• +389 70 77 74 02
  •  info@zemi.mk


Општи правила и услови
ПОСЛЕДНА ПРОМЕНА: 14.09.2015

Со регистрирање се согласувате на правилата и условите за користење на Земи.мк и му давате дозвола на тимот на Земи.мк да прави промени на истите. Условите и правилата за користење стапуваат на сила во моментот кога се објавени на сервисот.

За споделена содржина на Земи.мк од ваша страна сте одговорни вие. Секоја споделена содржина од ваша страна ќе се смета како материјал чија интелектуална сопственост ви припаѓа вам и со самото споделување ни давате целосни права, нам како Земи.мк и на нашите партнери да ја користат, изменуваат, дистрибуираат или да ја објавуваат јавно.

Наша цел е објавување на точни информации. Доколку со користење на сервисот наидете на неточна, непристојна или навредлива содржина последиците ги сносите Вие и се согласувате дека Земи.мк во никој случај или под никакви услови не е одговорен за тоа.

Земи.мк не ги чува податоците кои се однесуваат на вашата платежна картичка. За тоа е задолжен CaSys и банката кои се одговорни за процесирање на трансакциите.

Тимот на Земи.mk има право да ви забрани делови од сервисот или комплетно да ве отстрани доколку не се придржувате на правилата и условите за користење.

За валидноста на внесените информации при регистрација сте одговорни вие. Во процесот на извршување на услугите Земи.мк ќе се повикува на истите без задолжение истите да ги проверува.

При изнајмување на заеднички хостинг пакет се обврзувате дека бројот на inodes ќе го одржувате оптимален односно во следните граници:
- За хостинг пакетот Gnome Pro од 10GB максималниот број на inodes изнесува 4.000
- За хостинг пакетот Tauren Pro од 20GB максималниот број на inodes изнесува 20.000
- За хостинг пакетот Worgen Pro од 50GB максималниот број на inodes изнесува 60.000
- За хостинг пакетот Worgen Pro Unlimited максималниот број на inodes изнесува 500.000

Доколку лимитот биде надминат и по предупредување на корисникот од страна на тимот на Земи.мк кориникот не превземе никакви мерки за намалување на бројот на inodes Земи.мк има право да го суспендира времено нековиот хостинг или истиот да го избрише без обврска за враќање на делумна или целосна парична надомест.

За податоците прикачени и објавени на хостинг пакетите одговорни се самите сопственици и во случај на губење на истите Земи.мк не сносува никаква одговорност и не одговара правно.

Услугите кои ги нуди Земи.мк не можат да се препродаваат или најмуваат на трети лица без претходна согласност од Земи.мк

Земи.мк го задржува правото да врши серверски модификации, надоградби и измени на споделените сервери како и миграција на кориснички сметки од еден на друг сервер без претходно известување.

За било каков настанат проблем или штета на вашата компанија поради нефункционирање на услугите, Земи.мк не превзема никаква одговорност и не одговара правно.

Земи.мк не одговара за сликите и податоците кои се објавени од корисниците на Freelance програмата на Земи.мк.

Корисникот на Freelance програмата на Земи.мк се согласува дека ќе објавува слики за кои има право на користење и јавно експонирање, сликите нема да содржат порнографска содржина како и содржина на која се прикажува насилство.

Земи.мк има право да одстранува и оневозможува профили од Freelance програмата за кои смета дека го нарушуваат правилникот и кодексот на однесување како и да ја менува или брише нивната содржина.

Корисникот се согласува да не користи прекумерни количини на ресурси. Секое прекршување може да резултира во преземање корективни мерки за да ја одржиме стабилноста на серверот со убивање на сите процеси, оневозможување и/или суспендирање на вашиот хостинг акаунт.

Корисникот не смее да користи 50% или повеќе од достапните системски ресурси (процесорот или меморијата) подолго од 30 секунди или повеќе од 2% CPU дневно и 3% меморија дневно. Корисникот не може да работи повеќе од 10 симултани процеси по корисник или да дозволи секој процес да работи подолго од 30 CPU/секунди или да изврши било кој процес кој троши повеќе од 32MB меморија. Базите на податоци се ограничени на 16 врски по корисник максимум.

Cron Jobs не смеат да се вршат повеќе од еднаш на секои 30 минути, освен ако во договор со тимот на Земи.мк не е договорено поразлично ограничување.

Секој cPanel акаунт може да испрати повеќе од 30 за Gnome, 60 за Tauren и 100 мејл пораки на час за Worgen пакетот.

Бесплатната регистрација на .mk домен со хостинг пакетите се однесува на приматниот домен на хостинг пакетот за првата година. Од следната доменот се обновува по актуелната цена за обнова на .mk домени објавени на нашата страница. (https://zemi.mk/domain.aspx)

Доколку еднаш сте користеле попуст за нарачка на хостинг пакет во иднина за вас ќе важат само редовните цени. Не е дозволено повеќекратно користење на попусти од страна на ист корисник. Земи.мк го задржува правото да изврши проверка на податоците на корисниците за да оневозможи злоупотреба.

Строго е забранета злоупотреба на мејл услугите, користење на истите за праќање групни мејл пораки, праќање СПАМ пораки, праќање нјузлетери и слично. Доколку имате потреба од такви услуги контактирајте нѐ на info@zemi.mk за да добиете соодветна понуда.

Доколку при закуп на некој од хостинг пакетите од Земи.мк користите автоматско пренасочување (auto-forward) на мејл пораки кон други мејл адреси ќе ви биде оневозможена употребата на Cloud SMTP Relay серверот.

Доколку тимот на Земи.мк утврди дека некој хостинг акаунт повеќе не може да опстојува на заеднички хостинг пакет ќе побара и очекува клиентот во рок од најмногу 7 дена или да ги префрли своите податоци на некое од алтернативните хостинг решенија од Земи.мк.

Во случај на инфицирани датотеки на хостинг просторот на клиентот, Земи.мк има право да го суспендира хостинг акаунтот кој ги содржи истите, да ги избрише трајно инфицираните датотеки, а во некои случаи и целосно да го избрише хостинг просторот со цел комплетно отстранување на инфицираните датотеки без претходно известување.

Се додека заразениот хостинг не биде целосно исчистен Земи.мк има право да го држи суспендиран.

Доколку проблемот со вируси или праќање на СПАМ пораки по вина на корисникот или поради заразени податоци континуирано се повторува и покрај посочените замерки од страна на Земи.мк, Земи.мк го задржува правото трајно да го исклучи хостингот без притоа да одговара правно за тоа.

Земи.мк го задржува правото на можност во секое време доколку смета дека корисникот ги нарушува условите на користење на хостинг услугите трајно да ја прекине соработката со кориснкот обезбедувајќу му на корисникот последен целосен бекап од неговиот хостинг и рефундирање на дел од средствата.

Пристап или промена на податоци за најава на портал или хостинг корисникот може да побара само по пат на мејл од мејл адресата со која е закупена услугата или со отварање на тикет на проталот на Земи.мк.

Промена на податоци за домен корисникот може да побара само по пат на мејл од мејл адресата со која е закупена услугата или со отварање на тикет на проталот на Земи.мк.

Земи.мк го задржува правото на можност во секое време да ги промени условите на користење.

При регистрација на домен се согласувате дека ќе ги почитувате правилата наведени во Правилник за организацијата и управувањето со врвниот македонски .МК домен и врвниот македонски .МКД домен на МАРнет.

Од 1-ви јули, 2022 година цената за обнова на .mk домени за една година изнесува 649 денари. Цените за обнова на повеќе години се објавени во ценовникот. Доколку на одредени делови од нашата веб страница стои различна цена од новата, пишете ни на info@zemi.mk.

За статусот на услугите одговара корисникот. Доколку сметате дека некоја услуга не ви е достапна иако имате право на истата потребно е да не известите на мејл адресата info@zemi.mk во најбрз можен рок.

Земи.мк не сноси никаква одговорност за недоставување или ненавремено доставување на мејл пораките. Ваша одговорност е да ги искористите сите возможни алатки како и личен контакт на примачот за да се осигурате дека мејл пораката е успешно доставена.