Zemk.mk – Блог

Posts in the .mk domen category

Обновата на домени во Zemi.mk се врши со платежна картичка или на фактура преку контролниот панел на системот (кликнете овде за влез во контролниот панел).

Потоа од листата на кликнете на линкот „Детали“ за доменот кој сакате да го обновите.

detali

На новоотворената страна кликнете на „Обнови домен“ под датата на валидност на доменот.

obnova

Оттука изберете за колку години ќе го обновите доменот, начин на плаќање и преминете кон делот за наплата.

Постапката е иста за сите домени во .mk зоната (.mk, .com.mk, .org.mk, .net.mk, .inf.mk) како и за .мкд националниот кириличен домен.

Новогодишната промоција продолжува и во новата 2016-та година. Секој нов закупен веб хостинг пакет од Zemi.mk, до 15-ти јануари, доаѓа со БЕСПЛАТЕН .mk домен. Сега со хостинг од само 999 денари, годишно, добијте .mk домен во вредност од 699 денари, комплетно БЕСПЛАТНО!

12376285_926533454088497_9071936589919654925_n

Како?

Купете еден од хостинг пакетите, па додајте го саканиот домен во кошничка. Некој од нашите администратори ќе го активира истиот, бесплатно!

Среќни празници!
Zemi.mk,
Вашиот омилен, национален домен регистрар!

Регистрацијата на домени во Zemi.mk се врши во само три едноставни чекори.

Најпрвин најавете се на системот. Доколку немате креирано кориснички налог истиот можете да го направите преку формата за регистрација која се наоѓа овде.

Откако ќе се најавите од менито „Домени“ изберете го подменито „Пребарување“. Овде можете да проверите дали саканиот домен е слободен и достапен за регистрација.

Доколу доменот е слободен ќе пристапите кон страницата на која може да го изберете саканиот домен за регистрација од повеќе понудени можности. Со кликање на копчето „Додади во кошничка и продолжи кон сетирање“ ќе преминете на страницата за подесување на контактите за доменот и именските опслжувачи. Покрај тоа на истата страница можете да изберете и начин на плаќање, помеѓу плати „На фактура“ или „Со платежна картичка“.

Доколку се одлучите да платите на фактура ќе ви биде генерирана профактура, која, ќе ви биде достапна за превземање, а истата ќе ви биде доставена и на мејл адресата со која што се регистриравте на Zemi.mk. Доменот ќе биде регистриран откако ќе се утврди уредна наплата за услугата.

Доколку изберете да платите електронски, со платежна картичка, доменот ќе биде инстантно регистриран и достапен за користење и управување веднаш.

Со кликање на копчето „Продолжи понатаму“ доколку ја избравте опцијата за плаќање на фактура ќе ви биде потврдена нарачката, а профактурата испратена на мејл адресата.

Во спротивно ќе бидете префрлени во кошничката од каде можете да преминете кон плаќање со платежна картичка.

Zemi.mk НЕ чува податоци од вашата платежна картичка. Целиот процес за наплата се одвива преку системот на Уни Банка со која имаме склучено договор за соработка и е задолжена за процесирање на електронското плаќање.