Како да ја едитирате вашата
WordPress страница?


Едитирај Header (Заглавје)
Едитирај Footer (Подножје)
Едитирање страници
Типографија
Бои
Сајдбар
Контејнер
Идентитет на страница
Единечен темплејт
Блог темплејт
Додавање позадинска слика и видео

Уредување на заглавје


#Вовед

Оваа документација ќе ви покаже како да го уредите заглавјето на вашата веб-страница.

Заглавјето на веб-страница се наоѓа на горниот дел од секоја страница и има неколку важни цели. Заглавјето е повеќе од место за вашето лого, мени за навигација, социјални икони итн. Овој дел е обично ист на сите страници на веб-страницата.

Генерално, добро заглавје ја олеснува навигацијата на вашата веб-страница, го воспоставува вашиот бренд и создава конзистентно корисничко искуство при прелистување низ целата веб-страница.

Во продолжение едно GIF-видео за да ви покаже како да го уредувате заглавјето:



#Објаснување

За да го уредувате заглавјето прво мора да појдете во вашиот WordPress Dashboard (тоа е првата страница која ви се отвора по најава на вашата WordPress страница).



Застанете со курсерот над менито Аppearance (Изглед) и од подменито кликнете на Customize (Уредувај).



Ќе ви се отвори страницата за уредување што ќе ви овозможи едитирање на страницата по вашите потреби. Кликнете на Edit Header, Footer, Pages.



Од следното мени кликнете не Header и ќе бидете пренасочени кон Pagelayer Editor каде ќе можете да го едитирате вашето заглавје.



По уредување на заглавјето кликнете на Update за да ги зачувате промените.