Zemk.mk – Блог

Posts in the Инфо category

Земи.мк, годинава за првпат јавно ја објави Годишната анализа на пазарот со .мк домени за 2021 година.

Анализата покажа дека бројот на новорегистрирани домени во 2021 година изнесува 3.387, или 9.3 домени дневно.

Најчесто користен збор во македонските .mk домени е зборот „hotel“, по кој следуваат „park“, „grad“, „plus“, „sistem“… Најдолгиот .mk домен има 39 карактери, а во просек еден .mk домен е долг 12.5 карактери. Просечната старост на еден .mk domen 5.6 години, а најстариот има 18 години и 8 месеци.

Во однос на демографијата, 62.2% од сите .mk домени се регистрираат од Скопје, додека останатите 37.8% од внатрешноста. Во топ 5 градови од каде се регистрираат најмногу .мк домени покрај Скопје се наоѓаат Охрид, Битола, Тетово и Струмица. Кога е половата структура во прашање, овде постои значителна нерамномерност, па така дури 71.2% од регистрантите на .mk домени се мажи.

Повеќе детали од анализата можете да погледнете на инфографикот подолу.

zemimk-analiza-2021-infografik

Купон за попуст е кратка „лозинка“ со чие активирање при купување на услуги од Земи.мк можете да искористите одреден попуст.

  • Доколку купувате услуги.

При купување на услуги, кодот за попуст потребно е да го активирате додека сте во кошничката, пред да преминете кон наплата. (Види фотос). Внесете го купонот во соодветното поле и кликнете на „Активирај“. Доколку купонот е валиден веднаш ќе ви биде пресметан попустот.
kupons-za-popust-zemimk

  • Доколку обновувате услуги

За да искористите купон за попуст при обнова на услуги, какви што се обнова за домени или Веб хостинг пакет, по кликање на копчето „Обнови“ во контролниот панел, ќе бидете пренасочени кон страната за избор на период на обнова под што се наоѓа и линкот за активирање на кодот за попуст (види фотос). Со кликање на линкот „Имате купон за попуст?“ ќе ви се отвори полето за внес на купонот. Внесете го и кликнете „Плати“. Со ова ќе ви биде ирачунат попустот и вметнат во конечната сума за наплата. Користење на попуст за обнова е возможно само доколку плаќањето се изврши онлајн со платежна картичка.

kupons-za-popust-obnova-zemimk

Кога извршувате апликација, скрипта, плагини, па дури и прикачувате датотека или тема преку PHP (WordPress или некоја друга скрипта), понекогаш може да се соочите со грешка кога ќе надмините некое ограничување поставено од вашиот веб-сервер. Во овој туториал ќе научите како да ја поправите грешката со зголемување на максимално дозволената големина за прикачување на датотеки upload_max_filesize преку вашиот Zemi.mk cPanel.

За да го направите ова најпрво најавете се на вашиот Zemi.mk cPanel потоа во делот Software избирате MultiPHP INI Editor:

cpanel-max-upload-filesize-cekor-1

Следно од листата го избирате доменот за кој сакате да ја промените вредноста на upload_max_filesize:

cpanel-max-upload-filesize-cekor-2

По избор на доменот во долниот дел од отворената страница барате upload_max_filesize, од десно ја внесувате новата посакувана вредност и за крај кликате „Apply“. Буквата „М“ означува мегабајти (Mb).

cpanel-max-upload-filesize-cekor-3

Доколку сеуште имате проблем при прикачувањето на датотеки обидете се со промена на upload_max_filesize преку .htaccess фјалот. Туторијалот за промена на upload_max_filesize  преку .htaccess можете да го прочитате на следниот линк.

Добредојдовте во уште еден туторијал за тоа Како да промените WordPress тема преку „myphpadmin“ брзо и лесно.

Пред да започнеме со промена на тема најпрво треба да ја најдеме локацијата каде вашата WordPress страница е инсталирана. Доколку сеуште немате инсталирано WordPress тоа можете да го направите брзо и едноставно со следење на упатството од следниот линк.

Промена на WordPress тема преку „myphpadmin“ е толку едноставно што целата процедура е во два чекори.

Чекор 1 – Oтворете „File Manager“

Отворето го фајл менаџерот „File Manager“ од вашиот Zemi.mk cPanel контролен панел.

myphpadmin-step-1

Првото нешто што треба да направите е да го пронајдете името на вашата база на податоци од WordPress страницата за која сакате да промените тема. За да го направите ова, одете до „File Manager-от“, отворете ја датотека wp-config.php во вашиот директориум public_html. Најдете го најдете името на базата што вашата веб страница ја користи со брање на редот со код каде има напишано DB_NAME:

myphpadmin-step-2

Додека сме во „File Manager-от“ следно ќе ја отвориме локацијата на директориумите каде се поставуваат фајловите од темите кој се достапни на вашата WordPress инсталација. За да го направиме ова потребно е да влеземе во директориумот со следната патека /wp-content/themes. Овде ќе ги најдете сите достапни теми кои можат да бидат активирани на вашата WordPress страница. Ќе претпоставиме дека сакаме да ја активираме темата „newsport“.

myphpadmin-step-3

 

Чекор 2 – Oтворете „myphpadmin“

Следен чекор што треба да направите е преку cPanel контролниот панел на Zemi.mk, најдете ја алатката „myphpadmin“ и отворете ја.

myphpadmin-step-4

Откако ќе влезете во „myphpadmin“ од лева страна ќе ви бидат излистани сите бази на податоци кои ги имате креирано преку вашиот хостинг. Со инсталација на WordPress автоматски се креира базата потребна за работа. Ја наоѓате базата со исто име од DB_NAME од чекор еден и кликате на знакот „+“. Со кликање на плусот ќе се отворат сите табели креирани во таа база, ја наогате табелата „wp_options“ и ја избирате истата со кликање на неа. Потоа низ колоните ги барате „template“ и „stylesheet“ редовите за кои ќе имате вредност иста со името на моментално активната тема:

myphpadmin-step-5

Тоа што треба следно да се направи е да кликнете два пати на името на темата кое во моментов е внесено во табелата и да го заменет со името на темата која сакате сега да ја активате. Во случајов „newsport“.

myphpadmin-step-6

За зачувување само кликнете надвор од текстуалното поле.

Честитки, сега вашата WordPress тема е променета.

Доколку сакате да знаете како да активирате нова тема преку самата WordPress платформа проследете го упатството на следниот линк.

Овој туторијал ќе Ви помогне при инсталацијата и активирање на WordPress тема. Инсталацијата на темата може да биде на два начини и тоа: со избор од каталогот на теми преку самиот WordPress или, со прикачување на тема која ја имате купено од трета страна. За избор на платени премиум теми советуваме да разгледате на ThemeForest или TemplateMonster.

Најпрво ќе го објасниме процесот за инсталација на тема од каталогот на теми на WordPress.

Чекор 1

По успешна најава на администраторскиот дел од WordPress од менито од лева страна избирате Appearance->Themes или доколку е на македонски јазик Изглед->Теми.

wordpress-tema-chekor-1

Чекор 2

Ова ќе ве однесе во делот „Appearance“ или на македонски „Изглед“ на WordPress каде се листаат моментално инсталираните теми на вашиот WordPress. За да додадете нова тема избирате „Add New“. Ова копче најчесто е најдолу.

wordpress-tema-dodadi-tema-chekor-2

 

Чекор 3

Овде можете да пребарувате тема со користење на „Feature filter“ напредниот филтер и за крај избирате „Apply Filters“. Следно ќе ви се излистаат темите филтрирани според избраните карактеристики во филтерот претходно. Откако ќе ја изберете темата која ви се допаѓа кликате „Install“.

wordpress-tema-dodadi-tema-chekor-4

 

Чекор 4

Инсталацијата на темата може да потрае зависно од тоа колку е истата голема. Откако темата ќе се инсталира потребно е да ја активирате со кликање на копчето „Activate“.

wordpress-tema-dodadi-tema-chekor-5

Сега темата е активна и можете да продолжите со нејзино користење.

 

Што да направите доколку веќе имате купено тема и сакате истата да ја прикачите и активирате на вашата WordPress страна?

Доколку веќе сте купиле тема и истата ја имате на вашиот локален компјутер потребно е да ја прикачите и активирате. Првиоте два чекори се исти како претходно поради што нема да ги повторуваме.

Чекор 3

На овој чекор потребно е да ја прикачиме темата од локален компјутер. Темата треба да биде во компресиран фајл (.zip). За тоа да го направиме потребно е да кликнеме на копчето „Upload Theme“, го одбираме .zip фајлот до темата и го прикачуваме.

wordpress-upload-tema-dodadi-tema-chekor-1

Во процесот на прикачување на темата задолжително чувајте го прозорецот од вашиот пребарувач отворен, во спротивно прикачувањето нема да биде успешно. Откако темата ќе се прикачи целосно истата ја активираме исто како и на Чекор 4 од претходно.

Забелешка:

При процесот на прикачување на темата многу често може да се случи грешка поради надминат максимален лимит за прикачување (Upload Max Filesize). За да го зголемите максимално дозволениот лимит за прикачување на фајл прочитајте го упатството од следниот линк.

 

Доколку се прашувате како сами да креирате веб страница, а притоа немате техничко познавање, нути знаете програмски јазици или да дизајнирате веб страни, имаме добри вести за вас. Погледнете го нашиот последен видео туторијал за тоа како самите, без буџет, да направите веб сајт, со помош на бесплатни алатки и алатките кои ви се достапни со хостинг пакетите од Земи.мк.

Во овој туторијал ги користевме WordPress, бесплатниот „влечи и спушти“ веб билдер „Elementor“, како и бесплатна WordPress тема, „Astra“.

Креирањето на веб страница со триото WordPress, „Елементор“ и „Астра“ е навистина едноставно и интуитивно. Се што ви е потребно е малку фантазија и желба. Кој знае, можеби во вас се крие следниот македонски веб дизајнер на годината. Направете си дупло еспресо и почнуваме!

 

За креирање на страница со „Елементор“ претходно, потребно е да имате инсталирано WordPress на вашиот домен. Како да инсталирате WordPress можете да прочитате овде.

Македонските веб и графички дизајнери често се соочуваат со проблем при наоѓање на вистинскиот кириличен ракописен фонт за своите проекти. Во овој блог пост решивме да објавиме листа од нашите омилени кирилични фонтови со поддршка за македонско кирилично писмо. Листата содржи премиум и бесплатни фонтови кои можат да се користат при креирање лични или комерцијални проекти. Доколку барате соодветен фонт за Вашата Веб страница, кога сте веќе на нашиот блог 🙂 би ви ги препорачале и нашите Веб хостинг услуги, како и регистрацијата на .mk домени по најповолна цена во Македонија.

Amatic SC

amatic-sc-kirilicen-rakopisen-font

„Amatic SC (Small Caps)“ е едноставен, но ефективен ракописен кириличен фонт. Може да се користи во наслови и мали параграфи. Фонтот е првично дизајниран од Вернон Адамс кој настојувал истиот да се користи бесплатно на интернет. Постојат две верзии од фонтот, нормална и здебелена (bold, 700) верзија. Овој фонт би бил одличен за илустрации, посебно детски илустрации или видео игри.

 

Bad Script

bad-script-makedonski-kirilichen-font

Започнат како едноставен логотип со шест букви, „Bad Script“ се развил во посебен фонт, поддржувајќи латинични и кирилични карактери. Овој ракописен фонт е целосно направен со помош на таблет за да имитира секојдневен и уреден ракопис. Дизајниран да личи на сопствениот ракопис на дизајнерот и креатор, Роман Шчукин, од Gaslight.

 

Benvolio

benvolio-rakopisen-kirilichen-font

„Benvolio“ е бесплатен кириличен ракописен фонт кој е креиран да имирита неуреден, реален ракопис. Овој фонт е наменет да се користи при креирање на лични Веб страници или принтан материјал.

 

Banana

banana-kirilichen-makedonski-font

„Banana“ е кириличен фонт креиран при работилницата „Типокујна“ организирана од еден од најистакнатите македонски типографи, Ласко Џуровски. Овој фонт е креиран од Вања Штркова и содржи 137 карактери, кирилични, но исто така и латинични.

 

Capuletty

capuletty-rakopisen-makedonski-kirilichen-font

„Capuletty“ е сличен на Benvolio. Станува збор за фонт со кирилична поддршка, кој би имал примена при креирање на лични написи, кратки подзаглавја и друго. Фонтот е бесплатен за лична употреба.

 

Neucha

neucha-rakopisen-kirilichen-makedonski-font

Кириличниот фонт „Neucha“ е креиран заради една и единствена фраза: „Те сакам“. Како што раскажува неговиот креатор, во 2005 година бил вљубен и имал потреба од соодветен фонт да ја искаже својата љубов. Првата верзија на фонтот била направена за 8 часа. „Neucha“ преведено од руски јазик значи „не знаејќи како правилно да креирате фонтови“.

 

Six hands

six-hands-makedonski-rakopisen-font

„Six hands“ е фонт-фамилија која содржи повеќе стилови на фонтот, со поддршка за македонско кирилично писмо. Фонтот е достапен за лична и комерцијална употреба преку „Adobe Fonts“.

 

Karmakasha

karmakasha-kirilichen-makedonski-font

Уште еден од извонредните фонтови кои беа креирани во „Типокујна“. Станува збор за „Karmakasha“ на Александар Пешевски.

 

Adobe Handwriting

adobe-handwriting-makedonski-kirilichen-font

Уште еден од фонтовите достапни преку „Adobe Fonts“ со кирилична поддршка, кој на корисниците им нуди дозвола за употреба во лични или комерцијални фонтови.

 

Radio Volna

radio-volna-makedonski-kirilichen-font

Овој кириличен фонт насловен како „Radio Volna“ е класична калиграфија со дебела четка. Фонтот е супер разноврсен и погоден за секој проект.

 

Spring Blush

spring-blush-makedonski-rakopisen-font

„Spring Blush“ е неверојатен фонт со ракописна кирилична поддршка кој ги крши границите уште повеќе. При негово креирање користена е SVG технологија за да постигне максимален реализам.

 

Nautilus Pompilius

nautilus-kirilichen-makedonski-font

„Nautilus“ е модерен ракописен кириличен фонт, дизајниран за употреба во наслови, логоа, постери и други значајни места. Фонтот содржи многу лигатури, стилски алтернативи и прелевања. Тоа помага да додадете повеќе разновидност на вашиот текст. Во оригиналниот фонт недостасува кириличната буква „ј“, но бидејќи е иста со латиничната лесно може да се надомести.

 

Miama Nueva

miama-nueva-makedonski-kirilichen-font

„Miama Nueva“ е шармантен ракописен фонт. Содржи комплетен сет на карактери, вклучувајќи и продолжена јазична поддршка межу кои и поддршката за кирилично писмо. Фонтот е идеален за дизајн на покани за венчавки, женствени логоа, брендирање, мода, облека, социјални медиуми и многу повеќе.

 

Prestilka

prestilka-makedonski-rakopisen-font

„Prestilka“ е последниот кириличен фонт од „Типокујна“ кој ќе го спомнеме во оваа листа. Станува збор за фонт со сет од 114 латинични и кирилични карактери. Изработен е од страна на Александра Новеска.

 

Nickainley Scripy

miama-nueva-makedonski-kirilichen-font

„Nickainley Script“ е прекрасен класичен, ретро, скриптен кириличен фонт. Содржи големи, мали букви, бројки и интерпункциски знаци, вклучувајќи и поддршка за кирилични карактери. Истиот може да се користи за различни намени, како што се логоа, покани за венчавки, маици, заглавја, знаци, етикети, вести, постери, итн.

Што е CloudFlare?

При креирање на Веб страници, независно дали динамички (сопствена скрипта, WordPress, Joomla…) или статичка HTML страница, искусниот девелопер секогаш ја има на ум оптимизираноста на страницата, како истата побрзо би се вчитувала на уредите на посетителите. Брзината на страницата покрај тоа што ги прави вашите посетители позадоволни, влијае и на SEO или позицијата на Вашата веб страница на Google и другите пребарувачи какви што се Yahoo, Bing, Yandex…

Покрај оптимизираноста на кодот и мултимедијалните фајлови на страницата и нејзино кеширање од страна на серверот или софтверски алатки, бесплатно ви е достапен и CloudFlare, мрежата за дистрибуција на содржина.

CloudFlare е глобална мрежа за дистрибуција на содржина или CDN. Со активирање на CloudFlare за вашата Веб страница, овозможувате нов слој на кеширање на содржина која ќе биде дистрибуирана глобално преку мрежата од сервери кои ги користи компанијата, а е најблиску до посетителот на вашата страница за што поголема брзина.

tsf

Како да активрам CloudFlare за мојата страница?

  • За да користите CloudFlare најпрво потребно е да креирате кориснички профил на сервисот. Регистрацијата можете да ја направите на следниот линк.
  • Откако успешно ќе се регистрирате и најавите потребно е да ја додадете вашата страница со кликање на копштено „Add а Site“.

cloudflare-step-1

  • Ќе бидете пренасичени на нова страница каде е потребно да го внесете вашиот домен. Доменот го внесувате без https или www и кликате на копчето „Add site“.

cloudflare-step-2-png

  • По внесување на доменот следува избор на пакет (претплата) за вашата Веб страница. CloudFlare нуди четири пакети од кои три се премиум или со месечна претплата, а еден е бесплатен. Пакетите се разлукуваат меѓу себе со одредени можности и функционалности, но сепак основниот, бесплатен пакет нуди се што Ви е потребно за почеток. Го избирате пакетот и кликате на копчето „Continue“.

cloudflare-step-3

Следно, CloudFlare ќе се обиде да ги повлече вашите DNS записи од вашиот хостинг во Земи.мк. По комплетирање на овој чекор од процедурата за оптимизирање на вашата Веб страница со користењето на CDN, можете да ги проверите истите и доколку одреден запис недостасува да го додадете (најчесто нема потребна од ваша интервенција). Штом утврдите дека сè е во ред, кликате на копчето „Continue“ по што ќе бидете пренасочени на последниот чекор.

cloudflare-step-4

По добиена потврда дека вашата страна е успешно додадена во работната табла на CloudFlare ќе добиете именски опслужувачи кои ќе биде потребно да ги поставите на вашиот домен, а со тоа да го комплетирате активирањето на CloudFlare. Како да извршите пормена на именските опслужувачи со помош на сервисот на Zemi.mk може да прочитате на следниот линк. За крај кликате на копчето „Done, check nameservers“.

cloudflare-step-5

Некогаш е потребно по кликање на копчето за комплетирање на процесот да почеткате до 24 часа за целосно пропагирање на новододадените именски опслужувачи.

За максимални перформанси изберете некој од хостинг пакетите на Земи.мк кои доаѓаат со SSD/NVMe дискови и најмоќниот Веб сервер LiteSpeed.

WordPress е најкористената CMS платформа, со коja лесно и бесплатно можете да креирате веб страници и да управувате со нив. Можеби најголемите предности на WordPress во однос на конкурентните платформи се едноставниот и интуитивен кориснички интерфејс, кој е достапен и на македонски јазик, големиот број на бесплатни и премиум темплејти (изгледи) и додатоци (плагини), со чија помош можете и до најмал детал да ја персонализирате вашата веб страница, која ќе ги исполнува сите ваши побарувања. Што од естетски аспект, но и во поглед на функционалноста.

Zemi.mk нуди инсталација на WordPress со еден клик, преку автоматскиот инсталер Softaculous. Sofaculous е достапен како алатка на cPanel и покрај WordPress нуди инсталација на многу бесплатни и премиум скрипти и веб апликации. Автоматската инсталацијата на WordPress е достапна на основните хостинг пакети од Zemi.mk, кои користат и LiteSpeed Веб сервер, креиран со цел – најголема оптимизација на динамички веб страници, какви што се и тие креирани со WordPress.

За да инсталирате WordPress најпрвин најавете се на cPanel со деталите за управување со вашиот хостинг пакет кои ви се доставени на мејл по наплатата и активацијата на истиот. Линкот за најава на cPanel најчесто е imeto-na-vashiot-domen.mk/cpanel.

Откако ќе се најавите кликнете на WordPress иконата, која е прикажана на сликата подолу.

softaculous-instalacija-na-wordpress-cpanel

Одовде ќе бидете пренасочени кон страницата за инсталација на WordPress, каде е потребно да кликнете не копчето „Install“ или „Install Now“.

instalacija-na-wordpress

Потоа ќе ви биде отворена страницата со подесувањата за вашата WordPress инсталација.

  • Software Setup (1 на сликата)
    • Овде е потребно да го зададте URL-то за вашата страница или WordPress инсталација. Под дифолт Softaculous го инсталира WordPress во /wp фолдерот, како претпазливост да не биде презапишана веќепостоечка WordPress инсталација на главниот домен. Доколку за прв пат на вашиот домен инсталирате WordPress најверојатно сакате истиот да го инсталирате во root фолдерот на домено, како би можеле посетителите да пристапат до истиот со впишување само на вашиот домен, без наставката /wp. Доколку полето „In Directory“ го оставите пополнето со wp, вашата WordPress страница ќе биде достапна на ime-na-vashiot-domen.mk/wp, но не и на ime-na-vashiot-domen.mk. За да инсталирате WordPress на главниот домен, избришете го wp од полето „In Directory“ и оставете го празно.
    • Полето за избор на верзија е секогаш подесено на најновата верзија достапна преку Softaculous, што е препорачана верзија за инсталација. Ова поле најчесто треба да остане непроменето.
  • Site settings (2 на сликата)
    • Site name – Овде го внесувате името на вашата веб страница
    • Site description – Овде оди описот за вашата веб страница (името и описот можат лесно да се променат и по инсталацијата преку администраторскиот панел на WorsPress)
    • Enable Multisite – Дали да овозможите повеќе WordPress страници управувани преку еден администраторски панел (ова најчесто останува непроменето и исклучено)
    • Disable WordPress cron – Дали да се исклучи Cron системот на WordPress (и ова е препорачливо да остане непроменето и исклучено)
  • Admin Account (3 на сликата) – Ова се деталите со кои ќе се најавувате на администраторскиот панел во иднина, како би можеле да управувате со вашата WordPress страница. (овие детали се важни и е препорачливо да ги запомните или запишете).
    • Admin Username – Поради поголема заштита ова поле е препорачливо да биде променето и admin да се замени со друго корисничко име по ваша желба (дозволени се само латинични карактери)
    • Admin Password – Ова е лозинката за администраторскиот акаунт и треба да биде доволно комплексна како би пружала поголемо ниво на безбедност.
    • Admin Email – Мејл адреса од администраторот.

setiranje-na-wordpress-instalacija

  • Choose Language (4 на сликата) – Избор на јазик. Овде не е ислистан македонскиот јазик, но, истиот е достапен за избор подоцна, преку администраторскиот панел.
  • Select Plugin(s) (5 на сликата) – Избор на плагини кои ќе бидат иницијално инсталирани на вашата WordPress страница. Препорачливо е да го штиклитрате Limit Login Attempts (Loginizer) кој пружа заштита при BruteForce хакерски напади.

setiranje-na-wordpress-instalacija-2

  • Advance options – Овој сегмент оставете го непроменет доколку не сте поискусен корисник.
  • Select Theme (6 на сликата) – Овде можете да изберете тема (изглед) за вашата WordPress страница од понудените од страна на Softaculous, но можете и да го оставите непроменето доколку веќе имате избрано друга тема или сакате да ја користите основната тема на WordPress. Во иднина преку администраторскиот панел возможна е инсталација и управување со теми.
  • Кликнете на „Install“

setiranje-na-wordpress-instalacija-3

По успешно инсталирање на WordPress ќе ви се отвори страницата на која се прикажани двата најважни линкови кога е една WordPress страница во прашање. Тоа се линкот на веб страницата и линкот за најава на администраторскиот панел.

linkovi-za-wordpress-instalacija

Доколку кликнете на линкот за најава на администраторскиот панел или „Administrative URL“, ќе бидете пренасочени кон истиот без потреба да се најавите со деталите за администраторскиот панел кој ги внесовте претходно. Ова е случај само овојпат. Во иднина при пристапување на линкот за админ панелот ќе мора да внесете корисничко име и лозинка.

wordpress-dashboard

Со клик на главниот линк на страницата ќе бидете пренасочени кон почетната страница на вашата WordPress веб страница.

wordpress-homepage

Основните хостинг пакети од Земи.мк можете да ги погленете на следниот линк.

Доколку имате проблем со испраќање на мејл известувања или мејлови од контакт формите на Вашата WordPress веб страница, најверојатно не сте подесиле SMTP автентикација, која е задолжителна на споделените веб хостинг пакети од Земи.мк.

Еден од најдобрите плагини за оваа намена е „WP Mail SMTP“ и токму нему ќе му го посветиме овој пост.

За почеток инсталирајте го плагинот

 

wp-mail-smtp-search

 

… и активирајте го!

 

wp-mail-smtp-activate

 

При активирање ќе ви се отвори „Setup Wizard“ со помош на кој преку едноставен „чекор по чекор“ интерфејс ќе го сетираме плагинот правилно како би ја овозможиле мејл функцијата на нашата веб страница.

Најпрвин од можностите за мејлер изберете „Other SMTP“ и кликнете „Save and Continue“.

 

wp-mail-smtp-choose-mailer

 

На следниот чекор се подесувањата за SMTP серверот на Земи.мк.

  • SMTP Host: mail.vashiot-domen.mk
  • Encryption: SSL
  • SMTP Port: 465
  • Auto TLS: Off

 

wp-mail-smtp-smtp-settings

 

На истиот чекор се и подесувањата за автентикација на SMTP серверот.

  • SMTP Usernamе: vasha-mejl-adresa@domen.mk (Овде внесуваме валидна, претходно креирана мејл адреса. Мејл адреси се креираат преку Mail Accounts алатката на cPanel).
  • SMTP Password: Лозинката која ја внесовте при креирање на вашата мејл адреса.

 

wp-mail-smtp-auth

 

  • From name: Внесете го името на вашата страница или вашето име. Ова е името кое ќе биде испишано во Inbox при праќање мејлови од вашата WordPress веб страница.
  • From mail: Истата мејл адреса од погоре во делот за автентикација.

По пополнување на сите полиња правилно кликнете на „Save and Continue“.

 

wp-mail-smtp-smtp-from-settings

 

Кога ќе ви се отвори 3-тиот чекор кликнете на „Save and Continue“.

 

wp-mail-smtp-features

 

На следниот, 4-ти чекор кликнете „Skip this Step“.

 

wp-mail-smtp-help-improve-plugin

 

На 5-тиот чекор кликнете „Skip this Step“.

 

wp-mail-smtp-license

 

Доколку уредно сте ги пополниле сите чекори, „Setup Wizard“-от ќе ви испише „Congrats, you’ve successfully set up WP Mail SMTP!“. Кликнете „Finish Setup“.

 

wp-mail-smtpfinish

 

Следно, потребно е да ја промените „admin“ мејл адресата. Појдете во Поставувања > Општо (Settings > General). Во полето за „admin“ мејл адреса внесете ја валидната мејл адреса што ја внесовте при сетирање на плагинот во делот за автентикација и кликнете „Зачувај промени“ или „Save Changes“.

По ова на мејл адресата ќе ви пристигне мејл за потврда на промената на админ мејл адресата. При конфирмација промената ќе биде завршена.

 

wordpress-admin-mail