Zemk.mk – Блог

Posts in the домен category

Оваа празнична сезона пристигаат новите „ELF“ пакети, со подарок, бесплатна регистрација на .mk домен!

Elf / 7GB простор, неограничен сообраќај и бесплатна регистрација на .mk домен – 999 денари.

Elf Pro / 15GB простор, неограничен сообраќај и бесплатна регистрација на .mk домен – 1.999 денари.

Elf Pro Plus / 50GB простор, неограничен сообраќај и бесплатна регистрација на .mk домен – 4.499 денари.

Пакетите имаат можност за хостирање на 1 домен (веб сајт) и доаѓаат со бесплатен Auto SSL сертификат и многу други напредни можности.

 

Како да ја искористите оваа понуда? Посетете ја промотивната страница, изберете го саканиот „Elf“ Веб хостинг пакет и продолжете кон наплата.

Празничната сезона е вистински момент за нови почетоци!

 

Правила за користење на акцијата:

– „Elf“ хостинг пакетите ќе бидат достапни до 15-ти јануари, до 23.59 часот. Не ја пропуштајте можноста да го подобрите вашето онлајн присуство!

– Промотивните „Elf“ хостинг пакети се достапни исклучиво за нови корисници со новорегистриран .mk домени.

– Примарниот домен за „Elf“ хостинг пакетите не може да биде променет во првата година од активацијата на пакетот.

 

Повеќе детали за пакетите можете да најдете на следниот линк: https://zemi.mk/xmas-hosting.aspx

За да регистрирате .mk домен по цена од 399 денари појдете на следниот линк.

Искористете ја акцијата за Cyber Monday и закупете нов или обновете го постоечкиот хостинг пакет во Zemi.mk по цена пониска за 15%!

За да го сторите тоа искоритете го купонот за попуст CM2315 во кошничката или при наплата.

Акцијата важи за нови и постоечки клиенти на Zemi.mk и ќе биде активна денес, понеделник 27. ноември, до 23.59 часот.

За да ги разгледате нашите хостинг пакети појдете на следниот линк.

Купон за попуст е кратка „лозинка“ со чие активирање при купување на услуги од Земи.мк можете да искористите одреден попуст.

  • Доколку купувате услуги.

При купување на услуги, кодот за попуст потребно е да го активирате додека сте во кошничката, пред да преминете кон наплата. (Види фотос). Внесете го купонот во соодветното поле и кликнете на „Активирај“. Доколку купонот е валиден веднаш ќе ви биде пресметан попустот.
kupons-za-popust-zemimk

  • Доколку обновувате услуги

За да искористите купон за попуст при обнова на услуги, какви што се обнова за домени или Веб хостинг пакет, по кликање на копчето „Обнови“ во контролниот панел, ќе бидете пренасочени кон страната за избор на период на обнова под што се наоѓа и линкот за активирање на кодот за попуст (види фотос). Со кликање на линкот „Имате купон за попуст?“ ќе ви се отвори полето за внес на купонот. Внесете го и кликнете „Плати“. Со ова ќе ви биде ирачунат попустот и вметнат во конечната сума за наплата. Користење на попуст за обнова е возможно само доколку плаќањето се изврши онлајн со платежна картичка.

kupons-za-popust-obnova-zemimk

Оваа недела (14.02.2021), за Денот на вљубените, искористете ја промоцијата и регистрирајте .МК домен по цена пониска за 20%, или само 639 денари. Сѐ што треба да направите е при наплата да го внесете кодот за попуст „EdnoSrceImam“.

Кодот за попуст ќе биде активен само на ден 14.02.2021-ва година.

Попустот важи само за онлајн плаќања направени на 14.02.2021 користејќи го кодот за попуст „EdnoSrceImam“.

Покрај стандардната понуда на .мк домени, Земи.мк стана регистрар и за генеричките интернационални домени.

Цената како и листата на сите достапни домени за регистрација можете да ја погледнете на следниот линк.

Од најпопуларните ги издвојуваме .com, .net, .org и .co кои можете да ги регистрирате по цена од само 899 денари за цела година.

Овој „Црн Петок“ закупете веб хостинг од Земи.мк, по цени пониски за цели 80%. Само на 23.11.2018 купете хостинг за цела година по цени почнувајќи од само 199 денари.

Акцијата е наменета за нови корисници или проекти. Забрането е на хостинг пакетите купени на 23.11.2018 година да се хостираат домени кои веќе еднаш биле хостирани во Земи.мк.

За време на акцијата не следува бесплатен .мк домен со пакетот Linux/Worgen, кој е дел од пакетот кога истиот е на продажба по стандардната цена.

Акцијата почнува на 23-ти ноември во 00.00 часот, а завршива во 23.59 истиот ден.

Закупете, стабилен и брз веб хостинг со 50% попуст и уживајте во летото без проблеми!

Акцијата трае од 27.04.2018 година, до распродажба на слободните акаунти на активните споделени (shared) хостинг сервери.

При акцијата, сите хостинг пакети кои вклучувале бесплатен .мк домен ја немаат таа поволност.

Количините се ограничени.

Од следната година, хостинг пакетите ќе се обновуваат по регуларна цена.

На наше огромно задоволство ви ја претставуваме Андроид апликацијата за управување со услугите од Zemi.mk :).

 

screenshot_2016-11-22-13-27-40 screenshot_2016-11-22-13-27-51

 

Доколку вашите .mk домени се веќе на вистинската платформа, Земи.мк, и поседувате Андроид телефон, топло ви препорачуваме да ја инсталирате апликацијата. Со најава на апликацијата со вашето Земи.мк корисничко име и лозинка, во секој момент добивајте известувања за истекување на валидност на домен или веб хостинг пакет на вашиот смартфон.

Покрај известувањата за истекување на некоја од услугите од Земи.мк го креиравме и „Up-time Роботот“ кој е во функција да проверува дали вашата веб страница е достапна за јавноста или е потребно ваше внимание. Со помош на Up-time роботот, автоматски вршите проверка на секои 5 минути дали страниците се достапни. Истиот можете да го вклучите или исклучите за секој домен поединечно.

Овозможивме и обнова на услуги преку апликацијата со онлајн наплата. Како и промена на детали за домени, како што се технички или административни контакти и именски опслужувачи.

 

screenshot_2016-11-22-13-28-52 splash

 

Преку апликацијата ќе можете да вршите и пребарување за .mk домени со детален WhoIs извештај.

Истата можете да ја превземете од следниов линк. Или побарајте ја на Google Play со клучен збор „Zemi.mk“

Апликацијата е развиена од Vortechs Media ДОО, Валандово.
Развој: Александар Манев
Дизајн: Столе Китановиќ
Веб Сервис: Костадин Стојчев

Обновата на домени во Zemi.mk се врши со платежна картичка или на фактура преку контролниот панел на системот (кликнете овде за влез во контролниот панел).

Потоа од листата на кликнете на линкот „Детали“ за доменот кој сакате да го обновите.

detali

На новоотворената страна кликнете на „Обнови домен“ под датата на валидност на доменот.

obnova

Оттука изберете за колку години ќе го обновите доменот, начин на плаќање и преминете кон делот за наплата.

Постапката е иста за сите домени во .mk зоната (.mk, .com.mk, .org.mk, .net.mk, .inf.mk) како и за .мкд националниот кириличен домен.

Регистрацијата на домени во Zemi.mk се врши во само три едноставни чекори.

Најпрвин најавете се на системот. Доколку немате креирано кориснички налог истиот можете да го направите преку формата за регистрација која се наоѓа овде.

Откако ќе се најавите од менито „Домени“ изберете го подменито „Пребарување“. Овде можете да проверите дали саканиот домен е слободен и достапен за регистрација.

Доколу доменот е слободен ќе пристапите кон страницата на која може да го изберете саканиот домен за регистрација од повеќе понудени можности. Со кликање на копчето „Додади во кошничка и продолжи кон сетирање“ ќе преминете на страницата за подесување на контактите за доменот и именските опслжувачи. Покрај тоа на истата страница можете да изберете и начин на плаќање, помеѓу плати „На фактура“ или „Со платежна картичка“.

Доколку се одлучите да платите на фактура ќе ви биде генерирана профактура, која, ќе ви биде достапна за превземање, а истата ќе ви биде доставена и на мејл адресата со која што се регистриравте на Zemi.mk. Доменот ќе биде регистриран откако ќе се утврди уредна наплата за услугата.

Доколку изберете да платите електронски, со платежна картичка, доменот ќе биде инстантно регистриран и достапен за користење и управување веднаш.

Со кликање на копчето „Продолжи понатаму“ доколку ја избравте опцијата за плаќање на фактура ќе ви биде потврдена нарачката, а профактурата испратена на мејл адресата.

Во спротивно ќе бидете префрлени во кошничката од каде можете да преминете кон плаќање со платежна картичка.

Zemi.mk НЕ чува податоци од вашата платежна картичка. Целиот процес за наплата се одвива преку системот на Уни Банка со која имаме склучено договор за соработка и е задолжена за процесирање на електронското плаќање.