За Zemi.mk

Како регистратор за .mk и .мкд домени, се стремиме да им понудиме на нашите корисници цени и услуга кои навистина ги заслужуваат. Од 799 денари за регистрација на .mk домен, цената е поставена на ниво на цени за генерички домени (.gTLD) домени, а нудиме и бесплатен трансфер на домен од други регистратори кон Zemi.mk.

Како дополнување на нашата понуда, обезбедуваме и сигурни и стабилни веб хостинг пакети, како и dedicated сервери кои ги исполнуваат сите стандарди за хостирање на вашите веб страници. Нашите Linux веб хостинг пакети, покрај стандардните функционалности, вклучуваат и една од најдобрите SMTP Cloud услуги за беспрекорна комуникација и деловна испорака за вашата компанија.

Нашите корисници во секое време можат да ја контактираат нашата професионална корисничка поддршка и да добијат одговор и решение за секој проблем со кој се соочуваат.

Покрај стандардната поддршка, нашиот тим ќе ви помогне и за било какви проблеми со вашата WordPress или Joomla инсталација. Доколку веќе ја хостирате вашата веб страница кај друг хостинг провајдер и сакате да преминете на некој од пакетите на Zemi.mk, нашиот тим ќе ја изврши миграцијата за вас целосно бесплатно!

За управување со вашите .mk домени, хостинг пакети и плаќања, користиме целосно нов контролен панел за управување со услуги. Преку него можете да правите промени на именските опслужувачи на вашите домени, да ги прегледувате сите ваши фактури, да ажурирате информации за домените, да управувате со активни сметки и многу повеќе.