Zemk.mk – Блог

Posts in the category

Отсега, одатоците за активните .mk домени се заштитени од јавен приказ во WHOIS системот на МАРнет, а оваа промена важи бесплатно за сите активни домени.

Конкретно, повеќе не се јавно достапни чувствителните податоци за регистрантот и контактите, како што се:

– телефонски број
– улица, број и поштенски код

Останатите информации, како име и презиме или име на компанија и е-маил адресата (во заштитен формат, со цел да се намали злоупотребата и автоматското собирање на податоци), остануваат видливи.
Ова претставува позитивен исчекор за .mk екосистемот и за сите негови учесници, МАРнет, регистраторите, регистрантите и целата домашна онлајн заедница. Поголемата приватност значи подобра заштита на корисниците и посовремен пристап кон управувањето со домените.

Во Zemi.mk ја поздравуваме оваа промена и продолжуваме да работиме во интерес на нашите корисници и на развојот на .mk интернет просторот.

DNS зоната е местото каде се запишани сите DNS записи за вашиот домен и преку неа се одредува каде ќе води доменот, каде ќе работи е-поштата и како ќе бидат поврзани другите услуги со него.

Во Земи.мк, начинот на кој ќе ја менувате DNS зоната зависи од тоа каде водат именските опслужувачи на доменот.

Доколку имате само домен и не користите хостинг пакет, со правилно поставување на именски опслужувачи, DNS записите можете да ги менувате преку вашиот кориснички профил. Ако именските опслужувачи на доменот се поставени кон хостинг пакетот што го користите, тогаш DNS промените се прават преку cPanel-от.

Овој водич ќе ви помогне лесно да препознаете кој начин е правилен за вас и како чекор по чекор да ја направите промената.

Кога DNS записите се менуваат преку кориснички профил?

Промената преку кориснички профил е соодветна кога имате домен и сакате DNS зоната да ја управувате директно од кирисничкиот панел на Земи.мк.

Ова е особено корисно кога корисникот на доменот не користи хостинг пакет, или кога корисникот има други надворешни сервиси за креирање на веб страница како Shopify, Loveble и сл.

Во таков случај, доколку се постават именските опслужувачи што се прикажани во панелот за DNS зона, односно n30.zemi.mk и n31.zemi.mk, можете да ја активирате DNS зоната и потоа да ги менувате DNS записите директно преку корисничкиот профил.

Кога DNS записите се менуваат преку cPanel?

Ако доменот користи исти именски опслужувачи кои водат кон хостинг пакетот што го имате, тогаш DNS зоната вообичаено се менува преку cPanel.

Ова значи дека доменот е поврзан со хостинг околината, па затоа управувањето со DNS записите се врши од самиот хостинг панел. Најчесто таму ќе ги менувате записите како A, CNAME, MX или TXT, особено ако доменот веќе има активна веб-страница или е-пошта на истиот хостинг.

Наједноставно кажано, ако DNS-от го управувате како самостоен домен, работите преку кориснички профил, а ако доменот е врзан со хостинг пакет и ги користи именски опслужувачи кои водат кон истиот, работите преку cPanel.

Како да ја измените DNS зоната преку кориснички профил на Земи.мк

Постапката е едноставна и се прави директно од вашиот кориснички профил.

Најпрво најавете се на вашиот профил на Земи.мк. Откако ќе се вчитa работната табла, од левото мени изберете Домени. Таму ќе ви се прикажат сите домени што ги имате на профилот.

Од листата кликнете на Детали за доменот за кој сакате да направите промени. Со тоа ќе се отвори страната со информации за избраниот домен, каде ќе ги видите основните податоци, именските опслужувачи и другите достапни опции за управување.

Потоа изберете Измени DNS зона.

Ако DNS зоната сè уште не е активирана, системот ќе ви прикаже информација дека за да ја користите DNS зоната, треба да ги поставите соодветните именски опслужувачи. Во овој дел ќе видите и кои именски опслужувачи треба да се користат, односно n30.zemi.mk и n31.zemi.mk.

Именските опслужувачи за доменот можете да ги измените во управувачкото мени за доменот одосно во Детали за доменот во делот на Именските осплужувачи изберете Измени


Откако ќе бидете на оваа страница, кликнете на Активирај DNS.

Тука е многу важно да се внимава на следново:
кога ќе започне активирањето, потребно е да се почека процесот целосно да заврши. Не ја рефреширајте страницата и не ја затворајте додека трае активирањето.

По успешно активирање, DNS зоната ќе стане достапна за уредување и ќе можете да ги гледате и менувате постоечките DNS записи.

Во табелата ќе ви се прикажат записите за доменот, а до секој запис ќе имате опција за измена. Кога ќе кликнете на уредување, се отвора форма во која најчесто ќе ги видите полињата:

Name – името на записот, односно доменот или поддоменот на кој се однесува записот
TTL – времето за освежување на записот
Type – типот на DNS записот
Address / Data – вредноста што сакате да ја внесете

Откако ќе ја направите потребната промена, зачувајте ги измените.

На овој начин можете да уредувате различни DNS записи, зависно од тоа што сакате да постигнете. На пример, ако сакате доменот да води до одредена IP адреса, најчесто ќе менувате A запис. Ако сакате поддомен да покажува кон друг домен, обично ќе користите CNAME. Ако подесувате е-пошта или верификација за некоја услуга, можно е да треба да додадете MX или TXT запис.

Како да ја измените DNS зоната преку cPanel

Доколку доменот користи исти именски опслужувачи како хостинг пакетот што го имате, тогаш DNS записите се менуваат преку cPanel.

За почеток, најавете се во cPanel на вашиот хостинг пакет. Во cPanel побарајте ја алатката за DNS менаџирање која е означена како Zone Editor.
Откако ќе ја отворите алатката, ќе ви се прикаже листа на домени што се поврзани со вашиот хостинг пакет. Изберете го доменот за кој сакате да правите промени.

Потоа можете да додадете нов запис или да измените постоечки. Во зависност од потребата, ќе изберете тип на запис, ќе го внесете името, вредноста и останатите потребни полиња, па ќе ги зачувате промените.

Секогаш прво проверете дали доменот навистина користи исти именски опслужувачи како хостинг пакетот. Тоа е најважниот чекор, затоа што од него зависи дали промената треба да се направи во корисничкиот профил или во cPanel.

Што е важно да знаете пред да направите DNS промена

DNS промените не секогаш се применуваат веднаш. Иако понекогаш измената може да стане видлива за кратко време, во одредени случаи потребно е повеќе време за целосно освежување.

Причината за тоа е што DNS записите се кешираат и се обновуваат според вредноста на TTL, како и според мрежите и провајдерите преку кои се прави проверката. Затоа е нормално кај некои корисници промената да се појави побрзо, а кај други подоцна.

Поради тоа, откако ќе направите промена, добро е да почекате извесен период пред да заклучите дека нешто не функционира. Особено ако менувате записи поврзани со веб-страница, е-пошта или верификациски сервиси.

Како да знаете кој начин е правилен за вас

Ако имате само домен и сакате директно од профилот да управувате со DNS зоната, активирајте ја DNS зоната во корисничкиот профил и користете ги именските опслужувачи што се наведени.

Ако доменот е веќе поврзан со хостинг пакет и ги користи истите именски опслужувачи како хостингот, тогаш DNS записите менувајте ги преку cPanel.

Кога ова ќе го разберете, целиот процес станува многу поедноставен и избегнувате да правите промени на погрешно место.

Промената на DNS зона не мора да биде комплицирана, ако однапред знаете каде треба да ја направите.

Доколку не сте сигурни кој DNS запис треба да го внесете или каде точно треба да ја направите промената, контактирајте ја поддршката на Земи.мк за насока пред да продолжите.

Во Zemi.mk секој хостинг пакет е веќе технички оптимизиран за WordPress, работи на LiteSpeed веб сервер и вклучува бесплатен SSL сертификат. За македонските бизниси, бесплатниот .mk домен што го добивате со нашите хостинг пакети е силен сигнал за локална релевантност и може да помогне за повисоко рангирање во Google Македонија.

Овој водич ви објаснува како сами да ги примените сите SEO чекови во WordPress, но и зошто секоја точка е важна, за да не правите оптимизација „на слепо“, туку со разбирање.

1. Оптимизација на слики — како и зошто

Зошто сликите треба да се именуваат описно пред да се качат?

Google и другите пребарувачи не „гледаат“ слики како луѓето. Тие ги разбираат преку:

  1. Името на фајлот (filename)

  2. ALT текстот

  3. Контекстот околу сликата (наслов, параграф, тема на страницата)

  4. Метаподатоци и брзина на вчитување

Кога сликата е именувана вака:

crn-petok-wordpress-hosting.mk.jpg litespeed-wordpress-brz-server-makedonija.png

Тоа му кажува на Google:

  • за што е сликата

  • на која тема припаѓа

  • дали е релевантна за пребарување по одреден keyword

Детално објаснување на SEO вредноста:

1. Подобро индексирање во Google Images

Описните имиња овозможуваат сликите да се појават кога корисникот пребарува поврзани термини. Ова носи дополнителен органски сообраќај.

2. Јасен тематски сигнал (Relevance Boost)

Ако страницата е за „WordPress хостинг“ и содржи слика именувана „wordpress-hosting.jpg“, пребарувачот добива конзистентен сигнал, што го зајакнува рангирањето.

3. Подобра пристапност (Accessibility = индиректен SEO фактор)

Screen readers и Google алгоритмите го користат ALT текстот, кој често автоматски се пополнува според filename ако корисникот не внесе ALT. Ако filename е добар, ALT стартната точка е веќе силна.

4. Побезбедно од over-optimization

Сликите треба да се именуваат описно, но не спамирано. Форматот со цртички е најчист и не го збунува алгоритмот:

✔ добро: veb-hosting-makedonija.jpg
✖ лошо: vebhostingmakedonija123!!!.jpg

5. Формат погоден за web performance

Името без специјални карактери ја намалува шансата за грешки на сервер и CDN, што е важно за стабилност и ползење.

Како правилно да ги оптимизирате сликите во WordPress?

Чекор 1: Именување пред upload

  • Користете латиница

  • Без празни места, наместо тоа → -

  • Описно и поврзано со темата

  • Клучниот збор природно вклучен

Пример шаблон:

tema-kluchen-zbor-opis.jpg

Чекор 2: Upload во Media Library

  1. Dashboard → Media → Add New

  2. Повлечете ја сликата или изберете ја од компјутер

  3. Почекајте целосно да се upload-ира

Чекор 3: Пополнување ALT текст

  1. Кликнете на сликата во Media Library

  2. Десно → Alternative Text (ALT)

  3. Внесете опис кој:

    • содржи keyword ако е релевантно

    • објаснува што е прикажано

    • не е предолг (до 125 карактери е идеално)

Пример:

WordPress хостинг оптимизиран на LiteSpeed сервер во Македонија

Чекор 4: Компресија и next-gen формати

Во Zemi.mk LiteSpeed средина најдобро функционира:

  1. LiteSpeed Cache → Media → Image Optimization

  2. Вклучете:

    • Generate WebP Versions → ON

    • Lazy Load Images → ON

  3. Кликнете Optimize Images

(или ако не користите LSC plugin за оптимизација, инсталирајте image optimizer како ShortPixel, Imagify или Optimole)

Чекор 5: Проверка дали се вчитуваат WebP

  1. Отворете го сајтот

  2. Десен клик на слика → Open image in new tab

  3. Ако URL завршува со .webp → оптимизацијата работи

2. URL оптимизација — објаснување и имплементација

Зошто URL-ата треба да бидат чисти и со клучни зборови?

URL-то е еден од првите SEO сигнали што Google ги чита. Треба да биде:

  • кратко

  • разбирливо

  • описно

  • со главниот keyword

Пример:

https://zemi.mk/wordpress-hosting-makedonija

Ова е важно затоа што:

  1. CTR се зголемува
    Корисниците повеќе кликаат на URL што го разбираат

  2. Тематска релевантност
    Keyword во URL = силен сигнал за рангирање

  3. Site Architecture
    Категории и подстраници во логичен ред му помагаат на Google да разбере што е важно

Како да ги наместите permalink-ите во WordPress?

  1. Dashboard → Settings → Permalinks

  2. Изберете:

    Post name
  3. Save Changes

Како да го смените URL-то на пост/страница?

Кога креирате пост или страница:

  1. Dashboard → Posts или Pages → Add New

  2. Кај насловот ќе видите:

    Permalink: https://vasiodomen.mk/?p=123
  3. Кликнете Edit

  4. Внесете URL slug:

    kluchen-zbor-opis

    Пример:

    wordpress-hosting-makedonija
  5. Зачувајте

3. Брзина и хостинг — дали е точно дека влијае на рангирање?

Да. Брзината е SEO фактор бидејќи:

  • влијае на Core Web Vitals

  • влијае на User Experience Signals

  • побрзо ползење → повеќе страници индексирани → подобар ranking потенцијал

LiteSpeed серверот што го користиме во Zemi.mk:

  • служи статични фајлови побрзо

  • има поефикасен кеш од Apache/Nginx во WordPress средина

  • намалува TTFB (time to first byte)

  • подобрува real-world перформанси на WordPress

4. Дополнителни критични чекови во WordPress

Google Search Console поврзување

  1. Одете во plugin:

    • Rank Math → General Settings → Search Console → Connect
      или

    • Yoast → Site Features → Webmaster Tools

  2. Поврзете Google account

  3. Потврдете сопственост на доменот ако се бара

XML Sitemap

Отворете:
sitemap_index.xml → поднесете во Search Console → како што објаснив погоре

Robots.txt проверка

Отворете во browser:
https://vash-domen.mk/robots.txt
Осигурајте дека не содржи:

Disallow: /

Mobile-friendly проверка

Google mobile test → внесете домен → поправете responsive проблеми ако се пријават

Caching purge

LiteSpeed Cache → Toolbox → Purge All Cache

Database optimization

LiteSpeed Cache → Database → Optimize All

Broken link scan

  1. Plugins → Install: Broken Link Checker

  2. Скенирајте и поправете ги линковите што јавуваат 404

Schema Markup

Rank Math автоматски додава schema, но проверете:
Rank Math → Titles & Meta → Schema Types
Изберете тип според сајтот (Article, Product, Service, LocalBusiness итн.)

5. Локално SEO и .mk домен — зошто е важен?

.mk доменот е важен затоа што:

  1. Geo-target сигнал
    Google разбира дека сајтот е за Македонија

  2. Локална доверба
    Корисниците имаат поголема доверба во локален домен

  3. Побрзо локално рангирање
    За бизниси што таргетираат македонски пазар, .mk е конкурентска предност

  4. Помал ризик од keyword конкуренција
    На .com домен може да се рангирате глобално, но локално .mk често победува за Македонија

Во Zemi.mk, .mk доменот го добивате бесплатно со хостинг пакет, за да можете да стартувате со SEO предност од самиот почеток.

Ако ги следите овие чекови, ќе имате WordPress сајт кој е:

  • технички стабилен

  • брз за корисниците и Google ботовите

  • безбеден (HTTPS + SSL)

  • локално релевантен (.mk домен)

  • со оптимизирани слики и чисти URL-а

Една од најчестите ситуации со кои се соочуваат корисниците на WordPress веб сајтови е неможноста за пристап до администраторскиот панел. Заборавена лозинка, недостапна email адреса, блокирање од безбедносен плагин или технички проблем по ажурирање се само дел од причините поради кои најавувањето на /wp-admin може да биде оневозможено.

Како домен и хостинг провајдер, Zemi.mk нуди стабилна и сигурна инфраструктура, но и практични алатки кои овозможуваат ваквите ситуации да се решат брзо и без компликации. Една од најкорисните алатки во вакви случаи е WordPress Management алатката во cPanel, преку која корисниците можат директно да се најават во WordPress администраторскиот панел, дури и кога ги немаат пристапните податоци.

Што претставува WordPress Management алатката во cPanel

WordPress Management алатката (WP Toolkit) е вградена функционалност на cPanel на Zemi.mk хостинг пакетите. Таа овозможува централизирано управување со сите WordPress инсталации на еден хостинг акаунт, без потреба од дополнителни плагини или надворешни сервиси.

Преку оваа алатка, корисникот добива јасен преглед на сите активни WordPress сајтови, поврзаните домени, верзијата на WordPress, како и статусот на секоја инсталација. Најважната предност, особено во критични ситуации, е можноста за директна администраторска најава во WordPress, без користење на класичниот login формулар.

Кога WordPress Management е најдоброто решение

WordPress Management алатката е идеално решение кога корисникот:

  • ја има заборавено WordPress лозинката,
  • нема пристап до email адресата поврзана со администраторскиот профил,
  • е блокиран од security или firewall плагин,
  • има проблем со лимит на обиди за најавување,
  • управува со повеќе WordPress сајтови на еден хостинг пакет.

Во сите овие случаи, корисникот може да го заобиколи класичниот login процес и да воспостави пристап директно преку cPanel, користејќи ги алатките што ги обезбедува Земи.мк.

Пристап до WordPress Management преку cPanel на Земи.мк

По најавувањето во cPanel на вашиот Земи.мк хостинг акаунт, WordPress Management алатката може да се пронајде во секцијата Domains, каде што е достапна посебна икона со назив WordPress Manager. Со нејзино отворање, системот автоматски се обидува да ги детектира сите WordPress инсталации поврзани со вашиот акаунт.

Секоја инсталација е прикажана со јасно означен домен и патека, што овозможува лесно да се идентификува точниот сајт, што е особено корисно за корисници кои хостираат повеќе веб страници на ист хостинг пакет.

Кога WordPress сајтот не е прикажа, користење на Scan опцијата

Во пракса, постојат ситуации кога одредени WordPress веб страници не се автоматски прикажани во WordPress Management алатката. Ова најчесто се случува кога сајтот е:

  • мигриран од друг хостинг провајдер,
  • рачно инсталиран,
  • или не е првично креиран преку WordPress Manager алатката.

Во вакви случаи, потребно е да се искористи опцијата Scan, која се наоѓа во WordPress Management интерфејсот. Со кликање на оваа опција, системот извршува целосно скенирање на хостинг акаунтот и ги детектира сите постоечки WordPress инсталации, без разлика на начинот на кој се поставени.

Откако скенирањето ќе заврши, сите пронајдени WordPress сајтови ќе бидат излистени во алатката и ќе станат достапни за управување.

Креирање нов администратор и директна најава

Кога WordPress инсталацијата е пронајдена преку Scan опцијата, при кликање на копчето Log in, алатката во одредени случаи ќе побара од корисникот да креира нов администраторски корисник. Ова е безбедносен механизам кој се користи кога постоечките администраторски податоци не се достапни или не можат да се валидираат.

Во овој чекор, корисникот внесува ново администраторско корисничко име и лозинка. По успешно креирање на администраторскиот профил, WordPress Management алатката овозможува директна и едноставна најава во WordPress администраторскиот панел со едноставно кликање на копчето Log in, без дополнителни проверки или внесување на податоци.

Ова решение е особено практично и безбедно, бидејќи не бара рачни интервенции во база на податоци или фајлови.

Ресетирање и ажурирање на администраторските податоци

Покрај директната најава, WordPress Management алатката овозможува и целосно управување со администраторските податоци. Преку уредување на WordPress инсталацијата, корисникот може да промени лозинка, email адреса или други основни параметри, со што се воспоставува долгорочна и сигурна контрола врз сајтот.

Ова е особено важно кога веб страницата е преземена од друг администратор или кога постои сомнеж дека пристапните податоци се компромитирани.

Дополнителни придобивки за корисниците на Земи.мк

WordPress Management алатката не служи само за најавување. Таа овозможува и:

  • безбедно ажурирање на WordPress, плагини и теми,
  • управување со backups,
  • основни безбедносни поставки,
  • подобар преглед и контрола на WordPress инсталациите.

Со ова, Земи.мк им овозможува на своите корисници стабилна, сигурна и лесна за користење околина за управување со WordPress веб сајтови.

Губењето на WordPress пристапните податоци или проблемите со најавување не мора да значат комплицирани технички интервенции. Со WordPress Management алатката во cPanel, корисниците на Земи.мк можат брзо, безбедно и едноставно да се најават во WordPress администраторскиот панел и повторно да ја преземат целосната контрола врз својот веб-сајт.

Овој пристап е уште еден пример за тоа како Земи.мк не нуди само хостинг и домени, туку и практични алатки и решенија кои им помагаат на корисниците лесно да управуваат со своите веб страници, дури и во ситуации кога пристапот изгледа изгубен

Новата година започнува со најголемата акција што Zemi.mk ја има понудено досега!

Ако планираш нов веб-сајт, онлајн продавница или професионално дигитално присуство во 2026 – ова е моментот што не се пропушта.

🎁 80% попуст на сите хостинг пакети

За ограничен период, сите наши хостинг пакети се достапни со 80% новогодишен попуст, без компромиси во квалитетот, брзината или поддршката.

Бесплатна регистрација на .mk домен

Со секој хостинг пакет добиваш бесплатна регистрација на .mk домен, совршено решение за:

  • македонски бизниси

  • стартапи

  • брендови што сакаат локална доверба и препознатливост

За првпат, бесплатна регистрација и на .com домен

За првпат досега, покрај .mk, нудиме и можност за бесплатна регистрација на .com домен со хостинг пакет!
Идеално ако:

  • таргетираш интернационална публика

  • сакаш глобален бренд

  • планираш раст надвор од Македонија

Што добиваш со Zemi.mk хостинг?

  • Брз и стабилен хостинг оптимизиран за WordPress

  • Автоматски дневни бекапи (JetBackup)

  • cPanel, WordPress Toolkit и Sitejet

  • Висока безбедност и сигурност

  • Локална техничка поддршка на македонски јазик

🎁 Сè што ти треба за старт или надградба – на едно место.

Времетраење на новогодишната акција

📅 Од 22.12.2025 (понеделник)
📅 До 11.01.2026 (недела) – 23:59 часот

Акцијата е временски ограничена и важи до истекот на рокот или до исцрпување на капацитетите.


Правила за користење на „Новогодишна акција 2025/2026“

1. Вметнување и времетраење

  • Акцијата „Новогодишна акција 2025/2026“ започнува на 22 декември 2025 и трае до 11 јануари 2026 во 23:59 часот.

  • Zemi.mk го задржува правото да ја прекине акцијата предвреме доколку се пополнат предвидените капацитети за оваа промоција.

2. Подобност и дефиниција на „Нов корисник“

  • Акцијата е достапна исклучиво за нови корисници и за домени кои никогаш претходно не биле хостирани во Zemi.mk.

  • Под „нов корисник“ се подразбира физичко или правно лице кое нема претходна или активна претплатничка историја со Zemi.mk. За да се спречи злоупотреба, системот ќе врши верификација преку вкрстување на податоци (IP адреса, име, e-mail и телефонски број).

  • Доколку се утврди дека постоечки корисник отворил нов профил со цел да ја искористи промоцијата, неговиот пакет ќе биде суспендиран, а средствата рефундирани (со одбивање на трошоците за трансакција).

3. Рестрикции за домени и миграција

  • Забрана за внатрешна миграција: Промотивната цена не може да се користи за мигрирање на веб сајтови и содржини кои се веќе хостирани на серверите на Zemi.mk. Секој обид за префрлање на содржина од постоечки (активен или истечен) пакет на нов промотивен пакет ќе се смета за злоупотреба.

  • Доколку во иднина на промотивно купениот пакет се постави домен кој претходно бил хостиран во Zemi.mk, или се утврди технички обид за манипулација, пакетот ќе биде трајно суспендиран без можност за рефундирање.

4. Активација и верификација

  • Акцијата може да биде искористена само еднаш од еден корисник/субјект.

  • Сите нарачки ќе бидат рачно активирани по извршена проверка на подобноста. Zemi.mk го задржува правото да побара дополнителна идентификација или да одбие услуга доколку постои сомнеж за злоупотреба на промоцијата.

5. Обнова на услугите

  • Промотивниот попуст од 80% важи само за првиот циклус на плаќање (првата година). Сите наредни обнови на услугата ќе се вршат по редовната цена на чинење на избраниот хостинг пакет, важечка во моментот на обновата.

6. Завршни одредби

  • Овие правила се задолжителни и со самото купување на пакетот, корисникот потврдува дека ги прочитал и ги прифаќа во целост.

  • Zemi.mk го задржува правото на дискрециона одлука при толкување на обидите за злоупотреба со цел заштита на својата техничка инфраструктура и фер деловно опкружување.

reklama-1

По повод Cyber Monday, Земи.мк овозможува 15% попуст при обнова на активните услуги. Попустот е достапен само денес и може да се искористи со внесување на купонот за попуст.

Купон за попуст: cybermonday2025

Понудата важи исклучиво за обнова на услуги во рамки на Cyber Monday промоцијата. Корисниците кои сакаат навремено да ги продолжат своите услуги имаат можност да го сторат тоа по пониска цена, без дополнителни услови.

Промоцијата трае само денес, 1-ви декември, 2025.

За дополнителни информации или прашања, нашата техничка поддршка е достапна.

Од 28 ноември до 1 декември 2025, Zemi.mk ја стартува традиционалната Black Friday акција со 70% попуст на сите „Pro“ веб хостинг пакети, вклучително и новите Turbo пакети со зголемени ресурси.
Ова е најголемата годишна промоција и идеален момент да започнете нов проект или да го унапредите постоечкиот по значително пониска цена.

Што добивате со хостинг пакетите на Zemi.mk?

Нашата Cloud инфраструктура обезбедува:
– висока брзина и минимални прекини
– оптимизирани LVE лимити
– професионална техничка поддршка секој ден
– подарок .mk домен во првата година

Turbo пакетите дополнително носат:
4 CPU, 5 GB RAM, 200 процеси, 4095 IOPS и 200 MB/s I/O.

Како да ја искористите Black Friday акцијата?

Посетете: https://zemi.mk/hosting

Промотивните цени ќе бидат директно прикажани на веб-сајтот во периодот на акцијата.


Правила за користење на акцијата „Black Friday 2025“
– Акцијата „Black Friday / 2025“ започнува на 28 ноември во 00:00 часот и трае до 1 декември 2025 во 23:59 часот.
– Акцијата е достапна исклучиво за нови корисници и за домени кои никогаш претходно не биле хостирани во Zemi.mk.
– Доколку се утврди дека веќе постоечки корисник закупил хостинг пакет по Black Friday цена за домен кој претходно бил хостиран кај нас, пакетот ќе биде суспендиран, а средствата рефундирани.
– Акциите ќе бидат активирани по извршена проверка на подобност за користење на промоцијата.
– Доколку во иднина на промотивно купен Black Friday пакет се хостира домен кој претходно бил хостиран во Zemi.mk, или се утврди обид за злоупотреба, пакетот ќе биде суспендиран без можност за рефундирање.

Zemi.mk ги надградува стандардните споделени хостинг пакети со нови TURBO варијанти, создадени за корисници кои имаат потреба од значително повеќе ресурси, стабилност и брзина. Со ова проширување, трите најкористени пакети Solo, Business и Premium – стануваат уште посилни, без да ја загубат нивната едноставност и пристапност.

Што носат TURBO пакетите?

Turbo верзиите на пакетите вклучуваат значително поголеми лимити и перформанси:

  • 4 CPU (400% compute power)

  • 5 GB RAM

  • 200 истовремени процеси

  • 4095 IOPS

  • 200 MB/s дисков throughput (I/O)

  • Оптимизиран LVE профил

  • Значително побрзо учитување и подобра стабилност

Ова ги прави Turbo пакетите одличен избор за веб проекти во подем, онлајн продавници, WordPress страници со многу додатоци, информативни портали и сите корисници што сакаат да имаат брзина како на VPS, но да останат на „shared“ околина.

Подарок .mk домен во сите пакети

Секој хостинг пакет, вклучително и Turbo верзиите, содржи подарок .mk домен во првата година.
Регистрација: https://zemi.mk/domains/search

Како лиценциран MARnet регистратор, Zemi.mk обезбедува брза и едноставна регистрација, без дополнителни процедури, во целосна согласност со новиот Правилник на МАРнет, како и Законот за електронски документи електронска идентификација и доверливи услуги.

Зошто ги воведуваме TURBO пакетите?

Целта е да им овозможиме на корисниците повеќе слобода и повеќе моќ без миграција кон поскапи платформи. Многу македонски бизниси имаат сезонски или кампањски пикови во посетеност. Turbo ресурсите обезбедуваат стабилност токму во тие моменти.

Повисоките лимити овозможуваат:

  • побрзо вчитување на страницата

  • подобро искористување на кеширање

  • повеќе паралелни активни посетители

  • подобра изведба на WooCommerce и CRM апликации

  • минимизирање на шансите за „Resource Limit Reached“

Достапност

Новите Turbo пакети се достапни тука:
https://zemi.mk/hosting

Black Friday периодот и оваа година го носи најголемиот сезонски попуст во Zemi.mk, кој се однесува на регистрацијата на нови .mk домени. Во периодот од 17 ноември до 1 декември 2025 година, сите корисници ќе можат да регистрираат нов .mk домен по 50% намалена цена од 399 денари, со вклучен ДДВ.

Попустот се однесува исклучиво на регистрација на нови домени на една година, додека цената за нивно годишно обновување останува непроменета и изнесува 649 денари.

Оваа Black Friday промоција е особено погодна за бизниси и поединци кои планираат развој на нови проекти, креирање на веб страница или обезбедување на домен за својот бренд за идни потреби. Регистрацијата на .mk домен претставува важен чекор во градењето на онлајн присуство, а ограничениот период на намаление овозможува пристапна и економична инвестиција.

Промоцијата е активна до 1 декември 2025 година, по што регистрацијата повторно ќе се наплаќа по редовната цена. За сите заинтересирани, регистрацијата е достапна преку веб страницата на Zemi.mk.

По повод 10 години постоење, Zemi.mk ја одбележува својата годишнина со специјална промоција од 50% попуст на сите споделени Линукс хостинг пакети, со бесплатна регистрација на .mk домен.

Акцијата трае до 31.08.2025 – искористете ја навреме!

Зошто да ја искористите оваа јубилејна понуда?

Високи перформанси и стабилност:
Нашата cloud инфраструктура обезбедува брз и сигурен хостинг, со минимален downtime и максимална функционалност.

Напредни функции:
PHP верзии по избор, неограничен број на бази на податоци, FTP, автоматски бекап, e-mail хостирање и многу повеќе, сè што ви треба за успешна веб страница.

Поддршка на македонски, 24/7:
Нашиот тим е тука да ви помогне, брзо, професионално и без одложување, секогаш кога ќе ви затреба.


Како да ја активирате акцијата?

Посетете ја нашата веб-страница, изберете го вашиот хостинг пакет и следете ги инструкциите при наплата. Попустот автоматски ќе се пресмета, а .mk доменот ќе биде вклучен без дополнителен надомест.


Правила за користење на акцијата „10 години Zemi.mk“:

– Акцијата важи од 04.08.2025 до 31.08.2025 (23:59 часот).
– Понудата важи само за нови корисници и достапна е исклучиво за домени кои претходно не биле хостирани во Zemi.mk.
– Пакетите ќе бидат активирани по верификација на подобност од страна на нашиот тим.
– Доколку се утврди злоупотреба (на пример, постоечки корисници што повторно купуваат под друго име), пакетот ќе биде суспендиран, а средствата рефундирани.
– Истите правила важат и за последователно додавање на домени кои веќе биле хостирани – таквиот пакет ќе биде суспендиран без право на поврат.


Не пропуштајте – ова не е само попуст, ова е 10 години доверба преточена во акција.