Барање за регистрација на домен (pdf)
Преземи
Корисник
Во кој случај е потребно пополнување на барање?
Администратор
Барање за регистрација се пополнува во случај кога регистрантот е правно лице кое сака да регистрира .com.mk, .org.mk и .edu.mk. После успешна регистрација, онлајн, потребно е да ни го доставите барањето по пошта или скениран документ прему мејл со печат од правното лице. Правно лице кое регистрира некој од другите домени како .mk не мора да пополнува писмено барање.
Корисник
Сепак сакам да регистрирам домен со пополнување на писмено барање за регистрација. Можам ли да го сторам тоа без воопшто да го користам онлајн сервисот на Земи.мк?
Администратор
Да. Доколку инсистирате на регистрација со писмено барање за регистрација на домен, истото треба да го пополните и да ни го доставите преку пошта на адреса: 29-ти Ноември бр.21, 2460, Валандово или скенирано на мејл info@zemi.mk со што ќе ви биде генерирана профактура. Доколку регистрантот е правно лице потребно е барањето да биде заверено со печат. Доменот за кој се однесува барањето ќе биде регистриран во .мк зоната откако ќе биде евидентирана уплата за истиот.
Корисник
Дали мора да пополнам писмено барање за регистрација за да платам на фактура?
Администратор
Не. Плаќањето на фактура не е условено со писмено пополнување на барање за регистрација на домен. За плаќање на фактура потребно е при сетирање на доменот да изберете метод за наплата „На фактура“ со што ќе ви доставиме профактура за наплата на вашата мејл адреса.