Zemk.mk – Блог

Што е MailChannel?

cloud-architecture

MailChannels Cloud Corporate Mail комплетно ги елиминира проблемите со IP Blacklisting што се поврзуваат со компромитирани мејл акаунти или спам. Системот базиран на Cloud технологија користи вештачка интелигенција за пронаоѓање на најсоодветен начин да се достави мејл пораката, ги следи активностите на корисникот и го лимитира спамирањето. Неговата ResponseAnalytics™ технологија ги разбира причините зошто пораките се одбиени од серверот на примачот што помага при идентификација на компромитирани акаунти и ја подобрува сигурноста при достава на мејл пораките.

Овие технологии допринесуваат автоматски да биде избегнато вбројувањето на IP адресата од која се испраќа мејлот во црните листи со пресортирање на излезниот сообраќај од мејл сандачето по ризични категории и ги доставува користејки илјадници различни и константно мониторирани IP адреси на MailChannels.

Максималниот број на пратени пораки по домен е 4800 дневно или 200 пораки по час по домен.

Повеќе информации за MailChannels можете да прочитате на следниот линк: http://www.mailchannels.com/

За да ги промените именските опслужувачи за вашиот домен најавете се на контролниот панел на Zemi.mk со вашето корисничко име и лозинка.

cp

 

Откако ќе се најавите кликнете на „Детали“ за избраниот домен.

detali

 

Потоа кликнете на „Измени“ во делот „Именски опслужувачи“

izmeni

 

Во попапот што ќе ви се отвори сменете ги именските опслужувачи и кликнете „Зачувај“

popup

Искористи ја можноста која ја нуди Zemi.mk и станете дел од семејството на најзадоволни домен сопственици. Со бесплатен трансфер на Вашите домени од други регистрари кон најиновативната македонска платформа за менаџирање на домени, Zemi.mk, покрај едноставниот за работа контролен панел добивате и најниска цена за обнова на домените од 549 денари, засекогаш!

Зошто Zemi.mk?

За разлика од останатите домен регистрари во Македонија, Zemi.mk користи автоматизиран систем за регистрација и менаџирање на домени во целост изработен и оптимизиран за потребите на еден .мк домен регистрар. Со ова корисничкиот интерфејс е прилагоден на потребите на еден македонски домен регистрант. Регистрацијата на домени е комплетно автоматизирана, со можност за онлајн наплата со платежна картичка или плаќање на фактура, додека пак, трансферот на домени кон Zemi.mk се врши со само еден клик!

Што е потребно да се изврши трансфер на домен кон Zemi.mk?

За да се изврши трансфер потребно е да побарате EPP (Авторизациски) код од претходниот регистрар и да појдете на http://zemi.mk/Transfer.aspx

transfer

Во полето „Домен“ внесете го вашиот домен пр.: mojdomen.mk, а во полето ЕПП код внесете го кодот за трансфер кој ви го издал вашиот дотогашен домен регистрар и кликнете на „Трансфер“. Доколку процедурата заврши успешно, регистрантот ќе добие мејл (на мејл адресата со која е регистриран доменот) со детали за најва на системот и инструкции за понатамошно управување со истиот.