Бесплатна WHOIS заштита за сите активни .mk домени
- By zemimk
- In Инфо
- With No Comments
- Tagged with .mk domen whois заштита
- On 20 Мар | '2026
Отсега, одатоците за активните .mk домени се заштитени од јавен приказ во WHOIS системот на МАРнет, а оваа промена важи бесплатно за сите активни домени.
Конкретно, повеќе не се јавно достапни чувствителните податоци за регистрантот и контактите, како што се:
– телефонски број
– улица, број и поштенски код
Останатите информации, како име и презиме или име на компанија и е-маил адресата (во заштитен формат, со цел да се намали злоупотребата и автоматското собирање на податоци), остануваат видливи.
Ова претставува позитивен исчекор за .mk екосистемот и за сите негови учесници, МАРнет, регистраторите, регистрантите и целата домашна онлајн заедница. Поголемата приватност значи подобра заштита на корисниците и посовремен пристап кон управувањето со домените.
Во Zemi.mk ја поздравуваме оваа промена и продолжуваме да работиме во интерес на нашите корисници и на развојот на .mk интернет просторот.