Zemk.mk – Блог

Оваа недела (14.02.2021), за Денот на вљубените, искористете ја промоцијата и регистрирајте .МК домен по цена пониска за 20%, или само 639 денари. Сѐ што треба да направите е при наплата да го внесете кодот за попуст „EdnoSrceImam“.

Кодот за попуст ќе биде активен само на ден 14.02.2021-ва година.

Попустот важи само за онлајн плаќања направени на 14.02.2021 користејќи го кодот за попуст „EdnoSrceImam“.

Оваа празнична сезона, сите нови корисници кои сакаат да станат дел од Земи.мк семејството можат да го сторат тоа по неодоливи празнични цени со 33% попуст.

Од 15-ти декември, до 15-ти јануари 2021-година, основните Линукс веб хостинг пакети и понатаму доаѓаат со бесплатен .мк домен, но сега и со значително пониски цени. И тоа, 999 денари за цела година за Gnome XL пакетот, 1.749 денари за Tauren XL и неверојатни 2.799 денари за мега пакетот Worgen XL, кој доаѓа со неверојатни 50GB NVMe SSD простор.

Оваа понуда важи за домени кои до сега никогаш не биле хостирани во Земи.мк.

 

Од неодамна, преку сервисот на Земи.мк можете да креирате и мејл адреси, без притоа да има потреба да се најавувате на cPanel или соодветниот веб панел.

Сѐ што треба да направите е да се најавите и да појдете во контролниот панел.

Оттука доколку сакате да ја креирате бесплатната мејл адреса која ја добивте со регистрацијата на .mk домен, за време на „летната промоција“, кликнете на иконата со „запченик“ до саканиот домен.

Потоа ќе ви се отвори страницата за управување со доменот. Дел од страницата е и компонентата за креирање на мејл адреси. Внесете во празното поле како сакате да гласи вашата мејл адреса, доменот е автоматски избран за вас, па кликнете на „Креирај“.

Со ова вашата мејл адреса е креирана. Копирајте ја лозинката која ви е автоматски генерирана и кликнете на линкот „Најави се“, најдесно на истиот ред. По ова ќе бидете редиректирани на страницата каде ќе можете да се најавите на вашата нова мејл адреса.

Кога прв пат ќе се најавите, ќе ви се отвори нова страница, каде што може да пристапите кон вашето поштенско сандаче, да пристапите кон менување на лозинката со кликање на „Password & Security“ или на „Automatically configure my device“ за да ги видите подесувањата за конектирање на вашата мејл адреса на десктоп или мобилен мејл клиент (Outlook, GMail, Apple Mail…).

Од денес па во наредниот период, Земи.мк ја почнува летната промоција со вистински изненадувања за своите клиенти.

Од денес, со секој купен Linux хостинг пакет, добивате и гратис .mk домен, чија вредност е 799 денари.

Освен за Worgen пакетот, кој вклучува бесплатен .mk домен и во стандардната понуда, пакетите Gnome и Tauren сега доаѓаат со бесплатна регистрација на .mk домен. Од следната година, домените во овие два пакета, купени во текот на летната промоција, ќе се обновуваат по цена од 549 денари за една година, или актуелната цена во тој момент. Бесплатниот домен со Worgen пакетот останува бесплатен засекогаш, се додека истиот се обновува.

Бесплатно ќе биде регистриран .mk доменот кој ќе биде наведен како примарен за новиот хостинг пакет. Доколку тој домен е веќе регистриран ќе бидете контактирани од Корисничката поддршка.

Покрај бесплатниот домен со секој Linux пакет, со секој купен .mk домен во текот на оваа промоција добивате и една бизнис мејл адреса (пример: [email protected]) со простор од 500MB. Мејл адресата останува бесплатна и по завршувањето на летната промоција, се додека го обновувате доменот купен за време на истата.

Количините се ограничени.

Доколку имате било какви прашања слободно побатајте не на телефонскиот број за корисничка поддршка, или пишете ни на [email protected].

Ваш, Земи.мк.

Акцијата за „Black Friday“ годинава ќе ги намали цените на Linux хостинг пакетите за неверојатни 60%. Акцијата ќе можат да ја искористат корисници кои досега не користеле „Black Friday“ поволности. Додека трае попустот за „Black Friday“ хостинг пакетите кои вообичаено нудат бесплатен .mk домен, доаѓаат без бесплатниот домен.

Покрај попустот за Linux хостинг пакетите, за прв пат во историјата на врвниот .mk домен, цената ја спуштаме на 599 денари, што е пониско и од цената по која ги регистрира МАРнет 🙂

„Black Friday“ промоцијата трае само во петок, 29-ти ноември, 2019-та година.

60-hosting

На барање на корисниците, додадена е можност за секој домен, како .mk така и генерички, да биде доделен „менаџерски“ контакт, лице кое е член на Земи.мк, кое по доделувањето на привилегии ќе може да го управува доменот од сопствениот акаунт.

Ваквата можност ќе им олесни на веб дизајнерите и компаниите кои работат со веб дизајн при управувањето со своите како и домените на своите клиенти. Сега сите домени може да им бидат достапни за управување преку нивниот акаунт на Земи.мк. со што се избегнува досегашната потреба да се најавуваат на посебни акаунти за да вршат промени за домени со различни регистранти.

За да додадете контакт за менаџирање на домен, влезете во Контролниот панел, кликнете Детали за саканиот домен, и веднаш под трите главни контакти е полето за додавање на новиот менаџерски контакт. Сѐ што треба да направите е да ја внесете мејл адресата со која корисникот кому сакате да додадете привилегии за управување се има зачленето на Земи.мк

 

Покрај стандардната понуда на .мк домени, Земи.мк стана регистрар и за генеричките интернационални домени.

Цената како и листата на сите достапни домени за регистрација можете да ја погледнете на следниот линк.

Од најпопуларните ги издвојуваме .com, .net, .org и .co кои можете да ги регистрирате по цена од само 899 денари за цела година.

WordPress е бесплатен систем за управување содржини (CMS) кој е open source и е заснован на PHP и MySQL. Како најпопуларна платформа за изработка на Веб страни таа подлежи под голем бој на напади од страна на хакери со цел да ги искористат вашите серверски ресурси за сопствени цели. Повеќето од компромитираните страници со WordPress се користат за испраќање на спам-пораки или за хостирање на содржини за фишинг, правејќи го црниот список на сервери на глобално ниво. Застарените верзии на WordPress се почесто се компромитираат заради познатите слабости / грешки. Ажурирањата на WordPress-от се клучни за безбедноста и стабилноста на страната. Треба да се осигурате дека јадрото, плагините и темата на WordPress-от кој го користите редовно се ажурирани и не се пиратски (Најчеста причина за појава на проблеми поврзани со вируси на WordPress е употребата на кракувани/нулирани теми и плагини). Првиот чекор во заштитата на WordPress е да се ажурира до најновата објавена верзија, редовно да се врши промена на лозинките за најава како и плагините и темите кои не ги користите да бидат избришани.

За да избеднете хакирања и измама со е-пошта, спамирање и вируси следете ги следните правила:
– Надградете ја вашата WordPress (CMS) верзија, теми и плагини до најновата верзија за да ги обезбедите веб-страниците од познати слабости.
– Поставете силна лозинка за административн пристап на веб-страница, сметка за е-пошта и редовно менувајте ја лозинката.
– Не чувајте непотребни датотеки на хостингот.
– Избегнувајте да имате директориум / датотеки со дозвола 0777.
– Скенирајте го вашиот локален компјутер со добар антивирус.
– Во случај на вируси веднаш сменете ја лозинката за е-пошта.
– Не ја зачувувајте лозинката во кој било клиент за пошта или прелистувач.
– Скенирајте ја локалната машина (конфигуриран систем за е-пошта) за какви било малициозен софтвер или вирус.
– Продолжете со ажурирање на оперативниот систем и антивирусната програма со најновите верзии.
– Да смените лозинка за cPanel, FTP, сметка за е-пошта, итн.
– Користете FTP само во момент кога ви е потребен а потоа избришете ги креираните FTP сметки за пристап.

Доколку вашата страна биде хакирана пожелно е истата да биде целосно одстранета и рекреира од почеток со користење на најновата верзија на WordPress, валидна тема и плагини.
Доколку незнаете дали одреден плагин е добар или не прочитајте ги коментарите за истиот или побарајте коментари преку google.com.

Доколку серверот забележи присутство на вирус, хакирање или праќање на спам пораки може автоматски да го суспендира компромитираниот хостинг акаунт како превенција од понатамошни несакани дејствија.

Доколку вашиот хостинг е суспендиран поради вирус за негова повторна активација потребно е да ни пишете на [email protected].

При промена на сопственост на домен доколку еден од регистрарите (стариот или новиот) е физичко лице потребно е да се изврши увид во лична карта. Доколку лицето не е во можност да дојде во просториите на Земи.мк увидот се прави по пат на Skype повик кој го догавараме заедно.

Пред повикот обезбедете до вас документ за верификација/увид (валидна лична карта или пасош).

За промена на сопственоста на доменот потребно е да пополнете две барања за домен кои можете да ги превземете на следниот линк: https://zemi.mk/file/baranje-za-domen-zemimk.pdf

На првото барање внесете го доменот за кој сакате да направите промена на сопственост (1.). Пополнете го со ваши податоци а во полето “Целосен назив на новиот регистрант” (4.) внесете го име на новиот сопственик. На ова барање обележете “Промена на регистрант на доменот***” (2.), внесете полно име и презиме и потпишете го (3.).

daccf966-25fd-4b23-af2f-51c43023eaa9

На второто барање внесете го доменот за кој сакате да направите промена на сопственост (1.). Пополнете ги сите детали за новиот сопственик “Регистрација на домен ***”(2.), новиот сопственик нека се потпише со полно име и презиме и краток потпис на барањето (3.).

3613085d-e96d-4aeb-b45a-5ea02a28e14c

 

Доколку во регистрантот за кој се пополнува барање (3.) е правно лице задолжително до потписот на управителот ставете и печат од компанијата.

Барањата најпрво скенирајте ги и испратете ни ги по меил да ги провериме. Доколку се уредно пополнати ќе биде потребно да ни ги испратите оригиналите по пошта на адреса:

До

ВОРТЕХС МЕДИА ДОО

ул. 29ти Ноември бр.21

2460

Валандово

Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не на [email protected].

Искористете ја оваа новогодишна промоција од Земи.мк и добијте .mk бесплатен домен со секој купен Linux хостинг пакет.

Доколку веќе имате хостинг пакет во друга хостинг компанија, направете трансфер на податоците на новозакупениот хостинг пакет од Земи.мк и добијте гратис обнова на приматниот .mk домен.

Промоцијата важи само за нови клиенти и трае до моментот на продажба на сите планирани промотивни пакети или најдоцна до 10-ти јануари, 2019-та година.

Количините се ограничени.