Zemk.mk – Блог

Posts in the Инфо category

Од неодамна, преку сервисот на Земи.мк можете да креирате и мејл адреси, без притоа да има потреба да се најавувате на cPanel или соодветниот веб панел.

Сѐ што треба да направите е да се најавите и да појдете во контролниот панел.

Оттука доколку сакате да ја креирате бесплатната мејл адреса која ја добивте со регистрацијата на .mk домен, за време на „летната промоција“, кликнете на иконата со „запченик“ до саканиот домен.

Потоа ќе ви се отвори страницата за управување со доменот. Дел од страницата е и компонентата за креирање на мејл адреси. Внесете во празното поле како сакате да гласи вашата мејл адреса, доменот е автоматски избран за вас, па кликнете на „Креирај“.

Со ова вашата мејл адреса е креирана. Копирајте ја лозинката која ви е автоматски генерирана и кликнете на линкот „Најави се“, најдесно на истиот ред. По ова ќе бидете редиректирани на страницата каде ќе можете да се најавите на вашата нова мејл адреса.

Кога прв пат ќе се најавите, ќе ви се отвори нова страница, каде што може да пристапите кон вашето поштенско сандаче, да пристапите кон менување на лозинката со кликање на „Password & Security“ или на „Automatically configure my device“ за да ги видите подесувањата за конектирање на вашата мејл адреса на десктоп или мобилен мејл клиент (Outlook, GMail, Apple Mail…).

На барање на корисниците, додадена е можност за секој домен, како .mk така и генерички, да биде доделен „менаџерски“ контакт, лице кое е член на Земи.мк, кое по доделувањето на привилегии ќе може да го управува доменот од сопствениот акаунт.

Ваквата можност ќе им олесни на веб дизајнерите и компаниите кои работат со веб дизајн при управувањето со своите како и домените на своите клиенти. Сега сите домени може да им бидат достапни за управување преку нивниот акаунт на Земи.мк. со што се избегнува досегашната потреба да се најавуваат на посебни акаунти за да вршат промени за домени со различни регистранти.

За да додадете контакт за менаџирање на домен, влезете во Контролниот панел, кликнете Детали за саканиот домен, и веднаш под трите главни контакти е полето за додавање на новиот менаџерски контакт. Сѐ што треба да направите е да ја внесете мејл адресата со која корисникот кому сакате да додадете привилегии за управување се има зачленето на Земи.мк

 

WordPress е бесплатен систем за управување содржини (CMS) кој е open source и е заснован на PHP и MySQL. Како најпопуларна платформа за изработка на Веб страни таа подлежи под голем бој на напади од страна на хакери со цел да ги искористат вашите серверски ресурси за сопствени цели. Повеќето од компромитираните страници со WordPress се користат за испраќање на спам-пораки или за хостирање на содржини за фишинг, правејќи го црниот список на сервери на глобално ниво. Застарените верзии на WordPress се почесто се компромитираат заради познатите слабости / грешки. Ажурирањата на WordPress-от се клучни за безбедноста и стабилноста на страната. Треба да се осигурате дека јадрото, плагините и темата на WordPress-от кој го користите редовно се ажурирани и не се пиратски (Најчеста причина за појава на проблеми поврзани со вируси на WordPress е употребата на кракувани/нулирани теми и плагини). Првиот чекор во заштитата на WordPress е да се ажурира до најновата објавена верзија, редовно да се врши промена на лозинките за најава како и плагините и темите кои не ги користите да бидат избришани.

За да избеднете хакирања и измама со е-пошта, спамирање и вируси следете ги следните правила:
– Надградете ја вашата WordPress (CMS) верзија, теми и плагини до најновата верзија за да ги обезбедите веб-страниците од познати слабости.
– Поставете силна лозинка за административн пристап на веб-страница, сметка за е-пошта и редовно менувајте ја лозинката.
– Не чувајте непотребни датотеки на хостингот.
– Избегнувајте да имате директориум / датотеки со дозвола 0777.
– Скенирајте го вашиот локален компјутер со добар антивирус.
– Во случај на вируси веднаш сменете ја лозинката за е-пошта.
– Не ја зачувувајте лозинката во кој било клиент за пошта или прелистувач.
– Скенирајте ја локалната машина (конфигуриран систем за е-пошта) за какви било малициозен софтвер или вирус.
– Продолжете со ажурирање на оперативниот систем и антивирусната програма со најновите верзии.
– Да смените лозинка за cPanel, FTP, сметка за е-пошта, итн.
– Користете FTP само во момент кога ви е потребен а потоа избришете ги креираните FTP сметки за пристап.

Доколку вашата страна биде хакирана пожелно е истата да биде целосно одстранета и рекреира од почеток со користење на најновата верзија на WordPress, валидна тема и плагини.
Доколку незнаете дали одреден плагин е добар или не прочитајте ги коментарите за истиот или побарајте коментари преку google.com.

Доколку серверот забележи присутство на вирус, хакирање или праќање на спам пораки може автоматски да го суспендира компромитираниот хостинг акаунт како превенција од понатамошни несакани дејствија.

Доколку вашиот хостинг е суспендиран поради вирус за негова повторна активација потребно е да ни пишете на info@zemi.mk.

При промена на сопственост на домен доколку еден од регистрарите (стариот или новиот) е физичко лице потребно е да се изврши увид во лична карта. Доколку лицето не е во можност да дојде во просториите на Земи.мк увидот се прави по пат на Skype повик кој го догавараме заедно.

Пред повикот обезбедете до вас документ за верификација/увид (валидна лична карта или пасош).

За промена на сопственоста на доменот потребно е да пополнете две барања за домен кои можете да ги превземете на следниот линк: https://zemi.mk/file/baranje-za-domen-zemimk.pdf

На првото барање внесете го доменот за кој сакате да направите промена на сопственост (1.). Пополнете го со ваши податоци а во полето “Целосен назив на новиот регистрант” (4.) внесете го име на новиот сопственик. На ова барање обележете “Промена на регистрант на доменот***” (2.), внесете полно име и презиме и потпишете го (3.).

daccf966-25fd-4b23-af2f-51c43023eaa9

На второто барање внесете го доменот за кој сакате да направите промена на сопственост (1.). Пополнете ги сите детали за новиот сопственик “Регистрација на домен ***”(2.), новиот сопственик нека се потпише со полно име и презиме и краток потпис на барањето (3.).

3613085d-e96d-4aeb-b45a-5ea02a28e14c

 

Доколку во регистрантот за кој се пополнува барање (3.) е правно лице задолжително до потписот на управителот ставете и печат од компанијата.

Барањата најпрво скенирајте ги и испратете ни ги по меил да ги провериме. Доколку се уредно пополнати ќе биде потребно да ни ги испратите оригиналите по пошта на адреса:

До

ВОРТЕХС МЕДИА ДОО

ул. 29ти Ноември бр.21

2460

Валандово

Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не на info@zemi.mk.

Електронската пошта не е само еден од најстарите методи за онлајн комуникација, таа и до денес остнува најбараниот канал за електронска комуникација, кој продолжува да се развива. Е-поштата е популарен начин за промоција на вашиот бизнис и најлесна можност вашите клиенти и партнери да се поврзат со вас или едноставно да се разменуваат информации.

Хостинг услугите од Земи.мк нудат можност да создадете е-пошта со вашиот домен. На пример, ако вашиот домен е mojotubavsajt.mk, можете да го креирате мејлот moeimе@mojotubavsajt.mk.

Кои се придобивките од мејл адреса со вашиот домен?

  1. Со таква мејл адреса Вашите клиенти полесно ќе ве пронаоѓаат и ќе можат да се поврзат со Вас во било кое време.
  2. Ќе имате пристап до вашата пошта од секаде, во секое време и од сите уреди.
  3. Покрај преку прелистувачот ќе можете да пристапите до вашата пошта и преку мејл клиент (десктоп или смартфон).
  4. Мејл адреса со Вашиот домен додава на сигурност кај Вашите клиенти и партнери и сите со кои комуницирате преку е-пошта.
  5. Вашата мејл адреса ќе биде препознатлива и лесно ќе се памти.
  6. Имате целосна контрола над вашата мејл услуга.
  7. Имате можност да креирате неограничен број на мејл адреси кои во името ќе го содржат името на вашата веб страница или компанија.

Како да креирате мејл адреса со Вашиот домен?

На почеток најавете се на контролниот панел со деталите за најава кои ви се испратени во мејлот за добредојде. Линкот за најава е vasiotdomen.mk/cpanel.

Откако ќе се најавите од листата со алатки на cPanel изберете ја „Email Accounts“

1

Потоа кликнете на табот „Add Email Account“ и пополнете ги полињата за да креирате нова мејл адреса со Вашиот домен. „Mailbox Quota“ е можноста за ограничување на големината на поштенското сандаче. Внесете колкав простор ќе и доделите на оваа мејл адреса или изберете „Unlimited“ за неограничена големина на сандачето.

ef0edd39f0e51b89c238e0b1a6500b7f

 

Како да ја проверите Вашата пошта преку прелистувачот?

Доколку вашиот домен е mojdomen.mk, појдете на mojdomen.mk/webmail, внесете ја вашата мејл адреса и лозинката која сте ја задале при креирање и пристапете кон вашето поштенско сандаче.

 

Како да ја сетирате вашата мејл адреса на мејл клиент каков што е Microsoft Outlook и други десктоп клиенти, како и мејл апликации за смартфони?

За да ја сетирате вашата мејл адреса на некој мејл клиент потребни ви е Incoming и Outgoing сервери за мејл комуникација. За да ги видите вашите појдете во алатката „Mail Accounts“ во cPanel-от. Оттука за саканата мејл адреса кликнете на „Connect Devices“, потоа кликнете на „Set Up Mail Client“.

67de5b20f1171183d690afacaf53be73

b89f1e654f15f3d32ad3acd2e930460c

Овде може да ги видите вашите IMAP Incoming, како и SMTP Outgoing сервери. Наша препорака е секогаш да го користите IMAP протоколот.

a48512054688cc1cb8cca175e6a84f30

Овластениот .mk домен регистрар и веб хостинг провајдер, Земи.мк, од пред неколку денови ја надогради својата платформа. Покрај стандардните функционалности за обавување на дејноста, Земи.мк доби нова партнерска програма.

Партнерската програма е поделена на три алатки.

  1. Домен маркет.

Домен маркетот е можност за сите веб мастери и трговци со домени да ги постават своите домени на продажба по стандардна или премиум цена. Доколку некој го пребара вшиот домен кој е поставен на продажба, ќе му биде прикажана цената кој вие сте ја внеле, со можност да бидете контактирани за продажба на доменот.

 

  1. Партнерска програма („афилиејт“ програма).

Доколку имате поголем број на домени кои „седат“ неискористени, а бележат посетители, или пак имате портал и ви треба нов канал за заработка овозможете ја партнерската програма за вашиот домен и поставете рекламен банер од Земи.мк или едноставно редиректирајте на уникатниот линк кој ќе ви биде генериран при активирање на програмата. Доколку некој од рефералите од вашиот линк купи услуга од Земи.мк за тоа ќе добиете паричен надомест.

 

  1. Фриленсер.

За сите фриленсери сега е достапен Земи.мк – Фриленсер. Креирајте сопствено портфолио и понудете ги вашите услуги на високо таргетирана група, корисници на услугите на Земи.мк. Профилите се излистуваат на почетната страна на Земи.мк како и при пребарување на домени. Доколку некој има потреба од услугите кои вие ги нудите може да ве контактира преку порака.

Од неодамна, за сите корисници на Андроид паметни телефони достапна е и Земи.мк мобилната апликација. Апликацијата на корисниците им нуди можност на наједноставен начин и во движење да обновуваат услуги со онлајн плаќање, да менуваат именски опслужувачи како и детали за .mk домените. Како дополнителна функционалност на апликацијата е можноста да го вклучите „UP-Time“ роботот за секој домен и да добивате известување доколку вашата страница е недостапна, и други можности. iOS верзијата од апликацијата треба да биде објавена наскоро.

Покрај овие новини, Земи.мк доби и нов модерен дизајн.

Сите промени се во насока да се креира „one-stop“, македонска платформа за веб мастери. Па покрај неодамнешните надоградувања, тимот на Земи.мк најави и дополнителни кои треба да се објавуваат етапно, во периодот кој следува.

Чекор 1 -Инсталирај Winamp

Доколку сеуште не сте го симнале и инсталирале Winamp, направете го тоа.  Winamp е бесплатен.

Клик за превземање на Winamp.

Чекор 2 – Инсталирајте го EdCast плагинот и lame_enc.dll

Превземете го EdCast плагинот за Winamp и инсталирајте го.  Ова е бесплатен додаток за Winamp што ви овозможува онлајн стриминг.

Клик за превземање на EdCast додатокот.

Симнете го LAME MP3 encoding плагинот (lame_enc.dll) и преместете го во вашиот Winamp фолдер.  За превземање, десен клик на линкот подолу и изберете “Save Link As…”, потоа изберете ја следнава локација за зачувување ‘C:\ Program Files (x86) \ Winamp’ па кликнете „Save”.

Десен клик и изберете „Save link as…“ за превземање на lame_enc.dll

Чекор 3 – Стартувајте го Winamp и Edcast DSP плагинот

  • Стартувајте го Winamp
  • Стиснете Ctrl + P (Ctrl и P тастерите заедно) – Ова ќе ви го отвори прозорецот за подесувањата.
  • (1) Кликнете на ‘DSP/Effect’ од колоната лево – можно е да треба да скролнете надолу доколку го нема на листата.
  • (2) Изберете го ‘edcast DSP v3’ по што прозорец насловен како ‘edcast’ ќе се појави на екранот.

edcast-2

Чекор 4 – Подесете го енкодерот

  • (3) Кликнете на ‘Add Encoder’ копчето
  • (4) Десен клик на новиот енкодер што ќе се појави на листата и
  • (5) Изберете ‘Configure’ од менито

edcast-3

 

Во ‘Basic Settings’ делот, подесете го енкодерот.

  • (6) Внесете го bitrate-от – ова мора да е еднакво или помало од битрејтот на пакетот што сте го закупиле од Земи.мк.
  • (7) Внесете samplerate – Внесете 44100 за bitrate еднаков или поголем од 96, или 22050 за bitrate помал од 96.
  • (8) Број на канало – Внесете 2 за bitrate над 48, или 1 за помал од 48.
  • (9) Изберете го ‘MP3 Lame’ енкодерот
  • (10) Изберете ‘Icecast2’ за Icecast сервер, или ‘Shoutcast’ за Shoutcast сервер.
  • (11) Внесете хост кој ви е доделен од Земи.мк.
  • (12) Внесете ја портата која ви е доделена од Земи.мк.
  • (13) Внесете ја лозинката која ви е доделена од Земи.мк (доколку не сте ја промениле).
  • (14) (Icecast2) Внесете mount point – ова најчесто е /stream или можете да ја промените преку Centova Castпанелот.

edcast-4-1

  • Во ‘YP Settings’ табот, внесете ги деталите за станицата.
  • Кликнете „OK“

edcast-5

 

  • НАПОМЕНА: Доколку користите надворешен извор на звук (излез од аудио миксер, CD плеер или сличен уред кој е приклучен на Line-IN од компјутерот) Изберете Line In (1 на сликата подолу) во делот Live Recording.

edcast_streaming_2

 

Чекор 5 – Стартувајте со енкодингот

  • (15) Штиклирсјте го ‘AutoReconnect’ полето
  • (16) Обележете го новиот енкодер, па кликнете на ‘Connect’ копчето
  • Доколку успешно се конектиравте, битрејт вредноста ќе се појави „Transfer Rate“ колоната.

edcast-6-1

 

Забелешки

  • Доколку не успеавте да се конектирате, вратете се на чекор 4 и проверете ги дополнително подесувањата за серверот.

На наше огромно задоволство ви ја претставуваме Андроид апликацијата за управување со услугите од Zemi.mk :).

 

screenshot_2016-11-22-13-27-40 screenshot_2016-11-22-13-27-51

 

Доколку вашите .mk домени се веќе на вистинската платформа, Земи.мк, и поседувате Андроид телефон, топло ви препорачуваме да ја инсталирате апликацијата. Со најава на апликацијата со вашето Земи.мк корисничко име и лозинка, во секој момент добивајте известувања за истекување на валидност на домен или веб хостинг пакет на вашиот смартфон.

Покрај известувањата за истекување на некоја од услугите од Земи.мк го креиравме и „Up-time Роботот“ кој е во функција да проверува дали вашата веб страница е достапна за јавноста или е потребно ваше внимание. Со помош на Up-time роботот, автоматски вршите проверка на секои 5 минути дали страниците се достапни. Истиот можете да го вклучите или исклучите за секој домен поединечно.

Овозможивме и обнова на услуги преку апликацијата со онлајн наплата. Како и промена на детали за домени, како што се технички или административни контакти и именски опслужувачи.

 

screenshot_2016-11-22-13-28-52 splash

 

Преку апликацијата ќе можете да вршите и пребарување за .mk домени со детален WhoIs извештај.

Истата можете да ја превземете од следниов линк. Или побарајте ја на Google Play со клучен збор „Zemi.mk“

Апликацијата е развиена од Vortechs Media ДОО, Валандово.
Развој: Александар Манев
Дизајн: Столе Китановиќ
Веб Сервис: Костадин Стојчев

Обновата на домени во Zemi.mk се врши со платежна картичка или на фактура преку контролниот панел на системот (кликнете овде за влез во контролниот панел).

Потоа од листата на кликнете на линкот „Детали“ за доменот кој сакате да го обновите.

detali

На новоотворената страна кликнете на „Обнови домен“ под датата на валидност на доменот.

obnova

Оттука изберете за колку години ќе го обновите доменот, начин на плаќање и преминете кон делот за наплата.

Постапката е иста за сите домени во .mk зоната (.mk, .com.mk, .org.mk, .net.mk, .inf.mk) како и за .мкд националниот кириличен домен.

Регистрацијата на домени во Zemi.mk се врши во само три едноставни чекори.

Најпрвин најавете се на системот. Доколку немате креирано кориснички налог истиот можете да го направите преку формата за регистрација која се наоѓа овде.

Откако ќе се најавите од менито „Домени“ изберете го подменито „Пребарување“. Овде можете да проверите дали саканиот домен е слободен и достапен за регистрација.

Доколу доменот е слободен ќе пристапите кон страницата на која може да го изберете саканиот домен за регистрација од повеќе понудени можности. Со кликање на копчето „Додади во кошничка и продолжи кон сетирање“ ќе преминете на страницата за подесување на контактите за доменот и именските опслжувачи. Покрај тоа на истата страница можете да изберете и начин на плаќање, помеѓу плати „На фактура“ или „Со платежна картичка“.

Доколку се одлучите да платите на фактура ќе ви биде генерирана профактура, која, ќе ви биде достапна за превземање, а истата ќе ви биде доставена и на мејл адресата со која што се регистриравте на Zemi.mk. Доменот ќе биде регистриран откако ќе се утврди уредна наплата за услугата.

Доколку изберете да платите електронски, со платежна картичка, доменот ќе биде инстантно регистриран и достапен за користење и управување веднаш.

Со кликање на копчето „Продолжи понатаму“ доколку ја избравте опцијата за плаќање на фактура ќе ви биде потврдена нарачката, а профактурата испратена на мејл адресата.

Во спротивно ќе бидете префрлени во кошничката од каде можете да преминете кон плаќање со платежна картичка.

Zemi.mk НЕ чува податоци од вашата платежна картичка. Целиот процес за наплата се одвива преку системот на Уни Банка со која имаме склучено договор за соработка и е задолжена за процесирање на електронското плаќање.