Zemk.mk – Блог

Posts in the hosing category

Кога извршувате апликација, скрипта, плагини, па дури и прикачувате датотека или тема преку PHP (WordPress или некоја друга скрипта), понекогаш може да се соочите со грешка кога ќе надмините некое ограничување поставено од вашиот веб-сервер. Во овој туториал ќе научите како да ја поправите грешката со зголемување на максимално дозволената големина за прикачување на датотеки upload_max_filesize преку вашиот Zemi.mk cPanel.

За да го направите ова најпрво најавете се на вашиот Zemi.mk cPanel потоа во делот Software избирате MultiPHP INI Editor:

cpanel-max-upload-filesize-cekor-1

Следно од листата го избирате доменот за кој сакате да ја промените вредноста на upload_max_filesize:

cpanel-max-upload-filesize-cekor-2

По избор на доменот во долниот дел од отворената страница барате upload_max_filesize, од десно ја внесувате новата посакувана вредност и за крај кликате „Apply“. Буквата „М“ означува мегабајти (Mb).

cpanel-max-upload-filesize-cekor-3

Доколку сеуште имате проблем при прикачувањето на датотеки обидете се со промена на upload_max_filesize преку .htaccess фјалот. Туторијалот за промена на upload_max_filesize  преку .htaccess можете да го прочитате на следниот линк.

Оваа празнична сезона, сите нови корисници кои сакаат да станат дел од Земи.мк семејството можат да го сторат тоа по неодоливи празнични цени со 33% попуст.

Од 15-ти декември, до 15-ти јануари 2021-година, основните Линукс веб хостинг пакети и понатаму доаѓаат со бесплатен .мк домен, но сега и со значително пониски цени. И тоа, 999 денари за цела година за Gnome XL пакетот, 1.749 денари за Tauren XL и неверојатни 2.799 денари за мега пакетот Worgen XL, кој доаѓа со неверојатни 50GB NVMe SSD простор.

Оваа понуда важи за домени кои до сега никогаш не биле хостирани во Земи.мк.