Zemk.mk – Блог

Posts in the бесплатен .mk домен category

Со возбуда ви го претставуваме нашиот најнов веб хостинг пакет „Worgen Pro Unlimited“. Како што сугерира и името, овој пакет, покрај неограничениот сообраќај, нуди и неограничен простор, што ќе ви овозможи слободно да ја развивате вашата веб-страница, без никакви ограничувања. Дополнително, можете да хостирате до 10 различни веб-страници на еден cPanel акаунт, што го прави совршен избор за оние кои сакаат да управуваат со повеќе веб-страници без да се измачуваат со нивно одржување преку посебни хостинг акаунти.

Во срцето на „Worgen Pro Unlimited“ е Cloud инфраструктурата, која гарантира достапност на вашата веб-страница 24/7 (99.9% Uptime), извонредна безбедност и брзина. Со 4GB RAM и 2 јадра (200%) ја добивате потребната моќ за да се справите со скоковите во сообраќајот и да обезбедите беспрекорно корисничко искуство на вашите посетители. Без разлика дали водите мал блог или е-продавница со илјадници производи, „Worgen Pro Unlimited“ може да се справи со сето тоа.

Но, тоа не е се. Пакетот доаѓа до 20% попуст во првата година, бесплатна регистрација на .mk домен како и бесплатен AutoSSL сертификат. Покрај ова, нашиот стручен тим за поддршка ви стои на располагање во секое време, за да ви помогне со какви било проблеми на кои може да наидете.

Она што го издвојува „Worgen Pro Unlimited“ од другите веб хостинг пакети е непобедливата вредност што ја нуди. Со неограничен простор и можност за хостирање на повеќе веб-страници, тој е совршен избор за претприемачи, фриленсери, мали, средни и големи бизниси кои сакаат да заштедат пари без да изгубат од квалитетот на услугата.

*Inodes ограничување: 500.000

Детали за пакетот можете да погледнете на следниот линк: https://zemi.mk/hosting-details.aspx?target=sDtsns7RI87T9f4ViuKfPg%3d%3d

Во деновите на љубовта, поканете ги Вашите најблиски да се приклучат на најдобрата Веб хостинг платформа во Македонија, Zemi.mk, а ние и двајцата ќе ве наградиме со по 3 месеци бесплатно продолжување на датата на валидност на вашите хостинг пакети.

Како да ја искористите акцијата?

Поканете ги вашите пријатели да преминат со нивните веб страници во Zemi.mk со закуп на некој од Pro Веб хостинг пакетите. При регистрација задолжително е во полето „Како дознавте за нас?“ да изберат „Друго“, а во текст полето да го внесат примарниот домен на вашиот хостинг пакет кој сакате да ви биде бесплатно продолжен за 3 месеци. Покрај вашиот, бесплатно ќе биде продолжен и Pro веб хостинг пакетот на вашиот пријател, па така за истата цена наместо 12 месеци, ќе добијат хостинг пакет за 15 месеци.

Како да проверите кој е вашиот примарен домен доколку не сте сигурни?

Најавете се на Zemi.mk (https://zemi.mk/Login.aspx) појдете во контролниот панел, и проверете во делот за хостинг пакети кој е примарен домен за одреден пакет, како што е тоа покажано на сликата.

zemimk-kontrolen-panel-primaren-domen

Услови за користење на акцијата:

Хостинг пакети подобни за користење на акциската понуда за бесплатно продолжување од 3 месеци се веќепостоечки Pro веб хостинг пакети  заклучно со 12.02.2023, и нови хостинг пакети регистрирани од нови корисници, со примарен домен кој никогаш не бил хостиран во Zemi.mk.

Нашиот тим ќе врши проверка за исполнување на условите за користење на акцијата. Доколку се утврди дека одреден корисник или корисници не ги исполнуваат или не ги почитуваат условите за користење на акцијата ќе им биде оневозможено користењето на истата.

Пакетот ќе биде активиран, бесплатниот .mk домен регистриран/обновен за една година, а датата на валидност на пакетите продолжена за три месеци, доколку корисникот при регистрација во полето за „Како дознавте за нас?“ избрал друго, и во текст полето го внел примарниот домен на неговиот пријател кој го поканил да премине во Земи.мк, а притоа ги исполнува условите за користење на акцијата.

Еден корисник може да повика повеќе познаници да ги префрлат своите веб хостинг услуги во Zemi.mk, а неговиот хостинг пакет ќе биде продолжен повеќекратно по три месеца.

Земи.мк го задржува правото да ги менува условите или да ја прекине акцијата во секое време или да одбие барање за користење на акцијата. Доколку корисникот не е задоволен од одлуката за ограничување на правото за користење на акцијата може да побара рефундирање на средствата. Доколку правото за бесплатна регистрација или обнова на .mk домен е реализирано, ќе му бидат рефунцирани само остатокот од уплатените средства за Pro веб хостинг пакетот, а хостинг пакетот ќе биде избришан.

Не е дозволено регистрирање на нови хостинг пакети од постоечки корисници како би ги искористиле поволностите на акцијата.

Не е дозволено спамирање и други неетички видови на комуникација со цел промоција на вашиот примарен домен за повеќекратно продолжување на вашиот хостинг пакет. Доколку дојдеме до сознание дека сте ги прекршиле правилата на акцијата вашиот хостинг пакет ќе биде вратен на првичната дата на валидност, пред почетокот на оваа акција, или датата на валидност доколку во меѓувреме сте извршиле обнова на пакетот.

Акцијата почнува на 12.02.2023, а завршува за 14 дена. Земи.мк го задржува правото да ја менува крајната дата за учество во акцијата.

Земи.мк за своите нови корисници подготви нова промотивна веб хостинг понуда со попуст од 30%, бесплатен .mk домен како и бесплатен SSL сертификат.

Основните „PRO“ пакети од Земи.мк, отсега се достапни по цени почнувајќи од 1.399 денари за „Gnome Pro“ кој вклучува 10GB SSD/NVMe простор, бесплатен .mk домен и SSL сертификат, заштита од „malwares“, неограничен број на мејл адреси, cPanel, CloudLinux, LiteSpeed сервер кој овозможува и до 9 пати побрзи динамички веб страници, какви што се оние изработени во WordPress и многу повеќе.

Најпопуларниот „Tauren Pro“ пакет од Земи.мк содржи се што содржи и неговиот помал брат „Gnome Pro“, но овозможува хостирање на три различни домени/веб страници на двојно повеќе простор од 20GB, како и 2GB достапна RAM меморија. Со вклучениот попуст овој пакет сега чини неверојатни 2.099 денари за цела година.

Секако во промоцијата влезе и најголемиот „Worgen Pro“ веб хостинг пакет, кој доаѓа со неверојатни 50GB SSD/NVMe простор, 2 CPU јадра и 2GB RAM меморија. На „Worgen Pro“ можете да хостирате неограничен број на домени/веб страници по цена од само 3.149 денари, за цела година.

Промоцијата важи исклучиво за нови корисници и домени кои никогаш досега не биле хостирани во Земи.мк.

Со закуп на некој од „Pro“ основните хостинг пакети од Земи.мк ви следува бесплатна регистрација на .mk домен во првата година, кој од следната се обновува по актуелната цена за обнова на .mk домени, или 549 денари за една година.

Промоцијата можете да ја погледнете на следниот линк: https://zemi.mk/hosting.aspx

За да пребарате дали саканиот домен е слободен за регистрација појдете на следниот линк: https://zemi.mk/search.aspx