и минимални прекини
– оптимизирани LVE лимити
– професионална техничка поддршка секој ден
– подарок .mk домен во првата година

Turbo пакетите дополнително носат:
4 CPU, 5 GB RAM, 200 процеси, 4095 IOPS и 200 MB/s I/O.

Како да ја искористите Black Friday акцијата?

Посетете: https://zemi.mk/hosting

Промотивните цени ќе бидат директно прикажани на веб-сајтот во периодот на акцијата.


Правила за користење на акцијата „Black Friday 2025“
– Акцијата „Black Friday / 2025“ започнува на 28 ноември во 00:00 часот и трае до 1 декември 2025 во 23:59 часот.
– Акцијата е достапна исклучиво за нови корисници и за домени кои никогаш претходно не биле хостирани во Zemi.mk.
– Доколку се утврди дека веќе постоечки корисник закупил хостинг пакет по Black Friday цена за домен кој претходно бил хостиран кај нас, пакетот ќе биде суспендиран, а средствата рефундирани.
– Акциите ќе бидат активирани по извршена проверка на подобност за користење на промоцијата.
– Доколку во иднина на промотивно купен Black Friday пакет се хостира домен кој претходно бил хостиран во Zemi.mk, или се утврди обид за злоупотреба, пакетот ќе биде суспендиран без можност за рефундирање.

Овој Црн петок, хероите на облакот доаѓаат со 80% попуст! Да, добро прочитавте, -80% на „Pro“ хостинг пакетите од Zemi.mk! Можност што не се пропушта!

Зошто треба да ја искористите оваа фантастична понуда?

Еве неколку причини:

Побрз и посигурен веб хостинг: Нашите хостинг пакети на „cloud“ инфраструктура, обезбедуваат супериорна брзина и стабилност за беспрекорна функционалност на вашата веб-страница.

Поддршка на корисници на македонски јазик, 24/7: Нашиот тим од експерти е тука да ви помогне секој ден, во секое време. Без оглед на проблемот со кој се соочувате, ние сме тука за вас.

Напредни можности: Со нашите хостинг пакети, добивате пристап до голем број напредни функции кои ќе ги подобрат перформансите на вашата веб страница.

Како да ја искористите оваа понуда? Посетете ја нашата веб страница, изберете го саканиот Веб хостинг пакет и продолжете кон наплата. Вашата веб страница го заслужува најдоброто, а сега е вистинскиот момент за промена!

Оваа понуда трае до полноќ на Црн петок (29.11.2024), затоа побрзајте и закупете го вашиот веб хостинг пакет по најниска цена досега. Не ја пропуштајте можноста да го подобрите вашето онлајн присуство!

Правила за користење на акцијата:

– Веб хостинг акцијата „Black Friday / 24“ започнува на 29. ноември, во 00.00 часот и е достапна исклучиво за нови корисници и домени кои никогаш не биле хостирани во Земи.мк.

– Акцијата завршува 24 часа од времето на почеток, со можност за продолжување.

– Доколку се утврди дека веќепостоечки корисник на веб хостинг услугите од Земи.мк закупил пакет по „Black Friday 2024“ акциска цена, пкетот ќе му биде суспендиран, а средствата рефундирани во целост.

– BF пакетите ќе бидат активирани по проверка за подобност на корисникот за користење на акцијата.

– Доколку во иднина на „BF“ пакетите се хостираат домени кои веќе биле хостирани во Земи.мк, или се утврди обид за злоупотреба од веќепостоечки корисници, пакетот ќе биде суспендиран, без можност за рефундирање на средствата.

Повеќе детали за BF пакетите можете да најдете на следниот линк: https://zemi.mk/blackfriday-web-hosting.aspx

За да регистрирате .mk домен по цена од 399 денари појдете на следниот линк.

Искористете ја акцијата за Cyber Monday и закупете нов или обновете го постоечкиот хостинг пакет во Zemi.mk по цена пониска за 15%!

За да го сторите тоа искоритете го купонот за попуст CM2315 во кошничката или при наплата.

Акцијата важи за нови и постоечки клиенти на Zemi.mk и ќе биде активна денес, понеделник 27. ноември, до 23.59 часот.

За да ги разгледате нашите хостинг пакети појдете на следниот линк.