Zemk.mk – Блог

Posts in the zabrzaj go wordpress category

Дополнително оптимизирајте ја вашата WordPress веб страница со Redis кеширање.

Пред да започнете со активирање на Redis кеширањето појдете во Select PHP Version алатката на cPanel и осигурајте се дека Redis и Memcached екстензиите се вклучени.

За почеток најавете се на cPanel и отворете ја Redis алатката па кликнете „Start“. По стартување ќе ви биде генерирана порта и лозинка.

redis-zemi-mk

Откако ќе ги добиете овие податоци, отворете ја вашата WordPress контролна табла, и доколку сѐ уште не сте, инсталиеајте го LiteSpeed Cache плагинот. (https://wordpress.org/plugins/litespeed-cache/)

По инсталација на LiteSpeed Cache плагинот, отворете ги подесувањата и појдете во Object табот и кликнете на ON за да го вклучите.

litespeec-cache-redis-zemi-mk

Во подесувањата изберете Memcached или Redis, во нашиот случај Redis и внесете ги деталите кои ги добивме претходно. Полете за косирничко име (Username) оставете го празно и кликнете „Save changes“.

redis-za-wordpress-lscache-zemi-mk

Доколку подесувањето е успешно во делот „Connection test“ ќе се испише „Passed“.

connection-test-redis-zemi-mk

Оптимизацијата на WorsPress страница бара техничко познавање. Но, во продолжение неколку дополнителни едноставни совети кои можете да ги проследите и без вашиот веб девелопер.

Кога го имате подесено Redis или Memcached кеширањто преминете на бришење на непотребни плагини. Голем број на плагини можат значително да го забават вчитувањето на секоја WordPress страница. Постојат додатоци како UsageDD и Plugins Garbage Collector кои можат да ви помогнат при пронаоѓање на проблематични плагини и процеси.

Овозможете CloudFlare за вашата страница. Како да активирате CloudFlare можете да прочитате на следната објава https://zemi.mk/blog/kako-da-aktiviram-cloudflare/

Актвирајте Gzip Compression. Ова можете да го сторите преку „Optimize Website“ алатката на cPanel или со додавање на следните правила во вашиот .htaccess фајл:

<IfModule mod_deflate.c>
# Compress HTML, CSS, JavaScript, Text, XML and fonts
AddOutputFilterByType DEFLATE application/javascript
AddOutputFilterByType DEFLATE application/rss+xml
AddOutputFilterByType DEFLATE application/vnd.ms-fontobject
AddOutputFilterByType DEFLATE application/x-font
AddOutputFilterByType DEFLATE application/x-font-opentype
AddOutputFilterByType DEFLATE application/x-font-otf
AddOutputFilterByType DEFLATE application/x-font-truetype
AddOutputFilterByType DEFLATE application/x-font-ttf
AddOutputFilterByType DEFLATE application/x-javascript
AddOutputFilterByType DEFLATE application/xhtml+xml
AddOutputFilterByType DEFLATE application/xml
AddOutputFilterByType DEFLATE font/opentype
AddOutputFilterByType DEFLATE font/otf
AddOutputFilterByType DEFLATE font/ttf
AddOutputFilterByType DEFLATE image/svg+xml
AddOutputFilterByType DEFLATE image/x-icon
AddOutputFilterByType DEFLATE text/css
AddOutputFilterByType DEFLATE text/html
AddOutputFilterByType DEFLATE text/javascript
AddOutputFilterByType DEFLATE text/plain
AddOutputFilterByType DEFLATE text/xml

# Remove browser bugs (only needed for really old browsers)
BrowserMatch ^Mozilla/4 gzip-only-text/html
BrowserMatch ^Mozilla/4\.0[678] no-gzip
BrowserMatch \bMSIE !no-gzip !gzip-only-text/html
Header append Vary User-Agent
</IfModule>
<ifModule mod_gzip.c>
mod_gzip_on Yes
mod_gzip_dechunk Yes
mod_gzip_item_include file \.(html?|txt|css|js|php|pl)$
mod_gzip_item_include mime ^application/x-javascript.*
mod_gzip_item_include mime ^text/.*
mod_gzip_item_exclude rspheader ^Content-Encoding:.*gzip.*
mod_gzip_item_exclude mime ^image/.*
mod_gzip_item_include handler ^cgi-script$
</ifModule>

 

Оптимизирајте ги сликите на вашата страница. За тоа може да искористите додаток каков што е Smush – Optimize, Compress and Lazy Load Images.

Оптимизитајте ја WordPress датабазата со WP-Optimize додатокот.

Смалете (minify) ги JS и CSS фајловите со користење на плагинот Autoptimize

За проверка на перформансите на вашата страница во процесот на оптимизација можете да користите сервиси како:

https://gtmetrix.com
https://developers.google.com/speed/pagespeed/insights/
https://tools.pingdom.com