Zemk.mk – Блог

Cloud технологијата е органски развој на традиционалната серверска инфраструктура како одговор на сѐ поголемите и софистицирани барања на корисниците и бизнис заедницата која е во постојана потрага по нова, добро организирана и безбедна IT инфраструктура.

Со особено задоволство би сакале да ве имформираме дека во 2022 година целосно ја завршивме трансформацијата на нашата серверска инфраструктура и извршивме речиси целосен трансфер на услугите на Јавна Cloud инфраструктура, што претставуваше и стратешка заложба на нашата компанија.

Па така, вашите веб страници хостирани на споделените (shared) хостинг пакетите од Zemi.mk (со исклучок на МК пакетите) сега во целост ги користат придобивките од Јавната Cloud инфраструктура на едни од водечките светски Cloud провајдери: Linode, OVHCloud и Amazon AWS, а во блиска иднина и Google Cloud, Microsoft Azure и Digital Ocean.

Кои се предностите на Cloud инфраструктурата во однос на традиционалната?

1. Сигурност: Провајдерите на Јавни Cloud услуги поседуваат повеќе дата центри и дополнотелни робустни системи за заштита кои обезбедуваат највисоко ниво на достапност на вашите Веб страници дури и во случај на хардверски дефект. 

Во случај на проблем, вашите Веб страници и останати податоци автоматски ќе бидат префрлени на нови хостинг системи без пречки и даунтајми. На традиционален Веб сервер, неисправен диск може да предизвика слаби перформанси или загуба на податоци. Но, ова не е случај со Cloud провајдерите кои ги користиме.

2. Безбедност: Провајдерите на Јавни Cloud услуги инвестираат многу во безбедносни мерки за заштита на податоците. Тие нудат напредни безбедносни мерки, какви што се енкриптирање и повеќе слоеви на безбедност.

3. Скалибилност: Ова е од особена важност за споделени (shared) хостинг услуги. Можноста брзо, ефикасно и лесно да се изврши алокација на серверски ресурси на минимум го сведува ризикот од пекин на вашите услуги поради преоптовареност на серверите или истиот воопшто не постои.

На почетокот на новата 2023 година, со трансферот и на последните акаунти на Cloud, ќе ви посакаме топло добредојде на Облакот! ☁️

Споделените „Pro“ Веб хостинг пакети од Zemi.mk можете да ги погледнете на следниот линк: https://zemi.mk/hosting.aspx

Оваа празнична сезона во Zemi.mk подготвивме нова „блескава“ промоција за нашите корисници, а следните 30 дена ги посветуваме на еден од нашите херои на Облакот, „XMAS Gnome“. Новогодишниот промотивен пакет од услуги „XMAS Gnome“, како додаток за новорегистрираните .mk домени во Zemi.mk, сега за цена од 799 денари доаѓа со годишна регистрација на .mk домен и дополнително 6 месеци Веб хостинг пакет „Gnome Pro“ со 10GB супер брз SSD простор, во вредност од 999 денари, целосно бесплатно.

„XMAS Gnome“ – регистрација на .mk домен на 1 година и бесплатен Веб хостинг „Gnome Pro“ за период од 6 месеци.

Новорегистрираниот .mk домен се обновува по една година по актуелната цена за обнова на .mk домени, која во моментов изнесува 649 денари. Хостинг пакетот ќе можете да го обновите по 6 месеци по редовната цена од 1.999 денари за период од една година.

При нарачка на „XMAS Gnome“ ќе ви биде креиран бесплатен хостинг пакет за период од 6 месеци, со примарен домен .mk доменот кој го регистриравте при нарачка, без можност за негова промена во следните 6 месеци.

„XMAS Gnome“ промоцијата можат да ја користат нови и веќе постоечки клиенти на Zemi.mk.

Промоцијата „XMAS Gnome“ ќе биде активна од 19.12.2022 до 20.01.2023 година.

Zemi.mk го задржува правото да врши измени на условите и својствата на промоцијата.

Добропознатите херои на облакот, Gnome, Tauren и Worgen од Zemi.mk, овој Black Friday доаѓаат во своето BF издание, со речиси истите перформанси и попуст од неверојатни 80%, во првата година!

Gnome BF / 10GB SSD простор / 1 хостиран домен – 399 денари.

Цената е за првата година, од следната се обновува по цена од 1.999 денари за една година.

Tauren BF / 20GB SSD простор / 3 хостирани домени – 599 денари.

Цената е за првата година, од следната се обновува по цена од 2.999 денари за една година.

Worgen BF / 50GB SSD простор / ∞ хостирани домени – 899 денари.

Цената е за првата година, од следната се обновува по цена од 4.499 денари за една година.

Правила за користење на акцијата:

– Веб хостинг акцијата „Black Friday / 2“ започнува на 25. ноември, во 00.00 часот и е достапна исклучиво за нови корисници и домени кои никогаш не биле хостирани во Земи.мк.

– Акцијата завршува 24 часа од времето на почеток, со можност за продолжување. НАДОПОЛНЕТО: Black Friday 2022 акцијата ќе заврши во понеделник, 28. ноември 2022, во 23.59 часот.

– Доколку се утврди дека веќепостоечки корисник на веб хостинг услугите од Земи.мк закупил пакет по „Black Friday 2022“ акциска цена, пкетот ќе му биде суспендиран, а средствата рефундирани во целост.

– BF пакетите ќе бидат активирани по проверка за подобност на корисникот за користење на акцијата.

– Доколку во иднина на „BF“ пакетите се хостираат домени кои веќе биле хостирани во Земи.мк, или се утврди обид за злоупотреба од веќепостоечки корисници, пакетот ќе биде суспендиран, без можност за рефундирање на средствата.

Повеќе детали за BF пакетите можете да најдете на следниот линк: https://zemi.mk/blackfriday-web-hosting.aspx

Како одговор на фидбекот од корисниците, Zemi.mk го претстави новиот „Mini“ Веб хостинг пакет наменет за компании и корисници кои допрва го стартуваат своето онлајн делување. Новиот пакет доаѓа со речиси истите моќни перформанси како и неговите „Pro“ претходници, но со значително помал простор од 1024MB, по цена од само 999 денари, годишно!

Мини“ може да се користи само со новорегистрирани .mk домени во Земи.мк.

Повеќе детали за новиот Веб хостинг пакет можете да најдете на следниот линк: https://zemi.mk/mini-web-hosting.aspx

Доколку просторот не е доволен за вашите потреби разгледајте ги „Pro“ пакетите со простор од 10 до 50GB на следниот линк: https://zemi.mk/hosting.aspx

Од следната година .mk доменот се обновува засебно по цена од 649 денари или актуелната цена за обнова на .мк домени.

Цената за обнова за .mk домени од 01.07.2022 ќе биде зголемена за 18%, на 649 денари, за една година.

Земи.мк продолжува да биде домен регистрар и Веб хостинг провајдер со најповолни цени и услови во однос на врвниот квалитет на услугите кои го уживаат илјадниците наши корисници, на што, како тим, сме особено горди.

Промената на цената по цели 7 години се должи на зголемените трошоци за испорака на услугите и, одржување и унапредување на квалитетот на истите.

Цената од 649 денари се однесува на обнова на .mk домени за една година. Цените за обнова на повеќе години наскоро ќе бидат објавени на следниот линк: https://zemi.mk/domain.aspx

Земи.мк за своите нови корисници подготви нова промотивна веб хостинг понуда со попуст од 30%, бесплатен .mk домен како и бесплатен SSL сертификат.

Основните „PRO“ пакети од Земи.мк, отсега се достапни по цени почнувајќи од 1.399 денари за „Gnome Pro“ кој вклучува 10GB SSD/NVMe простор, бесплатен .mk домен и SSL сертификат, заштита од „malwares“, неограничен број на мејл адреси, cPanel, CloudLinux, LiteSpeed сервер кој овозможува и до 9 пати побрзи динамички веб страници, какви што се оние изработени во WordPress и многу повеќе.

Најпопуларниот „Tauren Pro“ пакет од Земи.мк содржи се што содржи и неговиот помал брат „Gnome Pro“, но овозможува хостирање на три различни домени/веб страници на двојно повеќе простор од 20GB, како и 2GB достапна RAM меморија. Со вклучениот попуст овој пакет сега чини неверојатни 2.099 денари за цела година.

Секако во промоцијата влезе и најголемиот „Worgen Pro“ веб хостинг пакет, кој доаѓа со неверојатни 50GB SSD/NVMe простор, 2 CPU јадра и 2GB RAM меморија. На „Worgen Pro“ можете да хостирате неограничен број на домени/веб страници по цена од само 3.149 денари, за цела година.

Промоцијата важи исклучиво за нови корисници и домени кои никогаш досега не биле хостирани во Земи.мк.

Со закуп на некој од „Pro“ основните хостинг пакети од Земи.мк ви следува бесплатна регистрација на .mk домен во првата година, кој од следната се обновува по актуелната цена за обнова на .mk домени, или 549 денари за една година.

Промоцијата можете да ја погледнете на следниот линк: https://zemi.mk/hosting.aspx

За да пребарате дали саканиот домен е слободен за регистрација појдете на следниот линк: https://zemi.mk/search.aspx

Споделен или „shared” веб хостинг е услуга за хостирање на веб страници која овозможува поголем број на страници да го користат истиот сервер.

Можеби се прашувате зошто некој би го правел тоа? Одговорот е едноставен: помали трошоци.

Серверот може да биде домаќин на повеќе од една веб страница. Па така, со користење на серверските ресурси од различни корисници трошоците за одржување на серверот значително се намалуваат.

Пред да нурнеме во повеќе детали за споделеното веб хостирање, најпрвин да видиме како всушност функционираат серверите и хостингот.

Како работи еден веб хостинг сервер?

Наједноставно објаснето, секој пат кога ќе внесете URL во вашиот прелистувач, тој бара да го најде серверот на кој бараната веб страница е зачувана или „хостирана“. Откако прелистувачот ќе го лоцира серверот, испраќа HTTP барање до истиот, а како повратна информација добива податоци кои се прикажуваат во вид на веб страница.

Со споделениот веб хостинг, процесот опишан погоре е речиси идентичен. Единствената разлика е во тоа што еден сервер е одговорен за хостирање на податоците за повеќе веб страници.

Замислете го споделениот веб хостинг како воз со повеќе вагони. Вагоните се веб страниците, а самиот воз е серверот.

Иако сте на истиот воз, вашиот превоз се разликува од останатите патници. Она што е заедничко е што ја користите истата локомотива за да стигнете до вашата дестинација, но имате флексибилност и слобода за уникатно патување и искуство.

Споделеното веб хостирање е најекономичната опција меѓу сите решенија за веб хостинг, поради што го претпочитаат и најголем број од корисниците.

За кого е наменет споделениот веб хостинг?

Овој тип на хостинг е идеален за блогови, корпоративни веб страници, информативни веб страници, почетници во развој на веб страници, корисници на WordPress и онлајн продавници кои штотуку почнуваат да го градат своето онлајн присуство. Споделувањето на сервер значи дека вашата веб страница сè уште не е во фаза во која опслужува голем на посетители, не хостира видеа или има потреба од огромен месечен сообраќај.

Кои се придобивките од споделениот хостинг?

Заедничкото хостирање е едно од најпопуларните решенија во понудата на Земи.мк. Секако, за тоа постои и добра причина.

Ајде да видиме некои од придобивките што го прават споделениот веб хостинг омилен меѓу корисниците.

Економично решение.

Никој не сака да инвестира многу пари во градење на својата веб страница, блог или е-продавница. Споделениот вен хостинг ви овозможува да ја добиете хостинг услугата што ви треба за само дел од цената кога би хостирале на дедициран сервер, бидејќи другите корисници истотака придонесуваат за одржување на серверот.

 

Лесен за користење, без потреба од претходно искуство.

Хостирањето на веб страница кога немате претходно искуство може да звучи како тешка задача. Споделениот веб хостинг е креиран за да се поедностави и поставувањето и управувањето со податоците за вашата веб страница.

Откако ќе закупите некој од основните веб пакети од Земи.мк, добивате пристап до вашиот „cPanel“, веб-базиран комтролен панел, кој важи за еден од најинтуитивните и лесни за користење, преку кој ќе можете да управувате со речиси секој аспект од вашето онлајн присуство, од креирање и проверка на вашата деловна мејл адреса, до управување со вашиот .mk домен.

Сега кога веќе закупивте .mk домен и Веб хостинг од Земи.мк, а одлуката за платформа за креирање на вашата Веб страница падна на WordPress (супер избор), доколку не креирате дизајн од почеток, време е да ја изберете и најсоодветната тема за вашата страница. При креирање на листата во предвид беа земени три критериуми: да биде бесплатна, редовно да се надградува и да биде респонсивна, т.е. прилагодлива за работа на секаков уред (мобилен, десктоп, таблет…).

Во минатото веќе пишувавме за тоа како да инсталирате WordPress или тема. За да не се повторуваме, доколку прв пат се среќавате со WordPress кликнете овде, доколку не сте сигурни како да инсталирате тема на WordPress, кликнете овде.

Astra

astra-zemimk-wordpress-theme

Астра, како што и нескромно ја промовира компанијата е најпопуларната тема за WordPress, со повеќе од 1.6 милиони Веб страници кои се „возат“ на неа. Корисниците ја обожаваат поради високото ниво на приспособливост, одличните готови дизајни за почеток, кои се во навистина голем број, а можете да ги инсталирате со само неколку клика и да ги уредувате со бесплатниот Elementor „влечи и спушти“ билдер за WordPress теми, како и фокусот на девелоперите да ја оптимизираат Astra за работа со популарните додатоци или плагини во екосистемот на WordPress.

 

Neve

neve-zemimk-wordpress

Neve е создадена за да и даде на вашата Веб страница свеж, привлечен изглед. Развиена според современите стандарди на WordPress (вклучувајќи ја компатибилноста со Гутенберг и Елементор), Neve е соодветен избор за секој претприемач бидејќи неговиот дизајн е повеќенаменски. Згора на тоа, темата доаѓа со 30+ готови почетни теми.

 

Airi

airi-zemimk-wordpress-theme

Airi е моќна, флексибилна и лесна тема за вашата нова корпоративна веб страница. Одликувајќи се со целосна интеграција на Elementor, оваа повеќенаменска тема е извонреден избор за секаков тип на компании или страници за „фриленсери“. Со модерниот изглед и многу можности за прилагодување, Airi е одлична тема ако сакате да креирате Веб страница од нула, или сакате да употребите некој предефиниран веб темплејт од нејзината огромна колекција, користејќи Elementor. Уште повеќе, темата нуди поддршка за WooCommerce, што го олеснува креирањето на веб продавници базирани на WordPress.

 

OceanWP

oceanwp-zemimk-wordpress-theme

Целосно приспособлива тема, соодветна речиси за секаков вид на намена. Можете да ја користите за блогирање, бизнис, е-трговија, патувања или веб-страници за портфолио со избор на некоја од почетните демо теми. OceanWP има модерен дизајн, со одлични анимации и интерактивни секции. Секоја карактеристика, вклучувајќи ги и ефектите со паралакса, и дава на оваа тема привлечен изглед и нејзино место меѓу најдобрите бесплатни теми на WordPress.

 

Aronia

aronia-wordpress-theme-zemimk

Aronia е бесплатна тема на WordPress со чист и модерен дизајн, соодветен за креирање на веб портфолио, како и деловни веб страници. Темата се состои од 3 демо теми кои се подготвени за употреба и се целосно компатибилни со најпопуларниот билдер за WP теми, Elementor. Со помош на Elementor ќе можете лесно да го прилагодите изгледот на вашата веб страница.

Aronia е компатибилна со неколку корисни плагини, лесно се приспособува и e целосно респонсивна.

 

Во моментот на пишување на оваа објава, а најверојатно и во годините кои доаѓаат WordPress останува на врвот на најкористени платформи за изработка на Веб страници. Епитетот „крал“ на Веб просторот не го добил бадијала. Долга е листата придобивки кои доаѓаат со користењето на овој CMS (Content management system). Еве дел од нив.

 

  • WordPress е бесплатен

WordPress е бесплатен софтвер. Тоа значи дека можете слободно да го преземате, инсталирате, користите и менувате за да одговара на вашите потреби. Можете да го користите за да креирате секаков вид веб страници.

Додека самиот софтвер на WordPress е бесплатен, ви треба домен и веб хостинг за да го инсталирате. За таа намена погледнете ги нашите основни хостинг пакети кои се оптимизирани за WordPress.

Домен е адресата на вашата веб страница на интернет, она што вашите корисници го пишуваат во лентата за адреси на нивниот прелистувач за да пристапат до вашата веб-страница (на пример, zemi.mk).

Веб хостингот е пак простор на сервер кој е достапен 24/7, каде што се чуваат сите фајлови и бази на вашата веб-страница.

 

  • WordPress е лесен за користење

И покрај тоа што е најфлексибилна и најмоќна платформа, WordPress е прилично лесен за користење за почетници.

Доаѓа со едноставна контролна табла со различни опции наведени во страничната лента. Можете лесно да креирате објави и страници, да го менувате изгледот на вашата веб страница, да додавате менија за навигација и многу повеќе.

 

  • WordPress може целосно да се прилагоди на вашите потреби

Најголем дел од корисниците на WordPress не се ниту веб дизајнери, ниту програмери. Всушност, повеќето почнуваат да користат WordPress без никаква претходна техничка подготовка.

WordPress е совршено решение за новајлии бидејќи има илјадници бесплатни теми (готови дизајни за вашата веб страница) од кои можете да изберете. Постои совршена тема на WordPress за речиси секој вид веб страница (без разлика дали е блог, корпоративна страница или продавница).

Темите на WordPress се лесни за приспособување бидејќи многу од нив доаѓаат со сопствен панел со опции што ви овозможуваат да ги менувате боите, да го прикачите вашето лого, да ја менувате позадината, да создавате прекрасни слајдери и вистински да го приспособите на вашите потреби, без воопшто да пишувате код.

 

  • WordPress е безбеден за користење

WordPress е сериозно развиван во поглед на зачувување на безбедноста на вашата веб страница.

Сепак, постојат голем број на плагини кои дополнително можат да ја зголемат безбедноста на страниците изработени во WordPress, како што се WordFence, Securi и други.

Зад WordPress стои силна заедница од илјадници корисници, програмери и мали бизниси. Како заедница, сите тие гарантираат дека WordPress е тука да остане на долги патеки.