Zemk.mk – Блог

Posts in the .mk domen category

По повод Cyber Monday, Земи.мк овозможува 15% попуст при обнова на активните услуги. Попустот е достапен само денес и може да се искористи со внесување на купонот за попуст.

Купон за попуст: cybermonday2025

Понудата важи исклучиво за обнова на услуги во рамки на Cyber Monday промоцијата. Корисниците кои сакаат навремено да ги продолжат своите услуги имаат можност да го сторат тоа по пониска цена, без дополнителни услови.

Промоцијата трае само денес, 1-ви декември, 2025.

За дополнителни информации или прашања, нашата техничка поддршка е достапна.

Од 28 ноември до 1 декември 2025, Zemi.mk ја стартува традиционалната Black Friday акција со 70% попуст на сите „Pro“ веб хостинг пакети, вклучително и новите Turbo пакети со зголемени ресурси.
Ова е најголемата годишна промоција и идеален момент да започнете нов проект или да го унапредите постоечкиот по значително пониска цена.

Што добивате со хостинг пакетите на Zemi.mk?

Нашата Cloud инфраструктура обезбедува:
– висока брзина и минимални прекини
– оптимизирани LVE лимити
– професионална техничка поддршка секој ден
– подарок .mk домен во првата година

Turbo пакетите дополнително носат:
4 CPU, 5 GB RAM, 200 процеси, 4095 IOPS и 200 MB/s I/O.

Како да ја искористите Black Friday акцијата?

Посетете: https://zemi.mk/hosting

Промотивните цени ќе бидат директно прикажани на веб-сајтот во периодот на акцијата.


Правила за користење на акцијата „Black Friday 2025“
– Акцијата „Black Friday / 2025“ започнува на 28 ноември во 00:00 часот и трае до 1 декември 2025 во 23:59 часот.
– Акцијата е достапна исклучиво за нови корисници и за домени кои никогаш претходно не биле хостирани во Zemi.mk.
– Доколку се утврди дека веќе постоечки корисник закупил хостинг пакет по Black Friday цена за домен кој претходно бил хостиран кај нас, пакетот ќе биде суспендиран, а средствата рефундирани.
– Акциите ќе бидат активирани по извршена проверка на подобност за користење на промоцијата.
– Доколку во иднина на промотивно купен Black Friday пакет се хостира домен кој претходно бил хостиран во Zemi.mk, или се утврди обид за злоупотреба, пакетот ќе биде суспендиран без можност за рефундирање.

Zemi.mk ги надградува стандардните споделени хостинг пакети со нови TURBO варијанти, создадени за корисници кои имаат потреба од значително повеќе ресурси, стабилност и брзина. Со ова проширување, трите најкористени пакети Solo, Business и Premium – стануваат уште посилни, без да ја загубат нивната едноставност и пристапност.

Што носат TURBO пакетите?

Turbo верзиите на пакетите вклучуваат значително поголеми лимити и перформанси:

  • 4 CPU (400% compute power)

  • 5 GB RAM

  • 200 истовремени процеси

  • 4095 IOPS

  • 200 MB/s дисков throughput (I/O)

  • Оптимизиран LVE профил

  • Значително побрзо учитување и подобра стабилност

Ова ги прави Turbo пакетите одличен избор за веб проекти во подем, онлајн продавници, WordPress страници со многу додатоци, информативни портали и сите корисници што сакаат да имаат брзина како на VPS, но да останат на „shared“ околина.

Подарок .mk домен во сите пакети

Секој хостинг пакет, вклучително и Turbo верзиите, содржи подарок .mk домен во првата година.
Регистрација: https://zemi.mk/domains/search

Како лиценциран MARnet регистратор, Zemi.mk обезбедува брза и едноставна регистрација, без дополнителни процедури, во целосна согласност со новиот Правилник на МАРнет, како и Законот за електронски документи електронска идентификација и доверливи услуги.

Зошто ги воведуваме TURBO пакетите?

Целта е да им овозможиме на корисниците повеќе слобода и повеќе моќ без миграција кон поскапи платформи. Многу македонски бизниси имаат сезонски или кампањски пикови во посетеност. Turbo ресурсите обезбедуваат стабилност токму во тие моменти.

Повисоките лимити овозможуваат:

  • побрзо вчитување на страницата

  • подобро искористување на кеширање

  • повеќе паралелни активни посетители

  • подобра изведба на WooCommerce и CRM апликации

  • минимизирање на шансите за „Resource Limit Reached“

Достапност

Новите Turbo пакети се достапни тука:
https://zemi.mk/hosting

Black Friday периодот и оваа година го носи најголемиот сезонски попуст во Zemi.mk, кој се однесува на регистрацијата на нови .mk домени. Во периодот од 17 ноември до 1 декември 2025 година, сите корисници ќе можат да регистрираат нов .mk домен по 50% намалена цена од 399 денари, со вклучен ДДВ.

Попустот се однесува исклучиво на регистрација на нови домени на една година, додека цената за нивно годишно обновување останува непроменета и изнесува 649 денари.

Оваа Black Friday промоција е особено погодна за бизниси и поединци кои планираат развој на нови проекти, креирање на веб страница или обезбедување на домен за својот бренд за идни потреби. Регистрацијата на .mk домен претставува важен чекор во градењето на онлајн присуство, а ограничениот период на намаление овозможува пристапна и економична инвестиција.

Промоцијата е активна до 1 декември 2025 година, по што регистрацијата повторно ќе се наплаќа по редовната цена. За сите заинтересирани, регистрацијата е достапна преку веб страницата на Zemi.mk.

Со цел да обезбедиме брз, едноставен и сигурен начин за регистрација на .mk домени, Zemi.mk овозможува електронско потпишување на Барање за регистрација на .mk домен преку мобилната апликација Evrotrust.

Овој процес овозможува целосно дигитализирана регистрација без потреба од физичко потпишување или испраќање на документи по пошта. Корисниците можат од било каде и во секое време да го потпишат своето барање и веднаш да го финализираат процесот на регистрација на домен.


За далечинско електронско потпишување, Zemi.mk користи два интегрирани сервиси:

Evrotrust – Акредитиран давател на доверливи услуги и квалификувани електронски потписи, управуван од Evrotrust Technologies AD, компанија регистрирана во Бугарија. Evrotrust е целосно усогласен со Регулативата (ЕУ) 910/2014 (eIDAS), што гарантира правна важност на електронските потписи во целата Европска Унија. Оваа платформа овозможува лесно идентификување и потпишување на документи преку мобилната апликација.

Evrotrust е акредитиран издавач на шема за електронска идентификација од страна на Министерството за информатичка терхнологија. Листата со акредитирани даватели на услуги можете да ја најдете на следниот линк: https://trusteid.mdt.gov.mk/registar_listi/.
eIDEasy – Сервис за автоматско генерирање и управување со електронски потписи, кој ја поврзува Evrotrust со нашата регистрациона платформа. Овој систем е развиен и одржуван од SignWise Services OÜ, компанија регистрирана во Естонија, и е целосно усогласен со Регулативата (ЕУ) 910/2014 (eIDAS), овозможувајќи сигурно и правно признато потпишување низ цела Европа.

Со оваа комбинација, целиот процес на регистрација е безбеден, усогласен со законските регулативи и исклучително едноставен за крајниот корисник.

Како да ја инсталирате и користите мобилната апликација на Evrotrust?

За да можете да го потпишете БЕСПЛАТНО вашето Барање за регистрација на .mk домен, потребно е да ја преземете и активирате апликацијата Evrotrust на вашиот мобилен уред.

Преземете ја апликацијата Evrotrust:
evrotrust-logo

 

Чекори за користење:

1. Преземете ја и инсталирајте ја апликацијата од App Store или Google Play.
2. Регистрирајте се со вашите лични податоци и завршете ја верификацијата според упатствата во апликацијата.
3. Приклучете го вашиот квалификуван електронски потпис, следејќи ги насоките за идентификација.
4. Кога ќе поднесете Барање за регистрација на домен преку Zemi.mk, ќе бидете запрашани да го внесете телефонскиот број со кој сте регистрирани на Evrotrust.
5. По внесување на бројот, на вашата Evrotrust апликација ќе добиете известување дека ви е достапен нов документ за потпишување.
6. Отворете ја апликацијата, потпишете го документот и системот на Evrotrust автоматски ќе нè извести дека Барањето е потпишано.
7. По проверка од наша страна, доколку утврдиме дека Барањето е уредно поднесено и потпишано, .mk доменот ќе биде регистриран.

Видео упатство за инсталација и користење на Evrotrust апликацијата.

Во целиот процес, Zemi.mk не обработува и чува копии од вашите документи за лична идентификација.

Полисата за приватност можете да ја најдете на следниот линк.

Од 11-ти февруари 2025 година (вторник), стапува во сила новиот Правилник на МАРнет, кој носи значајни промени во процесот на регистрација на .mk домени. Како и досега, Земи.мк останува посветен на тоа да ви овозможи најбрз, најсигурен и наједноставен начин за регистрација и управување со вашите домени.

Што се менува?

Регистрација со електронски потпис

Отсега, регистрацијата на .mk домени ќе се врши со БЕСПЛАТНО електронско потпишување на Барањето за регистрација на .mk домени. Земи.мк интегрира современа, безбедна и брза шема за електронско потпишување, базирана на решенија од Evrotrust.

Како функционира потпишувањето?

Повеќе информации за процесот на електронско потпишување можете да најдете овде: Процес на електронска идентификација и потпишување

Во Земи.мк секогаш гледаме на промените како можност за унапредување. При усогласување со новата регулатива, успеавме да го сведеме целиот процес на електронско потпишување на само еден дополнителен чекор, правејќи го регистрациониот процес едноставен, брз и максимално сигурен.

Регистрација на .mk домени за правни лица

За правните лица, покрај верификацијата на овластеното лице преку квалификуван електронски потпис, сега ќе биде потребно и поднесување на Потврда за тековна состојба на субјектот.

Нови критериуми за регистрација на .mk домени

Право на регистрација на .mk домени имаат само физички лица со престојувалиште во С. Македонија, и сите правни лица, домашни и странски.

Новите правила не се однесуваат на веќе регистрираните домени.

Нов редизајниран кориснички портал

Со цел да ги усогласиме сите новитети со новиот Правилник, воведовме и целосно редизајниран и подобрен кориснички портал, кој овозможува полесно и поефикасно управување со вашите домени.

Нови функционалности во порталот:

✔ Респонзивен дизајн – комплетно прилагоден за работа на сите уреди (десктоп, таблет, мобилен).

✔ Подобрена DNS контрола – полесно управување со вашите домени и записи.

✔ Едноставен и брз процес на електронско потпишување – беспрекорно интегриран со новите барања.

✔ Поддршка за повеќе билинг контакти – овозможува подобра организација и контрола на вашите фактури и плаќања.

Промена на Условите за користење

Со воведувањето на новите правила, направени се и ажурирања во Условите за користење на Zemi.mk.

Променетите услови за користење можете да ги најдете на следниот линк:

Ажурирани Услови за користење

Продолжуваме да работиме напорно за да го направиме Земи.мк уште подобар за вас.

За сите дополнителни информации, нашиот тим е на располагање.

Со почит,

Земи.мк – Вашиот доверлив партнер за .mk домени

Регистрацијата на .mk домени останува достапна и во следните два месеца (септември и октомври 2024) по супер повластена цена од само 399 денари! Не пропуштајте ја шансата да го регистрирате вашиот .мк домен по преполовена цена.

Доменот се обновува по редовна цена од 649 денари или актуелната цена објавена на нашиот Ценовник.

За да го регистрирате вашиот .mk домен, посетете го следниот линк, пребарајте го вашиот домен и следете ги едноставните чекори за регистрација.

Останете информирани за сите детали на нашиот блог.

Со задоволство ја објавуваме нашата повластена цена за регистрација на .mk домени. Отсега регистрацијата на саканите .mk домени во Zemi.mk ќе се врши по преполовена цена, од само 399 денари!

Домените, по првата година се обновуваат по редовната цена од 649 денари или актуелната цена за обнова на .mk домени.

За да го регистрирате вашиот .mk домен, појдете на следниот линк, пребарајте го, и следете ги неколкуте лесни чекори за регистрација.

Земи.мк, годинава за првпат јавно ја објави Годишната анализа на пазарот со .мк домени за 2021 година.

Анализата покажа дека бројот на новорегистрирани домени во 2021 година изнесува 3.387, или 9.3 домени дневно.

Најчесто користен збор во македонските .mk домени е зборот „hotel“, по кој следуваат „park“, „grad“, „plus“, „sistem“… Најдолгиот .mk домен има 39 карактери, а во просек еден .mk домен е долг 12.5 карактери. Просечната старост на еден .mk domen 5.6 години, а најстариот има 18 години и 8 месеци.

Во однос на демографијата, 62.2% од сите .mk домени се регистрираат од Скопје, додека останатите 37.8% од внатрешноста. Во топ 5 градови од каде се регистрираат најмногу .мк домени покрај Скопје се наоѓаат Охрид, Битола, Тетово и Струмица. Кога е половата структура во прашање, овде постои значителна нерамномерност, па така дури 71.2% од регистрантите на .mk домени се мажи.

Повеќе детали од анализата можете да погледнете на инфографикот подолу.

zemimk-analiza-2021-infografik

Кога извршувате апликација, скрипта, плагини, па дури и прикачувате датотека или тема преку PHP (WordPress или некоја друга скрипта), понекогаш може да се соочите со грешка кога ќе надмините некое ограничување поставено од вашиот веб-сервер. Во овој туториал ќе научите како да ја поправите грешката со зголемување на максимално дозволената големина за прикачување на датотеки upload_max_filesize преку вашиот Zemi.mk cPanel.

За да го направите ова најпрво најавете се на вашиот Zemi.mk cPanel потоа во делот Software избирате MultiPHP INI Editor:

cpanel-max-upload-filesize-cekor-1

Следно од листата го избирате доменот за кој сакате да ја промените вредноста на upload_max_filesize:

cpanel-max-upload-filesize-cekor-2

По избор на доменот во долниот дел од отворената страница барате upload_max_filesize, од десно ја внесувате новата посакувана вредност и за крај кликате „Apply“. Буквата „М“ означува мегабајти (Mb).

cpanel-max-upload-filesize-cekor-3

Доколку сеуште имате проблем при прикачувањето на датотеки обидете се со промена на upload_max_filesize преку .htaccess фјалот. Туторијалот за промена на upload_max_filesize  преку .htaccess можете да го прочитате на следниот линк.