Zemk.mk – Блог

Posts in the Инфо category

Овластениот .mk домен регистрар и веб хостинг провајдер, Земи.мк, од пред неколку денови ја надогради својата платформа. Покрај стандардните функционалности за обавување на дејноста, Земи.мк доби нова партнерска програма.

Партнерската програма е поделена на три алатки.

  1. Домен маркет.

Домен маркетот е можност за сите веб мастери и трговци со домени да ги постават своите домени на продажба по стандардна или премиум цена. Доколку некој го пребара вшиот домен кој е поставен на продажба, ќе му биде прикажана цената кој вие сте ја внеле, со можност да бидете контактирани за продажба на доменот.

 

  1. Партнерска програма („афилиејт“ програма).

Доколку имате поголем број на домени кои „седат“ неискористени, а бележат посетители, или пак имате портал и ви треба нов канал за заработка овозможете ја партнерската програма за вашиот домен и поставете рекламен банер од Земи.мк или едноставно редиректирајте на уникатниот линк кој ќе ви биде генериран при активирање на програмата. Доколку некој од рефералите од вашиот линк купи услуга од Земи.мк за тоа ќе добиете паричен надомест.

 

  1. Фриленсер.

За сите фриленсери сега е достапен Земи.мк – Фриленсер. Креирајте сопствено портфолио и понудете ги вашите услуги на високо таргетирана група, корисници на услугите на Земи.мк. Профилите се излистуваат на почетната страна на Земи.мк како и при пребарување на домени. Доколку некој има потреба од услугите кои вие ги нудите може да ве контактира преку порака.

Од неодамна, за сите корисници на Андроид паметни телефони достапна е и Земи.мк мобилната апликација. Апликацијата на корисниците им нуди можност на наједноставен начин и во движење да обновуваат услуги со онлајн плаќање, да менуваат именски опслужувачи како и детали за .mk домените. Како дополнителна функционалност на апликацијата е можноста да го вклучите „UP-Time“ роботот за секој домен и да добивате известување доколку вашата страница е недостапна, и други можности. iOS верзијата од апликацијата треба да биде објавена наскоро.

Покрај овие новини, Земи.мк доби и нов модерен дизајн.

Сите промени се во насока да се креира „one-stop“, македонска платформа за веб мастери. Па покрај неодамнешните надоградувања, тимот на Земи.мк најави и дополнителни кои треба да се објавуваат етапно, во периодот кој следува.

Чекор 1 -Инсталирај Winamp

Доколку сеуште не сте го симнале и инсталирале Winamp, направете го тоа.  Winamp е бесплатен.

Клик за превземање на Winamp.

Чекор 2 – Инсталирајте го EdCast плагинот и lame_enc.dll

Превземете го EdCast плагинот за Winamp и инсталирајте го.  Ова е бесплатен додаток за Winamp што ви овозможува онлајн стриминг.

Клик за превземање на EdCast додатокот.

Симнете го LAME MP3 encoding плагинот (lame_enc.dll) и преместете го во вашиот Winamp фолдер.  За превземање, десен клик на линкот подолу и изберете “Save Link As…”, потоа изберете ја следнава локација за зачувување ‘C:\ Program Files (x86) \ Winamp’ па кликнете „Save”.

Десен клик и изберете „Save link as…“ за превземање на lame_enc.dll

Чекор 3 – Стартувајте го Winamp и Edcast DSP плагинот

  • Стартувајте го Winamp
  • Стиснете Ctrl + P (Ctrl и P тастерите заедно) – Ова ќе ви го отвори прозорецот за подесувањата.
  • (1) Кликнете на ‘DSP/Effect’ од колоната лево – можно е да треба да скролнете надолу доколку го нема на листата.
  • (2) Изберете го ‘edcast DSP v3’ по што прозорец насловен како ‘edcast’ ќе се појави на екранот.

edcast-2

Чекор 4 – Подесете го енкодерот

  • (3) Кликнете на ‘Add Encoder’ копчето
  • (4) Десен клик на новиот енкодер што ќе се појави на листата и
  • (5) Изберете ‘Configure’ од менито

edcast-3

 

Во ‘Basic Settings’ делот, подесете го енкодерот.

  • (6) Внесете го bitrate-от – ова мора да е еднакво или помало од битрејтот на пакетот што сте го закупиле од Земи.мк.
  • (7) Внесете samplerate – Внесете 44100 за bitrate еднаков или поголем од 96, или 22050 за bitrate помал од 96.
  • (8) Број на канало – Внесете 2 за bitrate над 48, или 1 за помал од 48.
  • (9) Изберете го ‘MP3 Lame’ енкодерот
  • (10) Изберете ‘Icecast2’ за Icecast сервер, или ‘Shoutcast’ за Shoutcast сервер.
  • (11) Внесете хост кој ви е доделен од Земи.мк.
  • (12) Внесете ја портата која ви е доделена од Земи.мк.
  • (13) Внесете ја лозинката која ви е доделена од Земи.мк (доколку не сте ја промениле).
  • (14) (Icecast2) Внесете mount point – ова најчесто е /stream или можете да ја промените преку Centova Castпанелот.

edcast-4-1

  • Во ‘YP Settings’ табот, внесете ги деталите за станицата.
  • Кликнете „OK“

edcast-5

 

  • НАПОМЕНА: Доколку користите надворешен извор на звук (излез од аудио миксер, CD плеер или сличен уред кој е приклучен на Line-IN од компјутерот) Изберете Line In (1 на сликата подолу) во делот Live Recording.

edcast_streaming_2

 

Чекор 5 – Стартувајте со енкодингот

  • (15) Штиклирсјте го ‘AutoReconnect’ полето
  • (16) Обележете го новиот енкодер, па кликнете на ‘Connect’ копчето
  • Доколку успешно се конектиравте, битрејт вредноста ќе се појави „Transfer Rate“ колоната.

edcast-6-1

 

Забелешки

  • Доколку не успеавте да се конектирате, вратете се на чекор 4 и проверете ги дополнително подесувањата за серверот.

На наше огромно задоволство ви ја претставуваме Андроид апликацијата за управување со услугите од Zemi.mk :).

 

screenshot_2016-11-22-13-27-40 screenshot_2016-11-22-13-27-51

 

Доколку вашите .mk домени се веќе на вистинската платформа, Земи.мк, и поседувате Андроид телефон, топло ви препорачуваме да ја инсталирате апликацијата. Со најава на апликацијата со вашето Земи.мк корисничко име и лозинка, во секој момент добивајте известувања за истекување на валидност на домен или веб хостинг пакет на вашиот смартфон.

Покрај известувањата за истекување на некоја од услугите од Земи.мк го креиравме и „Up-time Роботот“ кој е во функција да проверува дали вашата веб страница е достапна за јавноста или е потребно ваше внимание. Со помош на Up-time роботот, автоматски вршите проверка на секои 5 минути дали страниците се достапни. Истиот можете да го вклучите или исклучите за секој домен поединечно.

Овозможивме и обнова на услуги преку апликацијата со онлајн наплата. Како и промена на детали за домени, како што се технички или административни контакти и именски опслужувачи.

 

screenshot_2016-11-22-13-28-52 splash

 

Преку апликацијата ќе можете да вршите и пребарување за .mk домени со детален WhoIs извештај.

Истата можете да ја превземете од следниов линк. Или побарајте ја на Google Play со клучен збор „Zemi.mk“

Апликацијата е развиена од Vortechs Media ДОО, Валандово.
Развој: Александар Манев
Дизајн: Столе Китановиќ
Веб Сервис: Костадин Стојчев

Обновата на домени во Zemi.mk се врши со платежна картичка или на фактура преку контролниот панел на системот (кликнете овде за влез во контролниот панел).

Потоа од листата на кликнете на линкот „Детали“ за доменот кој сакате да го обновите.

detali

На новоотворената страна кликнете на „Обнови домен“ под датата на валидност на доменот.

obnova

Оттука изберете за колку години ќе го обновите доменот, начин на плаќање и преминете кон делот за наплата.

Постапката е иста за сите домени во .mk зоната (.mk, .com.mk, .org.mk, .net.mk, .inf.mk) како и за .мкд националниот кириличен домен.

Регистрацијата на домени во Zemi.mk се врши во само три едноставни чекори.

Најпрвин најавете се на системот. Доколку немате креирано кориснички налог истиот можете да го направите преку формата за регистрација која се наоѓа овде.

Откако ќе се најавите од менито „Домени“ изберете го подменито „Пребарување“. Овде можете да проверите дали саканиот домен е слободен и достапен за регистрација.

Доколу доменот е слободен ќе пристапите кон страницата на која може да го изберете саканиот домен за регистрација од повеќе понудени можности. Со кликање на копчето „Додади во кошничка и продолжи кон сетирање“ ќе преминете на страницата за подесување на контактите за доменот и именските опслжувачи. Покрај тоа на истата страница можете да изберете и начин на плаќање, помеѓу плати „На фактура“ или „Со платежна картичка“.

Доколку се одлучите да платите на фактура ќе ви биде генерирана профактура, која, ќе ви биде достапна за превземање, а истата ќе ви биде доставена и на мејл адресата со која што се регистриравте на Zemi.mk. Доменот ќе биде регистриран откако ќе се утврди уредна наплата за услугата.

Доколку изберете да платите електронски, со платежна картичка, доменот ќе биде инстантно регистриран и достапен за користење и управување веднаш.

Со кликање на копчето „Продолжи понатаму“ доколку ја избравте опцијата за плаќање на фактура ќе ви биде потврдена нарачката, а профактурата испратена на мејл адресата.

Во спротивно ќе бидете префрлени во кошничката од каде можете да преминете кон плаќање со платежна картичка.

Zemi.mk НЕ чува податоци од вашата платежна картичка. Целиот процес за наплата се одвива преку системот на Уни Банка со која имаме склучено договор за соработка и е задолжена за процесирање на електронското плаќање.

Softaculous авто-инсталерот, овозможува инсталација на веб апликации со само еден клик. Голем е број на апликации кои се достапни за едноставна исталација преку Softaculous, вклучува апликации за портали, комплетни решенија за е-продавници, CMS платформи, блогови, форуми и многу повеќе. Покрај поедноставената инсталација на овој тип на апликации на вашиот хостинг, Softaculous нуди и можност за креирање бекапи, овозможувајќи бекап на инсталациите во секое време.

Комплетната листа со веб апликации достапни преку Softaculous можете да ја погледнете овде.

Softaculous е достапен за сите корисници на Linux заеднички (shares) веб хостинг закупен од Zemi.mk, а по барање на клиенти може да биде инсталиран и на било кој од дедицираните сервери кои користат Linux оперативен систем, со соодветна доплата за истиот.

Најчесто инсталирани веб апликации преку Softaculous се: WordPress, Joomla, phpBB, Magento, PrestaShop…

softaculous_big

CloudLinux OS е оперативен систем креиран за потребите на компаниите кои нудат заеднички (shared) веб хостинг, развиен од CloudLinux Inc. CloudLinux е базиран на OpenVZ кернел и е компатибилен со CentOS/RHEL пакетите.

Приматната цел за која е креиран CloudLinux е да се подобри стабилноста и сигурноста на серверите и да се оптимизира и работата на „станарите“ кои закупиле простор на серверот со нивно изолирање, доделувајќи им засебни ресурси, оптимизирајќи ја работата со датабази и слично.

CloudLinux OS нуди модифициран кернел базиран на OpenVZ кернелот, додавајќи сет од оригинални и комплетно функционални можности. Главната придобивка од користењето на овој оперативен систем е Lightweight Virtual Environment (LVE), сепарирана околина со сопствен CPU, меморија, IO, број на процеси и други лимити.

Што е CageFS?

CageFS e виртуализиран засебен фајл систем кој посебно го изолира секој корисник, „станар“ на серверот и штити истите да се гледаат на серверот, да гледаат чувствителни информации за серверот и слично. CageFS исто така штити и од поголем број на хакерски напади, вклучувајќи ги повеќето напади со зголемување на привилегиите на некој од корисниците и напади при кои се откриваат информации за „станарите“ на серверот.

Погледнете ги CloudLinux OS пакетите на Zemi.mk на следниов линк.

Искористи ја можноста која ја нуди Zemi.mk и станете дел од семејството на најзадоволни домен сопственици. Со бесплатен трансфер на Вашите домени од други регистрари кон најиновативната македонска платформа за менаџирање на домени, Zemi.mk, покрај едноставниот за работа контролен панел добивате и најниска цена за обнова на домените од 549 денари, засекогаш!

Зошто Zemi.mk?

За разлика од останатите домен регистрари во Македонија, Zemi.mk користи автоматизиран систем за регистрација и менаџирање на домени во целост изработен и оптимизиран за потребите на еден .мк домен регистрар. Со ова корисничкиот интерфејс е прилагоден на потребите на еден македонски домен регистрант. Регистрацијата на домени е комплетно автоматизирана, со можност за онлајн наплата со платежна картичка или плаќање на фактура, додека пак, трансферот на домени кон Zemi.mk се врши со само еден клик!

Што е потребно да се изврши трансфер на домен кон Zemi.mk?

За да се изврши трансфер потребно е да побарате EPP (Авторизациски) код од претходниот регистрар и да појдете на http://zemi.mk/Transfer.aspx

transfer

Во полето „Домен“ внесете го вашиот домен пр.: mojdomen.mk, а во полето ЕПП код внесете го кодот за трансфер кој ви го издал вашиот дотогашен домен регистрар и кликнете на „Трансфер“. Доколку процедурата заврши успешно, регистрантот ќе добие мејл (на мејл адресата со која е регистриран доменот) со детали за најва на системот и инструкции за понатамошно управување со истиот.