-
1. Вовед
Со цел да обезбедиме брз, едноставен и сигурен начин за регистрација на .mk домени, Zemi.mk овозможува електронско потпишување на Барање за регистрација на .mk домен преку мобилната апликација Evrotrust.
Процесот е целосно дигитален – без печатење, без физичко потпишување и без испраќање документи по пошта. Можете од било каде и во било кое време да го потпишете своето барање и веднаш да ја финализирате регистрацијата.
-
2. Evrotrust и eIDEasy – Технологијата зад процесот
За далечинско електронско потпишување, Zemi.mk користи два интегрирани сервиси:
- Evrotrust – акредитиран давател на доверливи услуги и квалификувани електронски потписи, управуван од Evrotrust Technologies AD (Бугарија). Evrotrust е усогласен со Регулативата (ЕУ) 910/2014 (eIDAS), што гарантира правна важност на електронските потписи во целата ЕУ.
- eIDEasy – сервис за автоматско генерирање и управување со електронски потписи, кој ја поврзува Evrotrust со нашата регистрациона платформа. Развиен од SignWise Services OÜ (Естонија) и целосно усогласен со eIDAS.
Комбинацијата Evrotrust + eIDEasy обезбедува процес кој е безбеден, законски усогласен и едноставен за крајниот корисник.
-
3. Како да ја инсталирате и користите мобилната апликација Evrotrust?
За да можете бесплатно да го потпишете вашето Барање за регистрација на .mk домен, инсталирајте и активирајте ја апликацијата Evrotrust на вашиот мобилен уред.
- Преземете и инсталирајте ја апликацијата од App Store, Google Play или Huawei AppGallery.
- Регистрирајте се со вашите лични податоци и завршете ја верификацијата во апликацијата.
- Активирајте/поврзете квалификуван електронски потпис според насоките за идентификација.
- При поднесување на Барање на Zemi.mk, внесете го телефонскиот број со кој сте регистрирани на Evrotrust.
- Ќе добиете известување во Evrotrust дека имате документ за потпишување.
- Отворете ја апликацијата, прегледајте и потпишете го документот.
- Системот автоматски нè известува дека Барањето е потпишано, a по проверка, доменот се регистрира.