Zemk.mk – Блог

Veb Cenovnik е бесплатен WordPress додаток развиен од Zemi.mk кој овозможува лесно и професионално управување со ценовници и производи на вашата веб-страница.

Решението е прилагодено на потребите на трговци и компании кои имаат обврска да објавуваат цени на транспарентен начин, согласно важечките регулативи.

Преземте го додатокот на следниот линкhttps://cloud.zemi.mk/s/yXdnjEL3kPwxp5m

Основни функционалности

  • Управување со повеќе ценовници / продажни објекти

  • CSV импорт на производи со мапирање на полиња

  • Автоматска страница “Цени” со табела

  • Пребарување, сортирање и категоризација


Поддржано на сите хостинг пакети на Zemi.mk

Veb Cenovnik е комплетно поддржан на сите веб хостинг пакети од Zemi.mk, без разлика дали користите Solo, Business или Premium Unlimited пакет. Без дополнителни конфигурации – само активирајте и почнете да работите.

Ако немате WordPress инсталација, погледнете го нашиот водич: https://zemi.mk/blog/kako-da-instaliram-wordpress/

Како да го инсталирате Veb Cenovnik

  1. Преземете го додатокот од: https://cloud.zemi.mk/s/yXdnjEL3kPwxp5m

  2. Логирајте се во вашиот WordPress административен панел

  3. Одете во Plugins → Add New → Upload Plugin

  4. Изберете го .zip фајлот и кликнете Install Now

  5. Активирајте го додатокот и пристапете до менито Ценовници

  6. Автоматски ќе се креира и страница „Цени“ со интегрирана табела

За кого е наменет?

  • Трговци на мало – физички продавници, маркети, бутици, технички продавници, аптеки, салони и слично.
  • Сопственици на мали и средни бизниси кои продаваат производи и се обврзани според правилникот да имаат јавно достапен ценовник на својата веб-страница.
  • И потенцијално и за големи трговци кои уште немаат решено ова технички или имаат повеќе продажни објекти и сакаат едноставно управување со продукти и ценовници.

Zemi.mk обезбедува редовни надградби и техничка поддршка за сите корисници. Доколку ви е потребна помош, обратете се преку мејл на info@zemi.mk.


Veb Cenovnik — Стандарден начин за јавно објавување цени на WordPress страници, развиен со фокус на корисност, сигурност и усогласеност со локалните прописи.

Развиено од Zemi.mk — Омилениот национален .mk домен регистрар и хостинг провајдер.

Прекин во управувањето со .mk домени arrow-right
Next post

arrow-left Земи.мк ги претстави новите веб хостинг пакети: Solo, Business и Premium Unlimited!
Previous post

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *