Zemk.mk – Блог

Posts in the category

Цената за обнова за .mk домени од 01.07.2022 ќе биде зголемена за 18%, на 649 денари, за една година.

Земи.мк продолжува да биде домен регистрар и Веб хостинг провајдер со најповолни цени и услови во однос на врвниот квалитет на услугите кои го уживаат илјадниците наши корисници, на што, како тим, сме особено горди.

Промената на цената по цели 7 години се должи на зголемените трошоци за испорака на услугите и, одржување и унапредување на квалитетот на истите.

Цената од 649 денари се однесува на обнова на .mk домени за една година. Цените за обнова на повеќе години наскоро ќе бидат објавени на следниот линк: https://zemi.mk/domain.aspx

Земи.мк за своите нови корисници подготви нова промотивна веб хостинг понуда со попуст од 30%, бесплатен .mk домен како и бесплатен SSL сертификат.

Основните „PRO“ пакети од Земи.мк, отсега се достапни по цени почнувајќи од 1.399 денари за „Gnome Pro“ кој вклучува 10GB SSD/NVMe простор, бесплатен .mk домен и SSL сертификат, заштита од „malwares“, неограничен број на мејл адреси, cPanel, CloudLinux, LiteSpeed сервер кој овозможува и до 9 пати побрзи динамички веб страници, какви што се оние изработени во WordPress и многу повеќе.

Најпопуларниот „Tauren Pro“ пакет од Земи.мк содржи се што содржи и неговиот помал брат „Gnome Pro“, но овозможува хостирање на три различни домени/веб страници на двојно повеќе простор од 20GB, како и 2GB достапна RAM меморија. Со вклучениот попуст овој пакет сега чини неверојатни 2.099 денари за цела година.

Секако во промоцијата влезе и најголемиот „Worgen Pro“ веб хостинг пакет, кој доаѓа со неверојатни 50GB SSD/NVMe простор, 2 CPU јадра и 2GB RAM меморија. На „Worgen Pro“ можете да хостирате неограничен број на домени/веб страници по цена од само 3.149 денари, за цела година.

Промоцијата важи исклучиво за нови корисници и домени кои никогаш досега не биле хостирани во Земи.мк.

Со закуп на некој од „Pro“ основните хостинг пакети од Земи.мк ви следува бесплатна регистрација на .mk домен во првата година, кој од следната се обновува по актуелната цена за обнова на .mk домени, или 549 денари за една година.

Промоцијата можете да ја погледнете на следниот линк: https://zemi.mk/hosting.aspx

За да пребарате дали саканиот домен е слободен за регистрација појдете на следниот линк: https://zemi.mk/search.aspx

Споделен или „shared” веб хостинг е услуга за хостирање на веб страници која овозможува поголем број на страници да го користат истиот сервер.

Можеби се прашувате зошто некој би го правел тоа? Одговорот е едноставен: помали трошоци.

Серверот може да биде домаќин на повеќе од една веб страница. Па така, со користење на серверските ресурси од различни корисници трошоците за одржување на серверот значително се намалуваат.

Пред да нурнеме во повеќе детали за споделеното веб хостирање, најпрвин да видиме како всушност функционираат серверите и хостингот.

Како работи еден веб хостинг сервер?

Наједноставно објаснето, секој пат кога ќе внесете URL во вашиот прелистувач, тој бара да го најде серверот на кој бараната веб страница е зачувана или „хостирана“. Откако прелистувачот ќе го лоцира серверот, испраќа HTTP барање до истиот, а како повратна информација добива податоци кои се прикажуваат во вид на веб страница.

Со споделениот веб хостинг, процесот опишан погоре е речиси идентичен. Единствената разлика е во тоа што еден сервер е одговорен за хостирање на податоците за повеќе веб страници.

Замислете го споделениот веб хостинг како воз со повеќе вагони. Вагоните се веб страниците, а самиот воз е серверот.

Иако сте на истиот воз, вашиот превоз се разликува од останатите патници. Она што е заедничко е што ја користите истата локомотива за да стигнете до вашата дестинација, но имате флексибилност и слобода за уникатно патување и искуство.

Споделеното веб хостирање е најекономичната опција меѓу сите решенија за веб хостинг, поради што го претпочитаат и најголем број од корисниците.

За кого е наменет споделениот веб хостинг?

Овој тип на хостинг е идеален за блогови, корпоративни веб страници, информативни веб страници, почетници во развој на веб страници, корисници на WordPress и онлајн продавници кои штотуку почнуваат да го градат своето онлајн присуство. Споделувањето на сервер значи дека вашата веб страница сè уште не е во фаза во која опслужува голем на посетители, не хостира видеа или има потреба од огромен месечен сообраќај.

Кои се придобивките од споделениот хостинг?

Заедничкото хостирање е едно од најпопуларните решенија во понудата на Земи.мк. Секако, за тоа постои и добра причина.

Ајде да видиме некои од придобивките што го прават споделениот веб хостинг омилен меѓу корисниците.

Економично решение.

Никој не сака да инвестира многу пари во градење на својата веб страница, блог или е-продавница. Споделениот вен хостинг ви овозможува да ја добиете хостинг услугата што ви треба за само дел од цената кога би хостирале на дедициран сервер, бидејќи другите корисници истотака придонесуваат за одржување на серверот.

 

Лесен за користење, без потреба од претходно искуство.

Хостирањето на веб страница кога немате претходно искуство може да звучи како тешка задача. Споделениот веб хостинг е креиран за да се поедностави и поставувањето и управувањето со податоците за вашата веб страница.

Откако ќе закупите некој од основните веб пакети од Земи.мк, добивате пристап до вашиот „cPanel“, веб-базиран комтролен панел, кој важи за еден од најинтуитивните и лесни за користење, преку кој ќе можете да управувате со речиси секој аспект од вашето онлајн присуство, од креирање и проверка на вашата деловна мејл адреса, до управување со вашиот .mk домен.

Сега кога веќе закупивте .mk домен и Веб хостинг од Земи.мк, а одлуката за платформа за креирање на вашата Веб страница падна на WordPress (супер избор), доколку не креирате дизајн од почеток, време е да ја изберете и најсоодветната тема за вашата страница. При креирање на листата во предвид беа земени три критериуми: да биде бесплатна, редовно да се надградува и да биде респонсивна, т.е. прилагодлива за работа на секаков уред (мобилен, десктоп, таблет…).

Во минатото веќе пишувавме за тоа како да инсталирате WordPress или тема. За да не се повторуваме, доколку прв пат се среќавате со WordPress кликнете овде, доколку не сте сигурни како да инсталирате тема на WordPress, кликнете овде.

Astra

astra-zemimk-wordpress-theme

Астра, како што и нескромно ја промовира компанијата е најпопуларната тема за WordPress, со повеќе од 1.6 милиони Веб страници кои се „возат“ на неа. Корисниците ја обожаваат поради високото ниво на приспособливост, одличните готови дизајни за почеток, кои се во навистина голем број, а можете да ги инсталирате со само неколку клика и да ги уредувате со бесплатниот Elementor „влечи и спушти“ билдер за WordPress теми, како и фокусот на девелоперите да ја оптимизираат Astra за работа со популарните додатоци или плагини во екосистемот на WordPress.

 

Neve

neve-zemimk-wordpress

Neve е создадена за да и даде на вашата Веб страница свеж, привлечен изглед. Развиена според современите стандарди на WordPress (вклучувајќи ја компатибилноста со Гутенберг и Елементор), Neve е соодветен избор за секој претприемач бидејќи неговиот дизајн е повеќенаменски. Згора на тоа, темата доаѓа со 30+ готови почетни теми.

 

Airi

airi-zemimk-wordpress-theme

Airi е моќна, флексибилна и лесна тема за вашата нова корпоративна веб страница. Одликувајќи се со целосна интеграција на Elementor, оваа повеќенаменска тема е извонреден избор за секаков тип на компании или страници за „фриленсери“. Со модерниот изглед и многу можности за прилагодување, Airi е одлична тема ако сакате да креирате Веб страница од нула, или сакате да употребите некој предефиниран веб темплејт од нејзината огромна колекција, користејќи Elementor. Уште повеќе, темата нуди поддршка за WooCommerce, што го олеснува креирањето на веб продавници базирани на WordPress.

 

OceanWP

oceanwp-zemimk-wordpress-theme

Целосно приспособлива тема, соодветна речиси за секаков вид на намена. Можете да ја користите за блогирање, бизнис, е-трговија, патувања или веб-страници за портфолио со избор на некоја од почетните демо теми. OceanWP има модерен дизајн, со одлични анимации и интерактивни секции. Секоја карактеристика, вклучувајќи ги и ефектите со паралакса, и дава на оваа тема привлечен изглед и нејзино место меѓу најдобрите бесплатни теми на WordPress.

 

Aronia

aronia-wordpress-theme-zemimk

Aronia е бесплатна тема на WordPress со чист и модерен дизајн, соодветен за креирање на веб портфолио, како и деловни веб страници. Темата се состои од 3 демо теми кои се подготвени за употреба и се целосно компатибилни со најпопуларниот билдер за WP теми, Elementor. Со помош на Elementor ќе можете лесно да го прилагодите изгледот на вашата веб страница.

Aronia е компатибилна со неколку корисни плагини, лесно се приспособува и e целосно респонсивна.

 

Во моментот на пишување на оваа објава, а најверојатно и во годините кои доаѓаат WordPress останува на врвот на најкористени платформи за изработка на Веб страници. Епитетот „крал“ на Веб просторот не го добил бадијала. Долга е листата придобивки кои доаѓаат со користењето на овој CMS (Content management system). Еве дел од нив.

 

  • WordPress е бесплатен

WordPress е бесплатен софтвер. Тоа значи дека можете слободно да го преземате, инсталирате, користите и менувате за да одговара на вашите потреби. Можете да го користите за да креирате секаков вид веб страници.

Додека самиот софтвер на WordPress е бесплатен, ви треба домен и веб хостинг за да го инсталирате. За таа намена погледнете ги нашите основни хостинг пакети кои се оптимизирани за WordPress.

Домен е адресата на вашата веб страница на интернет, она што вашите корисници го пишуваат во лентата за адреси на нивниот прелистувач за да пристапат до вашата веб-страница (на пример, zemi.mk).

Веб хостингот е пак простор на сервер кој е достапен 24/7, каде што се чуваат сите фајлови и бази на вашата веб-страница.

 

  • WordPress е лесен за користење

И покрај тоа што е најфлексибилна и најмоќна платформа, WordPress е прилично лесен за користење за почетници.

Доаѓа со едноставна контролна табла со различни опции наведени во страничната лента. Можете лесно да креирате објави и страници, да го менувате изгледот на вашата веб страница, да додавате менија за навигација и многу повеќе.

 

  • WordPress може целосно да се прилагоди на вашите потреби

Најголем дел од корисниците на WordPress не се ниту веб дизајнери, ниту програмери. Всушност, повеќето почнуваат да користат WordPress без никаква претходна техничка подготовка.

WordPress е совршено решение за новајлии бидејќи има илјадници бесплатни теми (готови дизајни за вашата веб страница) од кои можете да изберете. Постои совршена тема на WordPress за речиси секој вид веб страница (без разлика дали е блог, корпоративна страница или продавница).

Темите на WordPress се лесни за приспособување бидејќи многу од нив доаѓаат со сопствен панел со опции што ви овозможуваат да ги менувате боите, да го прикачите вашето лого, да ја менувате позадината, да создавате прекрасни слајдери и вистински да го приспособите на вашите потреби, без воопшто да пишувате код.

 

  • WordPress е безбеден за користење

WordPress е сериозно развиван во поглед на зачувување на безбедноста на вашата веб страница.

Сепак, постојат голем број на плагини кои дополнително можат да ја зголемат безбедноста на страниците изработени во WordPress, како што се WordFence, Securi и други.

Зад WordPress стои силна заедница од илјадници корисници, програмери и мали бизниси. Како заедница, сите тие гарантираат дека WordPress е тука да остане на долги патеки.

Земи.мк, годинава за првпат јавно ја објави Годишната анализа на пазарот со .мк домени за 2021 година.

Анализата покажа дека бројот на новорегистрирани домени во 2021 година изнесува 3.387, или 9.3 домени дневно.

Најчесто користен збор во македонските .mk домени е зборот „hotel“, по кој следуваат „park“, „grad“, „plus“, „sistem“… Најдолгиот .mk домен има 39 карактери, а во просек еден .mk домен е долг 12.5 карактери. Просечната старост на еден .mk domen 5.6 години, а најстариот има 18 години и 8 месеци.

Во однос на демографијата, 62.2% од сите .mk домени се регистрираат од Скопје, додека останатите 37.8% од внатрешноста. Во топ 5 градови од каде се регистрираат најмногу .мк домени покрај Скопје се наоѓаат Охрид, Битола, Тетово и Струмица. Кога е половата структура во прашање, овде постои значителна нерамномерност, па така дури 71.2% од регистрантите на .mk домени се мажи.

Повеќе детали од анализата можете да погледнете на инфографикот подолу.

zemimk-analiza-2021-infografik

Од денес активен е NC2022 промо кодот за попуст од 20% на Pro хостинг пакетите од Земи.мк. За да го активирате, при додавање на хостинг услугата во кошничка, внесете го кодот во полето за „Купон за попуст“, а со кликање на копчето „Активирај“ попустот ќе биде аплициран на сумата.

Промоцијата е временски ограничена и важи само за нови корисници и домени кои никогаш не биле хостирани во Земи.мк.

Покрај креирањето на веб страници или продавници, втората главна причина поради која компаниите закупуваат хостинг пакети и домени е креирањето на професионални мејл адреси, кои во своето име го носат името на компанијата, пример info@zemi.mk, а не името на некој од генеричките мејл сервиси како Yahoo, Gmail, Hotmail и други. Користењето на ваквите деловни мејл адреси ја зголемува довербата кај вашите клиенти или потрошувачи и им влева сигурност дека вашиот однос кон бизнисот е сериозен.

Основните хостинг пакети од Земи.мк доаѓаат со можност за креирање на неограничен број на мејл адреси во оквир на дозволениот простор.

Креирањето на професионални мејл адреси со хостинг пакетите од Земи.мк е едноставно. Се што треба да направите е да се најавите на cPanel и да кликнете на алатката „Email Accounts“.

zemimk-mail-adresa-cpanel

Потоа кликнете на копчето Create за да креирате нова емаил адреса.

zemimk-mail-adresa-cpanel-kreiraj-create

Потоа на страницата која ќе ви се отвори пополнете ги полињата за да ја креирате вашата мејл адреса:

  1. Корисничко име. Корисничкото име е приматниот дек од мејл адресата или оној дел кој доаѓа пред „@“ знакот. Доколку на вашиот хостинг пакет имате хостирано повеќе домени овде ќе можете да изберете на кој домен припаѓа мејл адресата. Доколку имате само еден домен истиот е веќе избран за вас. Доменот е делот од мејл адресата кој доаѓа после „@“ знакот. Пример info@zemi.mk, во овој пример info е корисничко име, zemi.mk е доменот.
  2. Лозинка. Во ова поле внесете лозинка за вашата мејл адреса. Препорачана должина за лозинка е над 8 карактери.
  3. Edit Settings. Доколку кликнете на копчето „Edit Settings“, ќе ви се отвори формата за подесување на големината на мејл сандачето. Доколку сакате можете на одредена мејл адреса да и дозволите само 100MB простор на вашиот хостинг пакет, или „Unlimited“ т.е. неограничено во рамки на дозволениот простор со вашиот хостинг пакет. Другото доколку се обичен корисник можете да го оставите непроменето.
  4. На крај кликнете на „Create“ за да ја креирате меил адресата.

zemimk-mail-adresa-cpanel-kreiraj-create-mailbox

zemimk-mail-adresa-cpanel-settings

Со кликање на „Create“ вашата адреса ќе биде креирана. За да се најавите на „Webmail“ клиентот појдете на www.ime-na-vashiot-domen.mk/webmail. „Име на вашиот домен“ заменете го со вашиот домен, на крај само додадете /webmail како би пристапиле до „Webmail“ клиентот, каде можете да праќате мејлови и да ги прегледувате добиените мејл пораки. На „Webmail“ во полето „Email Address“ ја пишувате целосната мејл адреса, со доменот (пр. info@zemi.mk, не само info), и лозинката која сте ја сетирале при креирање. Доколку саката да ја промените лозинката отворете ја повторно „Email Accounts“ алатката и кликнете на „Manage“ за мејл адресата за која сакате да ја промените лозинката.

Доколку сакате да користите ваш мејл клиент, на десктоп (Outlook) или вашиот мобилен телефон, деталите за сетирање на истите ги имате повторно во алатката „Email Accounts“ на cPanel.

zemimk-mail-adresa-cpanel-contect-device

Кликнете на „Connect Devices“, по што ќе ви бидат излистани сите детали за поврзување на вашата новокреирана деловна мејл адреса на мејл клиентот на вашиот уред. При конектирање секогаш избирајте IMAP протокол, кој е побезбеден во однос на POP3 и SSL енкрипција (не TLS). Доколку вашиот мејл клиент не поддржува SSL конекција, кликнете на „Show Non SSL Settings“ како би ви се прикажале соодветните подесувања. „Non SSL“ конекцијата не се препорачува затоа што е небезбедна за користење.

zemimk-mail-adresa-cpanel-imap

За да ги видите нашите основни хостинг пакети кликнете на следниот линк: https://zemi.mk/Hosting.aspx

Овој „Black Friday“ искористете попуст од 60% и закупете некој од новите Pro“ Веб Хостинг пакети од Земи.мк.

Gnome Pro799 денари за цела година, вклучувајќи бесплатна регистрација на .mk домен!

Tauren Pro 1.199 денари за цела година, вклучувајќи бесплатна регистрација на .mk домен!

Worgen Pro1.799 денари за цела година, вклучувајќи бесплатна регистрација на .mk домен!

Акцијата ќе биде активна од петок 26.11, до сабота 27.11.2021 година.

Напомена: На хостинг пакетите закупени со попустот од оваа акција не може да бидат хостирани домени кои веќе еднаш биле хостирани во Земи.мк! Уплатените средства за некој од хостинг пакетите во времетраењето на оваа акција по одобрување и регистрација на услугите се нерефундабилни.