Zemk.mk – Блог

Posts in the попуст category

Од денес активен е NC2022 промо кодот за попуст од 20% на Pro хостинг пакетите од Земи.мк. За да го активирате, при додавање на хостинг услугата во кошничка, внесете го кодот во полето за „Купон за попуст“, а со кликање на копчето „Активирај“ попустот ќе биде аплициран на сумата.

Промоцијата е временски ограничена и важи само за нови корисници и домени кои никогаш не биле хостирани во Земи.мк.

Купон за попуст е кратка „лозинка“ со чие активирање при купување на услуги од Земи.мк можете да искористите одреден попуст.

  • Доколку купувате услуги.

При купување на услуги, кодот за попуст потребно е да го активирате додека сте во кошничката, пред да преминете кон наплата. (Види фотос). Внесете го купонот во соодветното поле и кликнете на „Активирај“. Доколку купонот е валиден веднаш ќе ви биде пресметан попустот.
kupons-za-popust-zemimk

  • Доколку обновувате услуги

За да искористите купон за попуст при обнова на услуги, какви што се обнова за домени или Веб хостинг пакет, по кликање на копчето „Обнови“ во контролниот панел, ќе бидете пренасочени кон страната за избор на период на обнова под што се наоѓа и линкот за активирање на кодот за попуст (види фотос). Со кликање на линкот „Имате купон за попуст?“ ќе ви се отвори полето за внес на купонот. Внесете го и кликнете „Плати“. Со ова ќе ви биде ирачунат попустот и вметнат во конечната сума за наплата. Користење на попуст за обнова е возможно само доколку плаќањето се изврши онлајн со платежна картичка.

kupons-za-popust-obnova-zemimk

Оваа празнична сезона, сите нови корисници кои сакаат да станат дел од Земи.мк семејството можат да го сторат тоа по неодоливи празнични цени со 33% попуст.

Од 15-ти декември, до 15-ти јануари 2021-година, основните Линукс веб хостинг пакети и понатаму доаѓаат со бесплатен .мк домен, но сега и со значително пониски цени. И тоа, 999 денари за цела година за Gnome XL пакетот, 1.749 денари за Tauren XL и неверојатни 2.799 денари за мега пакетот Worgen XL, кој доаѓа со неверојатни 50GB NVMe SSD простор.

Оваа понуда важи за домени кои до сега никогаш не биле хостирани во Земи.мк.

 

Овој „Црн Петок“ закупете веб хостинг од Земи.мк, по цени пониски за цели 80%. Само на 23.11.2018 купете хостинг за цела година по цени почнувајќи од само 199 денари.

Акцијата е наменета за нови корисници или проекти. Забрането е на хостинг пакетите купени на 23.11.2018 година да се хостираат домени кои веќе еднаш биле хостирани во Земи.мк.

За време на акцијата не следува бесплатен .мк домен со пакетот Linux/Worgen, кој е дел од пакетот кога истиот е на продажба по стандардната цена.

Акцијата почнува на 23-ти ноември во 00.00 часот, а завршива во 23.59 истиот ден.

Закупете, стабилен и брз веб хостинг со 50% попуст и уживајте во летото без проблеми!

Акцијата трае од 27.04.2018 година, до распродажба на слободните акаунти на активните споделени (shared) хостинг сервери.

При акцијата, сите хостинг пакети кои вклучувале бесплатен .мк домен ја немаат таа поволност.

Количините се ограничени.

Од следната година, хостинг пакетите ќе се обновуваат по регуларна цена.