Zemk.mk – Блог

Posts in the WordPress category

Кога извршувате апликација, скрипта, плагини, па дури и прикачувате датотека или тема преку PHP (WordPress или некоја друга скрипта), понекогаш може да се соочите со грешка кога ќе надмините некое ограничување поставено од вашиот веб-сервер. Во овој туториал ќе научите како да ја поправите грешката со зголемување на максимално дозволената големина за прикачување на датотеки upload_max_filesize преку вашиот Zemi.mk cPanel.

За да го направите ова најпрво најавете се на вашиот Zemi.mk cPanel потоа во делот Software избирате MultiPHP INI Editor:

cpanel-max-upload-filesize-cekor-1

Следно од листата го избирате доменот за кој сакате да ја промените вредноста на upload_max_filesize:

cpanel-max-upload-filesize-cekor-2

По избор на доменот во долниот дел од отворената страница барате upload_max_filesize, од десно ја внесувате новата посакувана вредност и за крај кликате „Apply“. Буквата „М“ означува мегабајти (Mb).

cpanel-max-upload-filesize-cekor-3

Доколку сеуште имате проблем при прикачувањето на датотеки обидете се со промена на upload_max_filesize преку .htaccess фјалот. Туторијалот за промена на upload_max_filesize  преку .htaccess можете да го прочитате на следниот линк.

Добредојдовте во уште еден туторијал за тоа Како да промените WordPress тема преку „myphpadmin“ брзо и лесно.

Пред да започнеме со промена на тема најпрво треба да ја најдеме локацијата каде вашата WordPress страница е инсталирана. Доколку сеуште немате инсталирано WordPress тоа можете да го направите брзо и едноставно со следење на упатството од следниот линк.

Промена на WordPress тема преку „myphpadmin“ е толку едноставно што целата процедура е во два чекори.

Чекор 1 – Oтворете „File Manager“

Отворето го фајл менаџерот „File Manager“ од вашиот Zemi.mk cPanel контролен панел.

myphpadmin-step-1

Првото нешто што треба да направите е да го пронајдете името на вашата база на податоци од WordPress страницата за која сакате да промените тема. За да го направите ова, одете до „File Manager-от“, отворете ја датотека wp-config.php во вашиот директориум public_html. Најдете го најдете името на базата што вашата веб страница ја користи со брање на редот со код каде има напишано DB_NAME:

myphpadmin-step-2

Додека сме во „File Manager-от“ следно ќе ја отвориме локацијата на директориумите каде се поставуваат фајловите од темите кој се достапни на вашата WordPress инсталација. За да го направиме ова потребно е да влеземе во директориумот со следната патека /wp-content/themes. Овде ќе ги најдете сите достапни теми кои можат да бидат активирани на вашата WordPress страница. Ќе претпоставиме дека сакаме да ја активираме темата „newsport“.

myphpadmin-step-3

 

Чекор 2 – Oтворете „myphpadmin“

Следен чекор што треба да направите е преку cPanel контролниот панел на Zemi.mk, најдете ја алатката „myphpadmin“ и отворете ја.

myphpadmin-step-4

Откако ќе влезете во „myphpadmin“ од лева страна ќе ви бидат излистани сите бази на податоци кои ги имате креирано преку вашиот хостинг. Со инсталација на WordPress автоматски се креира базата потребна за работа. Ја наоѓате базата со исто име од DB_NAME од чекор еден и кликате на знакот „+“. Со кликање на плусот ќе се отворат сите табели креирани во таа база, ја наогате табелата „wp_options“ и ја избирате истата со кликање на неа. Потоа низ колоните ги барате „template“ и „stylesheet“ редовите за кои ќе имате вредност иста со името на моментално активната тема:

myphpadmin-step-5

Тоа што треба следно да се направи е да кликнете два пати на името на темата кое во моментов е внесено во табелата и да го заменет со името на темата која сакате сега да ја активате. Во случајов „newsport“.

myphpadmin-step-6

За зачувување само кликнете надвор од текстуалното поле.

Честитки, сега вашата WordPress тема е променета.

Доколку сакате да знаете како да активирате нова тема преку самата WordPress платформа проследете го упатството на следниот линк.

Овој туториал ќе ви помогне при инсталацијата и активирање на WordPress тема. Инсталацијата на темата може да биде на два начини и тоа со избор од каталогот на теми преку самиот WordPress или со прикачување на тема која ја имате купено од трета страна. За избор на платени премиум теми советуваме да разгледате на ThemeForest или TemplateMonster.

Најпрво ќе го објасниме процесот за инсталација на тема од каталогот на теми на WordPress.

Чекор 1

По успешна најава на администраторскиот дел од WordPress од менито од лева страна избирате Appearance->Themes или доколку е на македонски јазик Изглед->Теми.

wordpress-tema-chekor-1

Чекор 2

Ова ќе ве однесе во делот „Appearance“ или на македонски „Изглед“ на WordPress каде се листаат моментално инсталираните теми на вашиот WordPress. За да додадете нова тема избирате „Add New“. Ова копче најчесто е најдолу.

wordpress-tema-dodadi-tema-chekor-2

 

Чекор 3

Овде можете да пребарувате тема со користење на „Feature filter“ напредниот филтер и за крај избирате „Apply Filters“. Следно ќе ви се излистаат темите филтрирани според избраните карактеристики во филтерот претходно. Откако ќе ја изберете темата која ви се допаѓа кликате „Install“.

wordpress-tema-dodadi-tema-chekor-4

 

Чекор 4

Инсталацијата на темата може да потрае зависно од тоа колку е истата голема. Откако темата ќе се инсталира потребно е да ја активирате со кликање на копчето „Activate“.

wordpress-tema-dodadi-tema-chekor-5

Сега темата е активна и можете да продолжите со нејзино користење.

 

Што да направите доколку веќе имате купено тема и сакате истата да ја прикачите и активирате на вашата WordPress страна?

Доколку веќе сте купиле тема и истата ја имате на вашиот локален компјутер потребно е да ја прикачите и активирате. Првиоте два чекори се исти како претходно поради што нема да ги повторуваме.

Чекор 3

На овој чекор потребно е да ја прикачиме темата од локален компјутер. Темата треба да биде во компресиран фајл (.zip). За тоа да го направиме потребно е да кликнеме на копчето „Upload Theme“, го одбираме .zip фајлот до темата и го прикачуваме.

wordpress-upload-tema-dodadi-tema-chekor-1

Во процесот на прикачување на темата задолжително чувајте го прозорецот од вашиот пребарувач отворен, во спротивно прикачувањето нема да биде успешно. Откако темата ќе се прикачи целосно истата ја активираме исто како и на Чекор 4 од претходно.

Забелешка:

При процесот на прикачување на темата многу често може да се случи грешка поради надминат максимланиот лимит за прикачување (Upload Max Filesize). За да го зголемите максимално дозволениот лимит за прикачување на фајл прочитајте го упатството од следниот линк.

 

Доколку се прашувате како сами да креирате веб страница, а притоа немате техничко познавање, нути знаете програмски јазици или да дизајнирате веб страни, имаме добри вести за вас. Погледнете го нашиот последен видео туторијал за тоа како самите, без буџет, да направите веб сајт, со помош на бесплатни алатки и алатките кои ви се достапни со хостинг пакетите од Земи.мк.

Во овој туторијал ги користевме WordPress, бесплатниот „влечи и спушти“ веб билдер „Elementor“, како и бесплатна WordPress тема, „Astra“.

Креирањето на веб страница со триото WordPress, „Елементор“ и „Астра“ е навистина едноставно и интуитивно. Се што ви е потребно е малку фантазија и желба. Кој знае, можеби во вас се крие следниот македонски веб дизајнер на годината. Направете си дупло еспресо и почнуваме!

 

За креирање на страница со „Елементор“ претходно, потребно е да имате инсталирано WordPress на вашиот домен. Како да инсталирате WordPress можете да прочитате овде.