Zemk.mk – Блог

Posts in the striming category

Најпрвин инсталирајте го Winamp

За превземање на Winamp кликнете овде

и превземете го ShoutCast DSP додатокот за Winamp за Windows оперативен систем.

Откога ќе го инсталирате DSP додатокот, стартувајте го Winamp, отворете ги сетинзите (или Preferences) (CTRL+P) и кликнете на подкатегоријата DSP/Effects од Plug-ins. Погледнете ја сликата подолу.

 

dspplug

 

Доколку во десниот дел од прозорецот го гледате Nullsoft SHOUTcast Source DSP додатокот, значи дека истиот успешно сте го инсталирале. Кликнете го за да ги отворите подесувањата за истиот.

SHOUTcast Source DSP

Изберете го “Output” табот од DSP прозорецот. Изберете “Output 1” од листата и, соодветно пополнете ги следниве полиња.

Server Address: IP адресата или HOST кој ви е доделен од Земи.мк

Port: Портата која ви е доделена од Земи.мк

Password: Лозинката за извор (Source Password) која ви е доделена од Земи.мк. Истата можете да ја промените со најава на Centova Cast панелот.

 

shouthostdspinfo-1

 

 

Yellowpage подесувања (детали за радио станицата)

Кликнете на”Directory” табот.
Доколку сакате вашиот стриминиг да биде излистан во SHOUTcast директориумот, штиклирајте го полето “Make this server public” и пополнете ги останатите полиња соодветно.

 

shoutcastdspdirectory

 

Encoder подесувања (избор на формат за стримување)
Кликнете на “Encoder” табот.
Типот на енкодер може да биде MP3 или AAC+, нашите сервери ги подржуваат и двата.
MP3 е солиден аудио формат и е подржан  од речиси секој аудио плеер. AAC+ е подржан од Winamp и Windows Media Player (со додаток), но на помал квалитет (битрејт) звучи многу подобро од mp3. Изберете паметно.
Во Encoder Settings паѓачкото мени, изберете  го битрејтот кој сте го нарачале од нас и, осигурајте се дека “Stereo” е штиклиран.

Забелешка: Доколку се обидувате да стримувате со поголем битрејт од нарачаниот нема да можете да се конектирате, а вашиот сервер можно е самиот да се исклучи, по што е потребно повторно да се стартува од Centova Cast панелот.

 

shoutcastdspencoder

 

Подесувања за влез  (изберете го влезниот аудио извор)
Кликнете на “Input” табот. Изберете дали аудио (музика) ќе репродуцирате преку Winamp или некој влезен уред преку специфични подесувања на звучната картица. Секоја звучна картица е различна. За повеќе детали за вашата звучна картица појдете на официјалната веб страница на производителот или дистрибутерот.

 

shoutcastdspinput

 

Вратете се на “Output” табот. Осигурајте се дека “Output 1” е селектиран, штиклирајте го “Auto Connect” полето и кликнете на “Connect” копчето. Во статус полето над копчето, би требало да се испиша времето и “Sent xxxx bytes”.
Ви честитаме, започнавте со аудио стримингот!

 

shoutcastdspconnect